1 Пс 8,3; 19,2.5-7; 136,4-9 Чистото небо е убавина на висините, видот на небото е појава прекрасна!
2Кога сонцето изгрева, изгревајќи објавува: „Колку чудно создание, дело е на Севишниот!“
3На пладне земјата ја вжештува; пред неговиот пек кој ќе издржи?
4Фурната се разгорува жешка да биде, а сонцето ги вжештува планините трипати повеќе, пламен огнен издишува, со зраците свои очи заслепува.
5Голем е Господ, Кој го создал; со Своите зборови одот негов го забрзува.
Месечината6 1 Мојс 1,14-18; Пс 88,37; 104,19 И месечината им служи на сите, време покажува и знак е на векот.
7Според месечината го определуваме празникот; откако полнотата ја достигне, светлината нејзина се намалува.
8Месецот од неа името го добил; во своите промени таа чудно се зголемува.
9Варух 3,34-35Светилник на небеските воинства: свети на небескиот свод.
Ѕвездите10 Ис 40,26; 48,13; Пс 148,6 Сјајот на ѕвездите е убавина на небото, светол украс во висините Господови.
1150,7; Ез 1,28По заповед на Светиот, тие стојат по својот чин, и на стражата своја не се заморуваат.
Чудата на природата12Погледни го виножитото и неговиот Создател прослави Го; прекрасно е тоа во сјајот свој.
13Пс 147,5-6; Јов 37,6Со кругот прекрасен небото го опфаќа; рацете на Севишниот го рашириле.
14Јов 38,22По Божја повелба снегот брзо паѓа, брзо светкаат секавиците на Неговиот суд.
15Така се отвораат ризниците Негови, од нив излегуваат облаци како птици.
16Со силата Своја облаците ги крепи, а од нив се одронува градобиен мраз.
17Авак 3,12; Пс 28,8По Негова волја јужниот ветар дува, од погледот Негов планините се тресат.
18Гласот на Неговиот гром, северната бура и ветрот силен земјата ја тресат.
19Тој сипе снег слично на птици што слетуваат. А паѓањето на снегот е како бранови на скакулци во лет.
20Јов 37,10; 38,29-30Очите се зачудуваат пред прекрасната негова белина, срцето е радосно кога врне.
21Шушлекот како сол на земјата паѓа, а кога ќе замрзне како игли станува.
22Дувнува студен северен ветер, водата во лед се претвора: над водите се шири и со него како со покривач се покрива.
23Пс 88,9; Јов 7,12; 26,12Тој ги голта планините, ги гори пустините, и како оган тревата ја пали.
24Пс 106,23-27Но маглата помага како навремен лек; росата што паѓа – разладува пек.
25Пс 103,25-26Со повелба Своја бездната ја скротува, насекаде острови поставува.
26Ис 44,26Морнарите прикажуваат за опасностите од морето, а ние се чудиме на она што со ушите свои го слушаме;
27зашто таму има чудни и необични творби: разновидни животни и чудовишта морски.
28Пс 95,4; 145,3Преку неговата помош сѐ добро се извршува и преку словото Негово сѐ одржува.
291,8Многу можеме да кажеме, но нема да успееме за Бога сѐ да речеме; со еден збор ќе кажеме: „Бог е сѐ!“
30Од каде ќе земеме сила Него да Го прославиме? Та Тој е поголем од сите Свои дела.
3142,17; Пс 105,2Страшен е Господ и многу е голем, чудесна е силата Негова.
3216,21; Јов 26,14Прославувајќи Го Господа, фалете Го, колку што можете, но и по она Тој ќе биде погоре;
331,9-10; 18,1; 42,17соберете ја колку што можете сета ваша сила кога Го прославувате, но не трудете се, зашто нема да успеете.
34Кој Го видел, па да ни објасни и кој ќе Го прослави, Каков што е?
35Многу има сокриено што е поголемо од ова; ние гледаме само мал дел од Неговите дела.
36Господ сѐ создал, а на побожните мудрост им подарил.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.