1 1 Мојс 49,5-7; 1 Лет 4,28-33 Втората ждрепка падна за Симеон, за племето на Симеоновите синови, според родовите нивни; и наследството нивно беше меѓу делот на Јудините синови.
2Во делот нивни беа: Вирсавија, Сева и Молада,
3Хацар-Шуал, Бала и Ецем,
4Елтолад, Бетул и Хорма,
5Циклаг, Бет-Маркавот и Хацар-Суса,
6Бет-Леваот и Шарухен: тринаесет градови со селата нивни;
7Ен-Римон, Етер и Ашан: четири града со селата нивни,
8и сите предградија околу тие градови дури до Ваалат-Беер и Рамат-Негев. Тоа е делот на племето на Симоновите синови, според родовите нивни.
9Ез 48,24Од делот на Јудините синови се оддели наследство за племето на Симоновите синови; бидејќи делот на Јудините синови беше многу голем за нив, затоа Симоновите синови добија наследство меѓу нивниот дел.
Пределите на Завулон10 1 Мојс 49,13; 5 Мојс 33,18-19; Суд 1,30 Третиот дел им се падна на Завулоновите синови, според родовите нивни и границата на нивниот дел се простираше до Сарид;
11границата нивна излегува кон морето и Марала и допира до Дабешет и потокот, што е пред Јокнеам;
12од Сарид оди назад кон исток, каде што изгрева сонцето до границата на Кислот-Тавор; оттука продолжува кон Даверат и излегува кај Јафија;
13оттаму минува на исток кон Гат-Хефер и Ет-Кацин, и оди кон Римон, свртувајќи кон Неа;
14од север границата свртува кон Ханатон и завршува во долината на Јифта-Ел;
15понатаму таа ги опфаќа: Катат, Нахалал, Шимрон, Јидала и Витлеем: дванаесет градови со селата нивни.
16Ез 48,26Тоа е наследството на Завулоновите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни.
Пределот на Исахар17 1 Мојс 49,14-15; 5 Мојс 33,18-19 Четвртата ждрепка падна на Исахар, за Исахаровите синови, според родовите нивни;
18нивната граница беше: Јизреел, Кесулот и Сунем,
19Хафараим, Шион, Анахарат,
20Рабит, Кишјон и Евец,
21Ремет, Ен-Ганим, Ен-Хада и Бет-Пацец;
22границата допира до Тавор, Шахацима и Ветсамис и завршува кај Јордан: шеснаесет градови со селата нивни.
23Тоа е наследството на племето на Исахаровите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни.
Пределот на Асир24 1 Мојс 49,20; 5 Мојс 33,24-25; Суд 1,31-32 Петтата ждрепка падна за племето на Асировите синови, според родовите нивни;
25нивна граница беа: Хелкат, Хали, Бетен и Ахшаф,
26Аламелех, Амад и Мишал; границата се ближи до Кармил откај запад и до Шихор-Ливнат.
27Потоа оди назад на исток кон Бет-Дагон, допира до територијата на Завулон и до долината Јифта-Ел, потоа оди на север (и влегува во пределите на Асата) кон Бет-Емек и Неиел и продолжува кон Кавул,
28Авдон, Рехов, Хамон и Кана, сѐ до големиот Сидон;
29потоа границата се враќа кон пределот на Рама до утврдениот град Тир, свртува кон пределот Хоса и завршува кај морето, во гратчето Ахзив;
30понатаму ги опфаќа: Ако, Афек и Рехов: дваесет и два града со селата нивни.
31Ез 48,2Тоа е делот на племето на Асировите синови, според родовите нивни – градовите со селата нивни.
Пределот на Нефталим32 1 Мојс 49,21; 5 Мојс 33,23; Суд 1,33 Шестата ждрепка се фрли за Нефталим, за синовите Нефталимови, според родовите нивни.
33Границата нивна оди од Хелеф од дабовата гора во Цаананим кон Адами-Некев и Јавнел, дури до Лакум и завршува кај Јордан;
34оттука границата свртува на запад кон Азнот-Тавор и оттаму оди кон Хукок, и допира до Завулон од југ, допира и до Асир, од запад, и до Јуда кај Јордан, откај источната страна.
35Утврдени градови беа: Цидим, Цер, Хамат, Ракат и Кинерет,
36Адама, Рама и Асор,
37Кедес, Едреи и Ен-Асор,
38Јирон, Мигдал-Ел, Хорем, Бет-Анат и Ветсамис: деветнаесет градови со селата нивни.
39Ез 48,3Тоа е наследството на племето на Нефталимовите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни.
Пределот на Дан40 1 Мојс 49,16-17; 5 Мојс 33,22 За племето на Дановите синови, според родовите нивни, се фрли седмата ждрепка.
41Границите на нивниот дел беа: Цора, Ештаол и Ир-Шемеш
42и градовите: Шаалабин, Ајалон и Јитла,
43Елон, Тимната, Екрон,
44Елтеке, Гибетон и Ваалат,
45Јехуд, Бене-Берак и Гат-Римон,
46Ме-Јаркон и Ракон, со областа околу Јафа.
47Суд 1,34; 18,7-16.27; 18,29Но делот на Дановите синови беше мал за нив и тие кренаа војска против Лешем, го презедоа и сите ги убија со сечилото на мечот, го завладеа градот и се населија во него, и Лешем го нарекоа Дан, според името на предокот свој Дан. (Аморејците останаа да живеат во Елом и Саламин, но раката Ефремова ги надви и тие станаа негови поданици).
48Тоа е наследството на племето на Дановите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни. (Дановите синови не ги истребија Аморејците што ги беа притиснале во гората, и тие, на Аморејците не им дозволуваа да слезат во долината, па им го одзедоа нивниот дел).
4924,30; Суд 2,9Откако заврши делбата на земјата, според границите нејзини, синовите Израилеви му дадоа меѓу нив наследство и на Исус, синот Навинов:
50по заповед на Господ му го дадоа градот што го побара: Тимнат-Серах, на Ефремовата Гора; и тој го обнови градот и се всели во него.
51Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар, Исус, синот Навинов, и родоначалниците на племињата им ги разделија на синовите Израилеви, со ждрепка, во Силом, пред Господ, пред влезот во скинијата на собранието. И завршија со поделбата на земјата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.