Даниил 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Тројца луѓе во вжарена печка

1 Ис 46,6; Ер 16,20; Авак 2,19 Царот Навуходоносор направи златен идол, висок шеесет лакти, шест лакти широк, и го постави во полето Дура, во областа вавилонска.

2И нареди царот Навуходоносор да се соберат сите локални управители, на­месници, војводи, врховни судии, риз­ни­чари, законодавци, судии и сите обласни управители да дојдат на свеченото от­кривање на идолот што го беше пос­та­вил царот Навуходоносор.

3И се собраа локалните управители, намесниците, воените началници, вр­ховните судии, ризничарите, прав­ни­ци­те, судиите и сите обласни управители за откривање на идолот кој царот На­ву­ходоносор го беше поставил, и застанаа пред идолот што го беше подигнал На­вуходоносор.

45,19; 6,26; 7,14; Ис 66,18; Откр 5,9Тогаш гласникот високо извика: „Ви се објавува вам народи, племиња и јазици –

5Откр 13,12штом ќе го чуете звукот на трубата, од свирката, од цитрата, од харфата и од пеењето, како и од секакви свирки, паднете ничкум и поклонете му се на златниот идол што го постави царот Навуходоносор;

62 Мојс 20,3-5; Јудита 3,8а оној што нема да падне на колена и не се поклони, веднаш ќе биде фрлен во вжарена печка.“

7Затоа, кога го чуја звукот од трубата, од свирката, од харфата и од другите свирки, паднаа на колена сите народи, племиња и јазици и му се поклонија на златниот идол што го беше поставил царот Навуходоносор.

82,10Во тоа исто време дојдоа некои од Халдејците и ги наклеветија Јудејците.

9Тие му рекоа на царот На­ву­хо­до­но­сор: „Царе, жив да си довека!

106,13Ти царе, даде заповед секој човек што ќе го чуе гласот од трубата, свир­ката, цитрата, харфата и од сите свирки да падне на колена и да му се поклони на златниот идол;

11а оној што нема да падне и нема да му се поклони, тој треба да биде фрлен во вжарена печка.

122,49; 6,14Но има луѓе Јудејци што си ги пос­тавил над работите на земјата вавилонска – Седрах, Мисах и Авденаго; тие лу­ѓе не се покорија на твојата заповед, ца­ре, на твоите богови не им служат и на златниот идол што го постави не му се поклонија.“

132,12Тогаш царот Навуходоносор во гнев и јарост заповеда да ги доведат Седрах, Мисах и Авденаго; и ги доведоа тие луѓе пред царот.

14Навуходоносор им рече: „Вие, Сед­рах, Мисах и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте?

154 Цар 18,34-35Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, харфата, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете му се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?“

161,7Одговорија Седрах, Мисах и Ав­де­на­го и му рекоа на царот Навухо­до­но­сор: „Нема потреба да ти одговориме на тоа.

175 Мојс 4,20; Ис 43,2Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нѐ спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нѐ избави.

182 Мојс 20,3-5Ако пак и не се случи тоа, извесно нека ти е, царе, дека нема да им слу­жи­ме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил, нема да му се по­клониме.“

193 Мојс 26,18Тогаш царот Навуходоносор се исполни со јарост и лицето негово се намурти против Седрах, Мисах и Ав­де­наго, па заповеда да запалат печка се­думпати посилна отколку што обично ја угоруваа;

20и им заповеда на најсилните луѓе од војската своја да ги врзат Седрах, Ми­сах и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка.

21Тогаш тие луѓе беа врзани об­ле­че­ни во своите облеки, со капи на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше.

22Бидејќи царската заповед беше строга, и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви лу­ѓето што ги фрлија Седрах, Мисах и Авденаго.

23А тројцата – Седрах, Мисах и Авденаго – паднаа во вжарената печка врзани.

24И одеа меѓу пламенот, славејќи Го Бога и благословувајќи Го Господа.

25Тогаш Азарија стана и почна да се моли, па ја отвори устата своја среде ог­нот и изговори:

265,18.21; 1 Мојс 14,18; Пс 46,2„Да си благословен Господи, Боже на татковците наши, нека е фалено и прославувано името Твое во сите векови.

27Ис 43,2; Пс 90,3-5; Евр 11,33-34Зашто Ти си праведен во сѐ што на­прави со нас и сите Твои дела се вистински, патиштата Твои се прави и су­до­ви­те Твои се вистински.

