1 Пс 103,18 „Го знаеш ли времето, кога дивите кози раѓаат по карпите, и си гледал ли како раѓаат срните?
2Можеш ли да ги преброиш месеците на нивната бременост? И го знаеш ли времето кога раѓаат?
3Тие се превиткуваат, и раѓајќи ги малечките свои, се ослободуваат од болките свои.
4Породот нивни зајакнува, расте во полето, си оди и не се враќа при нив.
511,12; 24,5; 1 Мојс 16,12; Ер 2,24; Ос 8,9Кој го пуштил на слобода дивото магаре и кој му ги разврзал врските негови,
6кому сум му ја одредил пустината за дом и соланите – за живеалиште.
7Тој се потсмева на вревата во градот и не го слуша викањето на терачот,
8си бара храна по горите и се впушта на секое зелено растение.
9Ќе сака ли еднорог да ти служи и ќе ноќева ли во твоите јасли?
10Можеш ли да го врзеш со јаже еднорогот за браздата, и ќе ја браносува ли по тебе нивата?
114 Мојс 23,22; 5 Мојс 33,17; Пс 91,10Ќе се потпреш ли на него, бидејќи силата му е голема и ќе му ја оставиш ли нему твојата работа?
12Ќе му поверуваш ли дека тој ќе ги врати семињата твои и ќе ги донесе на гумното твое?
13Со своите крилја нојот радосно мавта; какви нежни пердуви и какви перја тој има!
14Тој ги остава јајцата свои на земјата и ги топли на песокот,
15и заборава дека нога може да ги скрши или полска ѕверка да ги згази;
16Плач 4,3немилостив е спрема малечките свои, како да не се негови, и не се плаши дека трудот негов ќе биде залуден,
1735,11зашто Бог не му дал мудрост и не го надарил со разум;
18Пс 32,17; 146,10а кога ќе се извиши високо, му се потсмева на коњот и на јавачот негов.
19Ер 4,13; Авак 1,8; Зах 6,2-6Ти ли му даде сила на коњот и ти ли го украси вратот негов со грива?
20Можеш ли да го исплашиш како скакулец? Треперењето на ноздрите негови е ужас;
21ја рови со нога земјата и ѝ се восхитува на силата своја; оди спроти оружје;
22се смее на опасноста и не се плаши и не се отстранува од меч.
23Торба со стрели ѕвечка на грбот негов, болскаат копјето и топузот;
24Зах 6,7од немир и јарост голта земја и не може да стои при трубен звук;
254 Мојс 10,9; 31,6штом ќе засвири трубата, тој вришти и оддалеку ја претчувствува битката, громкиот глас на војводите и викот.
26Ер 8,7Поради твојата мудрост ли лета јастребот и ги насочува крилјата свои кон југ?
27Ер 49,16; Авд 1,4На твојот збор ли се издига орелот и си вие гнездо на високо?
28Тој живее на карпа и ноќева на врв од стрмнината и на непристапни места;
29оттаму ја здогледува храната своја: очите негови гледаат далеку;
30Мт 24,21и малечките негови пијат крв; каде што има труп, таму е и тој.“
Јов одговара31Продолжи Господ и му рече на Јов:
32„Кој се бори со Седржителот, ќе сака ли да поучува? Кој Го напаѓа Бога, нека Му одговори.“
33Му одговори Јов на Господ и рече:
34„Еве, јас сум ништожен, што да Ти одговорам? Раката своја ја ставам на устата моја.
35Еднаш говорев, сега нема да одговарам; говорев дури двапати, но повеќе не.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.