Сирахова 50 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Великиот свештеник Симон

1Великиот свештеник Симон, син на Онија, за време на својот жи­вот го поправи Божјиот дом, го зац­врс­ти храмот.

2Тој ја стави основата за двојното из­дигнување – на високата ограда околу храмот.

348,17Во негово време се беше намалил водостојот, опкружен со ископ, слично на море.

4Пс 106,20За да го укрепи градот против опсада, тој ги зајакна градските ѕидови.

5Колку величествен стануваше меѓу народот кога излегуваше од зад храмовата завеса!

6Тој беше како ѕвезда Деница сред облаци, како месечина кога е полна;

743,11како сонце што грее над храмот на Севишниот и како виножито што свет­лее меѓу величествени облаци;

8како роза во пролетни дни, како кринови покрај водни извори и како ле­ванонско гранче во летни дни;

9како оган со кадиво во кадилница;

1024,13како искован златен сад, украсен со секакви скапоцени камења;

1145,7-8; 2 Мојс 28,2.40како маслина со плодови и како кипарис извишен до облаци.

122 Мојс 29,17; 3 Мојс 1,8-9; 9,13Кога се облекуваше во великолепни одежди, кога ги ставаше сите украси, качувајќи се кон светиот жртвеник, це­лото светилиште со блесок го исполнуваше.

13И кога ги земаше жртвените делови од рацете на свештениците, стоејќи кај огнот на жртвеникот,

14окружен како со венец од своите браќа свештеници, како леванонски кедрови фиданки и како гранки палмо­ви,

15и сите Аронови синови во сета своја слава со приноси за Господа на рацете пред целиот собир на Израил.

164 Мојс 10,2-10; 2 Лет 29,27Извршувајќи ја на жртвеникот службата, за да го овенча приносот на севишниот Седржител,

17ја пружаше раката своја кон жртвената чаша, истураше во неа гроздов сок, го поливаше подножјето од жртвеникот за благопријатен мирис на Царот Се­вишен.

18Тогаш синовите Аронови трубеа во труби метални и викаа со силен глас за спомен пред Севишниот.

19И тогаш сиот народ ничкум на зем­ја паѓаше, за да се поклони пред својот Господ, Седржителот и Севишен Бог.

203 Мојс 9,22; Пс 133,2А пејачите со своите гласови Го прославуваа; во огромниот храм умилна песна се огласуваше;

21народот на Милостивиот и Се­виш­ниот Господ се молеше додека славо­словието се пееше, и така Божјата служба ја завршуваа.

22Пс 118,124Тогаш, слегуваќи, рацете свои ги подигаше врз целиот собир од синовите Израилски, благословот Господов со устата своја го искажуваше за името Негово да се пофали.

2345,25А народот уште еднаш ничкум па­ѓаше за да го прими благословот на Се­вишниот.

Молитва за благослов

24И денес, благословувајте Го Бога сите, Кој насекаде големи чуда прави, Кој ги продолжува нашите денови уште од утробата и со нас постапува според Својата милост.

2523,16Тој нека ни даде весело срце и во деновите наши мир да ни подари во Из­раил од век до век.

264 Цар 17,24; Ез 35,15Милоста Негова секогаш да биде со нас и навреме да нѐ избави!

Три презрени народи

27Од два народа душата моја се од­вра­ќа, а третиот и не е народ:

2814,20тоа се оние што живеат на планина­та Сеир, Филистејците и глупавиот на­род што живее во Сиким.

29Пс 118,105Оваа мудрост за поука и знаење ја напишав во книга јас, Исус Сираховиот син, од Ерусалим, кој ја изли мудроста на своето срце.

30Блазе му на оној којшто ќе размислува за овие поуки; кој ќе ги стави во своето срце, тој мудар ќе биде,

31а кој ги извршува – ќе успее во сѐ, зашто Господовата светлина е неговиот пат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help