285 Мојс 31,20; Пс 25,1; 33,7; 83,12; 96,10; Јов 13,15; Дела 5,19Ти изврши вистински суд во сѐ што испрати против нас и против Ерусалим, светиот град на татковците наши, би­деј­ќи по вистина и по суд Ти го испрати сево ова против нас заради гревовите наши.

296,26-27; 1 Езд 6,11Зашто ние згрешивме и постапивме против законот кога отстапивме од Те­бе, и во сѐ згрешивме.

302,49Заповедите Твои не ги слушавме и не ги пазевме и не постапувавме како што ни беше заповедал, за да ни биде добро.

313,4И сѐ што ни испрати и сѐ што на­прави со нас го направи според вистин­ски­от суд –

323,26; Пс 7,4-8па нѐ предаде во рацете на без­бож­ните непријатели, на најомразените от­стапници и на неправеден и најлош цар на земјата.

336,27; Пс 104,27И сега не можеме да ја отвориме ус­тата своја; станавме за срам и потсмев на слугите Твои и на оние кои Те по­чи­туваат.

34Но не предавај нѐ засекогаш заради името Твое и не разрушувај го заветот Свој.

35Не одземај ја од нас милоста Своја заради Авраам, Твојот слуга, заради Исака, твојот слуга, и Израил, светијата Твој,

36на кои си им рекол дека ќе го ум­но­жиш семето нивно како ѕвездите на не­бото и како песокот на морскиот брег.

37Намалени сме, Господи, повеќе од сите народи и сега сме понижени по це­лата земја заради гревовите наши;

38немаме ни кнез, ни пророк, ни во­дач, ни сепаленици, ни жртви, ни приноси, ни темјан, ниту место да Ти принесуваме жртва и да ја најдеме милоста Твоја.

39Но со скрушено срце и со дух сми­рен нека бидеме примени.

40Како при сепаленици на овни и јун­ци, како при илјади угоени јагниња, та­ка да Ти биде благоугодна жртвата на­ша, денес пред Тебе Господи, зашто нема срам за оние што се надеваат на Те­бе.

41И сега ние одиме по Твојот пат од сѐ срце и се боиме и го бараме Твоето лице.

42Не посрамувај нѐ, но направи со нас според Твојата волја и според големата Своја милост;

43Избави нѐ преку силата на чудесата Свои и покажи слава на името Твое, Господи,

44па да се засрамат сите што им прават зло на слугите Твои, да се засрамат со целата своја моќ и силата нивна да се скрши.

45За да познаат дека Ти си Господ Бог, еден и славен по целата вселена.“

46А во тоа време царските слуги што ги беа фрлиле, не престануваа да ја разгоруваат печката со нафта, смола, ко­ноп и дрва,

47па се креваше пламен над печката, висок четириесет и девет лакти,

48и се одделуваше и ги изгоруваше и оние Халдејци што ќе ги досегнеше околу печката.

49Но ангел Господов слезе во печката заедно со Азарија и оние што беа со не­го.

50И го исфрли огнениот пламен од печката и така направи што среде печ­ката се појави како шумлив влажен ве­тар, и огнот воопшто не се допираше до нив и не ги повреди ниту ги возбуди.

51Тогаш тие тројцата, како од една уста, почнаа да пеат во печката, да бла­гословат и да Го прославуваат Бога:

52„Благословен си Ти, Господи, Боже на татковците наши и фален и прос­ла­вуван во векови и благословено е името на Твојата слава, името свето и префа­лено и прославувано во сите векови.

53Благословен си Ти во храмот на Твојата света слава и префален си и прославуван вечно.

54Благословен си Ти, Кој ја гледаш бездната, Кој седиш над херувими и си префален и прославуван во векови.

55Благословен си Ти врз престолот на славата на Твоето царство, префален си и прославуван вечно.

56Благословен си Ти врз основата не­беска, префален си и прославуван во си­те векови.

57Сите дела Господови, благословете Го Господа, пејте и прославувајте Го во веки.

58Ангели Господови, благословете Го Господа, пејте и прославуавјте Го во ве­ки.

59Благословете Го небеса, Господа, пејте и прославувајте Го во веки.

60Благословете Го Господа сите води, што сте повисоки од небесата, пејте и прославувајте Го во веки.

61Благословете Го Господа сите сили Господови, пејте и прославувајте Го Господа во веки.

62Благословете Го Господа сонце и месечино, пејте и прославувајте Го во веки.

