Второзаконие 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Да се цени имотот на ближниот

1 2 Мојс 23,4; Мт 7,12 Ако видиш вол од ближниот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај него;

2ако, пак, ближниот твој, не е близу до тебе, или, пак, не го познаваш, при­бери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека тој не ги побара, и то­гаш врати му ги;

3така постапувај со магарето негово, така постапувај со облеката негова, та­ка постапувај со секоја загубена работа на ближниот твој, што тој ќе ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш.

42 Мојс 23,5Ако го видиш магарето на ближни­от твој или волот негов, паднати на патот, не оставај ги, туку крени ги со него заедно.

Разни прописи

5Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господ, твојот Бог.

625,4; 3 Мојс 22,28Ако најдеш на патот птичје гнездо на некое дрво или на земја, со пилци или јајца, и мајката седи над пилињата или на јајцата, не ја земај мајката заедно со малите:

74,40мајката пушти ја, а малите земи ги, за да ти биде добро, и да ти се продол­жат деновите твои.

8Ако градиш нова куќа, направи око­лу покривот нејзин ограда, за да не падне некој од него, та да навлечеш крв на својата куќа.

9Да не сееш во лозјето твое семиња од други видови растенија, за да не се осквернат плодот и семињата, со кои ќе го посееш и плодот на лозјето твое.

10Да не ораш со вол и магаре заедно.

113 Мојс 19,19Да не облекуваш облека, ткаена ме­шано од волна и од лен заедно.

124 Мојс 15,37-41; Мт 23,5Направи си рески на четирите краишта од наметката твоја, со која се наметнуваш.

Спорни случаи во врска со жена

13Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази,

14и ја обвини за порочни дела и пуш­ти лоши зборови за неа, и каже: „Ја зе­дов оваа жена, влегов при неа, и не ја најдов девица“,

15тогаш таткото на девојката и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на девојката кај старешините пред портата;

16и таткото на девојката нека им каже на старешините: „Му ја дадов ќер­ката моја за жена на овој човек, а сега тој ја намрази,

17и ете, ја обвинува за порочни дела, велејќи: ‚не ја најдов ќерката твоја де­вица‘; но еве ги девствените белези на ќерката моја.“ И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град.

18Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат,

1922,29и да го глобат со сто шекели сребро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израилска девица; таа, пак, да си остане негова жена, и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот.

20Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица,

2113,6тогаш нека ја доведат девојката пред вратата на татковата ѝ куќа, и градските мажи нека ја каменуваат до смрт, бидејќи извршила срамно дело во Израил, го осквернила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе.

223 Мојс 20,10; Јн 8,5Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израил.

23Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа,

2413,11тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги пре­тепате со камења до смрт: девојката по­ради тоа што не викала во градот, а ма­жот, поради тоа што ја осквернил свр­шеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе.

25Ако, пак, некој сретне во полето де­војка свршена, па ја силува, да биде по­губен само мажот, кој лежел со неа,

26а на девојката не правете ѝ ништо; кај девојката нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој го нападне ближ­ниот свој и го убие;

27бидејќи тој ја сретнал во полето, а свршената девојка и да викала, немало кој да ја спаси.

281 Мојс 34; 2 Мојс 22,16-17; 2 Цар 13Ако некој сретне девица несвршена, па ја силува, и ги затечат,

2922,19тогаш оној, што лежел со неа, да му даде на таткото од девојката педесет шекели сребро, а таа да биде негова же­на, бидејќи тој ја осрамотил; преку целиот свој живот тој не може да се разведе од неа.

3027,20; 1 Кор 5,1Никој не смее да ја земе жената на таткото свој и да го открива крајот од покривката таткова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help