1 10,7 Подобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е благонаклоност, отколку сребро и злато.
213,8; 29,13Богатиот и сиромавиот се среќаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ.
314,16; 27,12Умниот го гледа злото и го избегнува; а безумните одат невнимателно и тоа скапо го плаќаат.
43,16; 21,20Плодови на смиреноста се: стравот Господов, богатството, славата и животот.
55,22; 11,6По патот на подмолниот – трње и стапици: кој ја пази душата своја, ќе бега од нив.
619,18; 29,17Поучи го момчето во почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари.
718,23Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот.
824,16; Гал 6,7Кој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе исчезне.
8а Господ го сака човекот што доброволно дава и ќе го надополни недостигот на делата негови.
914,21; 19,17Милосрдниот ќе биде благословен, зашто им дава на бедните од лебот свој.
9а Кој дава подароци, печали победа и чест и владее со душата на оние што ги добиваат.
1018,6; 26,20Истерај го исмејувачот, и раздорот ќе исчезне, ќе престанат кавгата и навредите.
1114,35; 16,13Оној што љуби чисто срце, и чии зборови се пријатни, и на царот станува пријател.
125,21; 15,3Очите на Господ го чуваат знаењето, а зборовите на престапникот Тој ги разобличува.
1326,13Мрзливиот вели: „Лав има надвор! Насред улица ќе загинам!“
145,3-5; 23,27Устите на блудниците се длабока бездна: на кого Господ ќе се разгневи, тој ќе падне во неа.
14а Пред човек се јавуваат и лоши патишта, а тој не сака да се одврати од нив; а од лошиот и крив пат секој треба да се одврати.
1513,24; 23,13Безумието на детето му е приврзано за срцето, но прачката ќе го отстрани далеку од него.
1628,8.22Кој ограбува сиромав, за да го умножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, – ќе осиромаши.
Разни опомени17 1,1-7 Наклони го увото и слушај ги зборовите на мудрите, и сврти го срцето кон моите зборови,
18зашто ќе се радуваш, ако ги пазиш во срцето свое, и ако ти бидат исто така во устата твоја.
19За да биде твојата надеж во Господ, јас ти го покажувам патот.
20Јас ти напишав триесетина совети и поуки,
21за да те поучам на зборовите вистински и добри, та да ги предаваш на оние што те испраќаат.
2214,31; 21,13; 23,11Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник кај портите, –
23зашто Господ ќе се застапи за нив, и ќе ја истргне душата на грабачите нивни.
2418,7; 29,22Не се дружи со гневлив и не оди со човек жесток,
25за да не се навикнеш на нивните патишта и да не навлечеш стапица на душата своја.
266,1; 17,18; 20,16Не биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за туѓи долгови:
27ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе?
2823,10Не преместувај стари меѓи, кои твоите татковци ги поставиле.
2912,24Си видел ли вешт и искусен човек во својата работа? Тој ќе служи на цареви, нема да остане меѓу простите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.