63Благословете Го Господа ѕвезди не­бески, пејте и прославувајте Го во веки.

64Благословете Го Господа сите дождови и роси, пејте и прославувајте Го во веки.

65Благословете Го Господа сите вет­рови и прославувајте Го во веки.

66Благословете Го Господа, огну и жару, пејте и прославувајте Го во веки.

67Благословете Го Господа, студе и горештино, пејте и прославувајте Го во веки.

68Благословете Го Господа, росо и иње, пејте и прославувајте Го во веки.

69Благословете Го Господа, ноќи и денови, пејте и прослаувајте Го во веки.

70Благословете го Господа, светлино и темнино, пејте и прославувајте Го во веки.

71Благословете Го Господа, леду и мразе, пејте и прославувајте Го во веки.

72Благословете Го Господа, шушлеку и снегу, пејте и прославувајте Го во ве­ки.

73Благословете Го Господа, молскавици и облаци, пејте и прославувајте Го во веки.

74Да Го благослови Господа Земјата, нека пее и нека Го прославува во веки.

75Благословете Го Господа планини и ридови, пејте и прославувајте Го во ве­ки.

76Благословете Го Господа сите растенија по земјата, пејте и прославувајте Го во веки.

77Благословете Го Господа извори, пејте и прославувајте Го во веки.

78Благословете Го Господа мориња и реки, пејте и прославувајте Го во веки.

79Благословете Го Господа китови и сѐ што се движи по водите, пејте и прославувајте Го во веки.

80Благословете Го Господа сите пти­ци небески, пејте и прославувајте Го во веки.

81Благословете Го Господа ѕверови и сиот добиток, пејте и прославувајте Го во веки.

82Благословете Го Господа синови човечки, пејте и прославувајте Го во ве­ки.

83Благослови Го Господа Израиле, пеј и прославувај Го во веки.

84Благословете Го свештеници Гос­подови, пејте и прославувајте Го во веки.

85Благословете Го Господа слуги Гос­подови, пејте и прославувајте Го во ве­ки.

86Благословете Го Господа духови и души на праведници, пејте и прославувајте Го во веки.

87Благословете Го Господа праведни и смирени по срце, пејте и прославувај­те Го во веки.

88Благословете Го Господа Анание, Азарие и Мисаиле, пејте и прославувај­те Го во веки, бидејќи Тој нѐ извлече од пеколот и нѐ спаси од раката на смртта, нѐ избави од вжарената печка и нѐ спа­си од сред огнот.

89Славете Го Господа зашто Тој е до­бар, милоста му е во веки.

90Благословете Го Бога над боговите сите вие што Го почитувате Господа, пејте и славете Го, зашто милоста Не­гова е вечна.“

91Одеднаш, царот Навуходоносор се стаписа, се крена на нозе и им рече на големците свои: „Нели беа тројца вр­за­ни што ги фрливме во огнот?“ Тие му одговорија на царот: „Навистина така беше, царе!“

92На тоа тој рече: „Еве јас гледам четворица, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и чет­вртиот личи на ангел.“

93Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: „Седраху, Мисаху и Ав­де­наго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете.“ Тогаш Седрах, Мисах и Ав­денаго излегоа од огнот,

94и штом се собраа локалните уп­ра­вители, намесниците, воените началници и советниците на царот, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им беа изгорени, па дури и мирис на из­горено немаше на нив.

95Тогаш Навуходоносор рече: „Нека е благословен Бог на Седрах, Мисах и Авденаго, Кој го испрати Својот ангел и ги избави слугите Свои што се надеваа на Него и не ја послушаа царската заповед, па ги предадоа телата свои на огнот за да не служат и да не се покло­нат на друг бог, освен на својот Бог!

96И еве, јас давам заповед, ако некој од народите, племињата и јазиците из­говори хула против Бога на Седрах, Мисах и Авденаго, да се исече на пар­чиња и куќата да му се претвори во ур­натини, зашто нема друг Бог, Кој може така да избавува.“

97Тогаш царот ги возвиси Седрах, Мисах и Авденаго во земјата вавилон­ска.

Навуходоносор го објавува својот втор сон

98„Царот Навуходоносор до сите на­роди, племиња и јазици што живеат на земјата – мирот да ви се умножи!

99Угодно ми е да ве известам за зна­ците и чудесата кои Севишниот Бог ги изврши над мене.“

100Колку се големи знаците Негови и колку се силни чудесата Негови! Цар­ството Негово е царство вечно, и вла­де­ењето.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help