Левит 23 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За главните Господови празнициСаботата

1 2 Мојс 23,14-19; 34,18-23; 4 Мојс 28–29; 5 Мојс 16,1-17 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2Ез 44,24; Кол 2,16„Кажи им на синовите израилски и објасни им за празниците Господови, во кои треба да се свикуваат свештени собранија. Ова се празниците Мои:

32 Мојс 20,8-11; 4 Мојс 28,26; Евр 4,9-10во шесте денови да работите, а седмиот ден е сабота – ден за одмор, свето собрание; никаква работа да не вршите, тоа е сабота Господова во сите ваши живеалишта.

4А ова се празниците Господови, за свештени собранија, што треба да ги свикувате во нивните определени времиња:

Пасха и Бесквасници

5 2 Мојс 12,1-5; 23,14-17 во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот вечерта е Пасха Господова,

62 Мојс 12,17.19а на петнаесеттиот ден од истиот месец е Господовиот празник Бесквас­ници; седум дена јадете бесквасен леб;

7во првиот ден правете свето соб­рание; не вршете никаква работа;

8а во седумте дена принесувајте Му на Господ жртви огнени, и во седмиот ден пак правете свето собрание; не вршете никаква работа.“

Празник на Првиот сноп

9И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

102 Мојс 34,22; 4 Мојс 15,2.18; 5 Мојс 26,1-3; Рим 11,16„Јави им на синовите израилски и кажи им: кога ќе дојдете во земјата, што ви ја давам, и почнете таму да жнеете жетва, првиот сноп од жетвата ваша донесете го кај свештеникот;

112 Мојс 29,24тој ќе го принесе тој сноп пред Гос­под, за да добиете благонаклоност; на вториот ден од празникот свештеникот ќе го принесе;

122 Мојс 12,5а во оној ден кога го принесувате снопот, принесете Му на Господ и жрт­ва сепаленица – едногодишно јагне без недостаток,

134 Мојс 15,4.6; 28,9а заедно со него и лебен принос – две десетини ефа пченично брашно, измешано со масло како жртва на Гос­под со благопријатен мирис и со него прелив од една четвртина ин вино;

144 Мојс 10,8; Ис.Н. 5,11; 1 Цар 17,17; 25,18; 2 Цар 17,28; Ер 2,3; Рута 2,14никаков нов леб, ниту печени класје, ни сурови зрна не јадете до денот, во кој ќе принесете принос на вашиот Бог: тоа нека ви биде вечна наредба во родо­вите ваши по сите ваши живеа­лишта.

Празник на жетвата

15Избројте од првиот ден по празни­кот, од денот во кој го принесувате снопот како вознесување – седум полни седмици,

16Дела 2,1; 20,16до првиот ден од последната седмица избројте педесет дена, и тогаш принесете Му на Господ нов лебен принос.

17Од своите домови принесувајте два леба за вознесување, кои треба да бидат месени од две десетини ефа пченично брашно со квас, испечени и принесени како првини за Господ.

182 Мојс 29,41; 30,9Заедно со лебовите принесете и седум јагниња без недостаток, едногодишни и од крупниот добиток едно теле и два овна (без недостаток); тоа нека биде жртва сепаленица за Господ, лебен принос, и прелив кон него како жртва за благопријатен мирис пред Господ.

19Принесете исто така од козјите стада еден козел – жртва за грев, и две едногодишни јагниња како жртва за мир (заедно со лебот од првиот плод).

202 Мојс 29,24И свештеникот нека го принесе тоа со лебовите од првото жито, вознесувајќи го пред Господ, заедно со двете јагниња: тоа ќе биде светиња Госпо­до­ва; тоа е за свештеникот што ги принесува.

21И тој ден собирајте го народот и правете свето собрание; никаква работа не вршете во него – тоа нека ви биде вечна заповед за родовите ваши по сите ваши живеалишта.

2219,9-10; 5 Мојс 24,19-21; Рута 2,2.15И кога жнеете жетва на вашата нива, не дожневајте ја нивата своја до крај, и она што ќе падне од твојата жет­ва не собирај го: остави го за сирома­виот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог.“

Празник на трубите

23И му рече Господ на Мојсеј, ве­леј­ќи:

244 Мојс 29,1-6; 4 Цар 11,14; Пс 97,6; 1 Езд 3,1; 2 Лет 13,12„Кажи им на синовите израилски и речи им: во седмиот месец, во првиот ден од месецот, одмарајте, зашто е Празник на трубите; во тој ден правете и свето собрание.

25Никаква работа не вршете во него, и принесувајте Му на Господ жртва.“

Ден на очистувањето

26И пак му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

274 Мојс 29,7-11„И десеттиот ден од седмиот месец, Денот на очистувањето, нека ви биде ден за свето собрание: смирувајте ги душите ваши и принесувајте Му жртва на Господ.

28Никаква работа не вршете во тој ден, зашто тоа е ден за очистување ва­ше, за да се очистите пред лицето на Господ, вашиот Бог.

291 Мојс 17,14; 4 Мојс 5,2; Дела 3,23А секоја душа, што не ќе го почитува тој ден, ќе биде истребена од народот свој.

30И секоја душа што ќе врши каква и да било работа во тој ден, ќе ја истребам од народот нејзин.

31Никаква работа не вршете: тоа ви е вечна наредба и за родовите ваши по си­те ваши живеалишта.

32Неем 13,19Тоа е за вас сабота – ден за починка, па затоа смирете ги душите ваши од вечерта на деветтиот ден од месецот; од едната до другата вечер празнувајте ја вашата сабота.“

Празник на сениците (колибите)

33 2 Мојс 23,14-17 И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

343 Цар 8,2; Агеј 2,1; Јн 7,2„Кажи им на синовите израилски и речи им: во петнаесеттиот ден од ис­тиот месец, седмиот месец, е Празникот на сениците, Господов празник што трае седум дена.

35Во првиот ден правете свето собра­ние, никаква работа не вршете;

36Неем 8,18; 2 Лет 7,9; Јн 7,37седум дена принесувајте Му на Господ жртва; а во осмиот ден правете свето собрание, и тогаш принесувајте Му на Господ жртва; – тоа е оддание на празникот, и никаква работа не вршете.

37Тоа се Господовите празници, во кои треба да свикувате свети собранија, за да Му принесувате на Господ жртви: сепаленици, крвни и бескрвни жртви, како и преливи – секоја во својот ден,

38освен во саботите Господови, освен даровите ваши, заветите ваши, што ќе Му ги давате од благодарност на Господ.

392 Мојс 23,16; Ис 62,9А на петнаесеттиот ден од седмиот месец, кога ги собирате плодовите на земјата, празнувајте празник Господов седум дена: првиот и осмиот ден нека ви бидат за починка.

405 Мојс 12,7; 14,26; 28,47; Ис 44,4; Пс 65,6; 118,27; Неем 8,14-17Во првиот ден земете плодови од убави дрвја, и гранки од палми, и гранки од широколисни дрвја како и од врби, и веселете се пред Господ, вашиот Бог седум дена.

41Празнувајте го овој празник Госпо­дов седум денови во годината: тоа е наредба за вас и за родовите ваши. Во седмиот месец празнувајте го.

42Седум дена престојувајте во колиби: секој Израилец по род треба да престојува во колиба,

43за да знаат поколенијата ваши дека Јас во колиби ги вселив синовите изра­илски, кога ги изведов од египетската земја. Јас сум Господ, вашиот Бог.“

44И Мојсеј им соопшти на синовите израилски за празниците Господови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help