Естира Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведКнигата Естира раскажува за една јудејска заедница која успеала да се ослободи од заканите за истребување што се надвиснале над неа. Настаните се случуваат во периодот кога власта на Персијците се протега над територијата на Блискиот Исток, од Индија, па сѐ до Египет. Одреден број угледни Јудејци, чии семејства биле во прогонство во Вавилонија, не биле вратени во своите земји сѐ до падот на вавилонската моќ (во 539 г. пр. Христос). Овие Јудејци често наидувале на непријателство во средината каде што се наоѓале, зашто тие живееле според своите закони и своите обичаи, кои се разликувале од обичаите на другите народи.Опишувајќи ни го конфликтот помеѓу Аман, првиот министер на царот Ксекрс, и Мардохеј, јудејски функционер, книгата Естира ни прикажува една многу драматична ситуација. Начинот на кој Естира, раководена од Мардохеј, станува царица на Персија и успева дури и да ги отстрани опасностите кои се заканувале над нејзиниот народ, покажува дека обидите за уништување на јудеј­скиот народ секогаш биле осудени на неуспех. Овде, точно определениот ден за истребување на Јудејците се претвора во ден на пораз за нивните непријатели. Во спомен на ова среќно избавување на еврејскиот народ е востановен празникот Пурим, прославуван напролет пред празникот Пасха.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help