Псалми 104 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 104Возвеличување на Бога поради Неговите добрини кон Израил

1 9,11; 95,3; Ис 12,4-5 Славете Го Господа; повикувајте го Неговото име; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови.

29,1; 67,4; Дела 2,11Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса.

333,2; 39,16; 69,4Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа.

423,6; 26,8; Ос 5,15Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово.

576,11; 110,4Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и су­довите од устата Негова,

6Ис 45,4вие, семе Авраамово, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови.

7Тој е Господ, Бог наш; Неговите су­дови се по целата земја.

8105,45; 110,5; 5 Мојс 7,9; Мих 7,20; Лк 1,72Тој вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во илјада ро­дови,

91 Мојс 15,7-18; 17,19; 25,3; 2 Мојс 2,24; 3 Мојс 26,42; 5 Мојс 4,31; Мих 7,20; Сир 44,22што му го ветил на Авраам, и заклетвата Своја на Исак;

1046,4; 1 Мојс 28,13-15; 34,12; 49,24и му го поставил тоа како закон на Јаков и како вечен завет на Израил,

11велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам хананската земја во ваше наследство.“

125 Мојс 7,7; 25,5Тогаш тие беа уште малку на број, многу малку, и беа придојдени во неа,

131 Мојс 23,4; Евр 11,13па одеа од народ во народ, од едно царство кон друг народ;

14никому не му дозволуваше Тој да ги угнетува и цареви за нив караше:

151 Цар 24,7; 1 Лет 16,22„Не допирајте се до Моите пома­за­ни, на Моите пророци не правете им зло!“

161 Мојс 41,54; 3 Мојс 26,26; 4 Цар 8,1; Ез 5,16; 13,13; Сир 48,2И пушти глад во таа земја и секој лебен клас го сотре.

171 Мојс 45,5; Дела 7,9Испрати пред нив човек: како роб беше продаден Јосиф.

18Ги стегнаа во окови нозете негови, железо околу вратот негов,

191 Мојс 41,13; Мудр 10,14додека се исполни зборот негов: зборот Господов го потврди.

20Царот прати по него, го одврзаа, кнезот над народите го ослободи.

211 Мојс 41,40-41; 41,5; Мудр 10,14; Дела 7,10Го постави за домаќин над домот свој и управител над сиот имот свој,

22за да ги поучува кнезовите според својата волја и старешините негови да ги учи на мудрост.

23Тогаш дојде Израил во Египет, и Јаков се всели во Хамовата земја.

242 Мојс 1,7; 5 Мојс 26,5Го умножи Бог многу Својот народ и го направи посилен од непријателите негови.

252 Мојс 7,3Се преврте срцето нивно и тие го замразија народот Негов, и почнаа да им пакостат на слугите Негови.

26Го испрати Мојсеј, слугата Свој, и Арон, кого го избра.

2777,43; Ер 32,20Тие ги покажаа меѓу нив Неговите знаци и чудесата Негови во Хамовата земја.

28Испрати темнина и се смрачи, и тие не се спротивставија на зборот Негов.

29Ја претвори водата нивна во крв и ја уништи рибата нивна.

30Се исполни земјата нивна со жаби, дури и собите на царот нивен.

31Тој заповеда: и нападнаа рој муви и мушички по сите нивни предели.

32Наместо дожд, испрати врз нив град, оган што ја гореше земјата нивна,

33и ги уништи лозјата нивни и смок­ви­те нивни, ги сотре сите дрвја во нив­ните предели.

34Рече и нападнаа скакулци и гасеници безброј;

35и ја изедоа сета трева по земјата нивна, ги испојадоа сите плодови на ни­вите нивни.

3677,51; 5 Мојс 21,17И го погуби секое првородено во земјата нивна, првините од сиот нивен труд.

372 Мојс 3,21-22; 11,2-3; 12,34-35; Мудр 10,17Ги изведе Израилците со сребро и злато, и немаше болен во племињата нивни.

382 Мојс 12,33; 14,16Се зарадува Египет поради нивното излегување, бидејќи го беше обзел страв од нив.

3977,14; 2 Мојс 13,21-22; 13,19-20; 4 Мојс 14,14; Неем 9,12Тој им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноќе.

4077,24-29; 2 Мојс 16,4-15; 4 Мојс 11,31.32; Мудр 16,2.20Бараа, и Тој им прати потполошки и со леб небесен ги наситуваше.

4177,15-16; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; Ис 48,21Расцепи камен и потекоа води, по­текоа како река по безводната земја,

422 Мојс 2,24; 5 Мојс 7,8; Мих 7,20; Лк 1,54-55зашто се сети на Својот свет збор кон Авраам, Својот слуга.

43Ис 55,12; Варух 5,9Па го изведе Својот народ со ра­дост, Своите избрани – со веселба,

4477,54-55; 5 Мојс 4,38; 6,10и им даде незнабожечки земји, и та­ка наследија плодови од други народи,

45за да ги чуваат наредбите Негови и да ги исполнуваат законите Негови. Алилуја!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help