1Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:
21,1-3„О, да бев како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме чуваше,
3кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина;
41,10; Пс 24,14; Изреки 3,32како што бев во деновите на своите млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој,
5Пс 126,3-5; 128,3кога Седржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене,
65 Мојс 32,13кога нозете мои се бањаа во млеко, кога од карпата за мене маслиново масло течеше,
7кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот, –
83 Мојс 19,32младите пат ми правеа, а старците стануваа и стоеја;
9Мудр 8,10-12кнезовите ги прекинуваа говорите свои и ставаа рака на устата своја;
10гласот на првенците замолкнуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни.
11Уво што ќе ме чуеше, велеше: блазе си ти; око што ќе ме видеше, ме восфалуваше,
1231,16; Ис 11,4-5; Пс 71,12зашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак.
1331,17-18Врз мене доаѓаше благословот на оној што пропаѓаше; на вдовичиното срце му донесував радост.
1419,9; Ис 59,17; Пс 131,9Се облекував во правда, и судот ми беше како наметка и венец.
15Изреки 31,8Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот;
16Изреки 29,7за сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев.
17Ис 11,4На беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото.
18Ис 40,31; Пс 102,5Па си велев: ‚Ќе свршам во гнездото свое, и дните мои ќе бидат многу – како песокот.‘
19Ер 17,8; Пс 1,3Коренот мој беше покрај вода, росата ноќеваше на гранките мои;
201 Мојс 49,24славата моја се подмладуваше, и лакот мој стануваше појак во раката моја.
21Мудр 8,12Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој.
225 Мојс 32,2По моите зборови веќе не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив.
23Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд.
24Изреки 16,15Се случуваше, ќе им се насмевнев, – тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа.
25Кога одев кај нив, седев на чело; и живеев како цар меѓу војници, како утешител на оние што плачат.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
