Јудита 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бунт во Јудеја

1Синовите Израилеви, кои живееја во Јудеја, штом слушнаа за сѐ што направил со народите Олоферн, врхов­ниот заповедник на војската на Навухо­доносор, царот на Асирците, и како ги ограбил и урнал сите нивни свети­лиш­та,

2многу се уплашија од него и тре­пе­реа од страв за Ерусалим и за храмот на својот Господ Бог.

3Ез 38,8; 1 Езд 6,14-22; 2 Мак 13,11; 14,36Не многу одамна се беа вратиле од ропство, неодамна се беше собрал це­лиот јудејски народ и ги беа осветиле осквернетите садови, жртвеникот и до­мот на Господ.

4Затоа испратија гласници во под­ра­ч­јето на Самарија, Кона, Веторон, Вел­мен и Ерихон, во Хова, Есора и долината Салим,

5ги зазедоа сите врвови на високите планини, ги заградија со ѕидови населбите, кои се наоѓаа на нив, и собраа жи­то за храна во случај на војна, бидејќи нивните ниви само што беа ожнеани.

6Тогаш првосвештеникот Јоаким, кој тие денови се наоѓаше во Ерусалим, им напиша на жителите на Ветилуја и на Ветоместем, кој се наоѓа спрема Ездре­лон на предната страна од рамнината, близу до Дотаим, –

7да ги заземат планинските премини, зашто преку нив водеше патот во Јудеја и лесно им беше да му попречат на не­пријателот, зашто клисурата беше тес­на дури и за двајца.

811,14; 15,8; 2 Мак 1,10; 4,44Синовите Израилеви направија како што им заповеда првосвештеникот Јоа­ким и старешините на сиот народ из­ра­илски, кои беа во Ерусалим.

Молитва и покајание

9 2 Лет 20,3 Со голема усрдност повикаа кон Бо­га, сите мажи на Израил и ги понизија своите души пред Бога.

10Јона 3,5-8И тие, и нивните жени, и нивните деца и нивниот добиток; секој придојден и наемник и купениот за сребро си пре­пашаа вреќа околу крстот свој.

11Ест 4,1; 2 Лет 20,18Сите Израилци, и жените нивни и децата, кои живееја во Ерусалим, паднаа ничкум пред храмот, се посипаа со пепел и ги послаа своите вреќишта пред Господ.

12Јоил 2,17Со вреќиште го обвија и жрт­ве­ни­кот и усрдно повикаа кон Богот на Из­раил со еден глас – нивните деца да не ги предаде на колеж и нивните жени во роп­ство, за радост на незнабошците; градовите на нивното наследство да не ги предаде на разурнување и татковината нивна – на уништување, а све­ти­лиш­тата нивни – на осквернување и подбивање.

132 Мојс 2,24-25; 3,7; Пс 101,19; Неем 9,9; 2 Лет 20,3Бог го послуша нивниот глас и се смилува на нив во нивната неволја, заш­то сиот народ постеше многу денови во цела Јудеја и во Ерусалим пред храмот на Господ Седржителот.

142 Мојс 29,38; 4 Мојс 28,3; Јоил 2,17Првосвештеникот Јоаким и свеш­те­ниците стоеја пред Господ и сите Него­ви служители, препашани со вреќиште, Му принесуваа постојани жртви сепале­ници – ветени и доброволни дарови од народот;

15Ис.Н. 7,6; Неем 9,1; 2 Мак 10,25; 14,25нивните кидари на главите беа по­сипани со пепел и викаа со висок глас кон Господ, со милост да го посети це­лиот дом Израилев.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help