1 Царства 31 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Саул умира

1 1 Лет 10,1-12 А Филистејците војуваа против Израилците, и мажите израил­ски избегаа од Филистејците и паднаа победени на планината Гелвуја.

214,49; 1 Лет 8,33Филистејците го стигнаа Саул и си­новите негови; Филистејците ги убија Јонатан, Авинадав и Мелхисуј, Саулови синови.

32 Цар 6,8Битката против Саул стана жестока, и стрели од лакови го погодуваа; тој беше тешко ранет од стрелите.

4Суд 9,54; 2 Цар 1,14; 1 Лет 10,4Тогаш Саул му рече на оруженосецот свој: „Извади го мечот и убиј ме со него да не дојдат оние необрезани и да ме убијат и да не се подигруваат со ме­не.“ Но оруженосецот не сакаше, би­дејќи многу се плашеше. Тогаш Саул го зеде мечот и се фрли врз него.

51 Лет 10,5Оруженосецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре со него.

61 Лет 10,6.13Така умреа во тој ден Саул и трите синови негови и оруженосецот негов, а исто така и сите луѓе негови заедно.

71 Лет 10,7Израилците кои живееја кон долината и од оваа страна на Јордан, откако видоа дека луѓето израилски избегаа и дека Саул умре и синовите негови, ги напуштија градовите свои и избегаа, а Филистејците дојдоа и се населија во нив.

81 Лет 10,8На другиот ден Филистејците дојдоа да ги ограбуваат убиените и го најдоа Саул и тројцата синови што беа паднале на планината Гелвуја.

92 Цар 1,20; 1 Лет 10,9Го свртеа и му ја пресекоа главата, го симнаа од него оружјето и испратија по целата филистејска земја, да го разгласат тоа по идолските светилишта и на народот;

102 Цар 21,9; 1 Лет 10,10и го положија оружјето негово во идолското светилиште на Аштарта, а телото негово го закачија на ѕидините од градот Бет-Шан.

111 Лет 10,11Жителите на Јавеш Галаадски слушнаа за тоа што го направија Филистејците со Саул;

122 Цар 2,5-6; 1 Лет 10,12се кренаа сите силни луѓе, одеа це­ла ноќ, го зедоа телото на Саул и телата на синовите негови од ѕидот во Бет-Шан, дојдоа во Јавеш и таму ги из­гореа;

132 Цар 1,12ги зедоа коските нивни и ги погребаа под омориката во Јавеш, и постеа седум дена.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help