Псалми 117 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 117Праведните се радуваат на победата

1 99,5; 105,1; 135,1-2 Славете Го Господа, зашто Тој е до­бар, зашто милоста Негова е вечна.

2113,17-19; 134,19-20; 136; Лк 1,50Нека каже сега домот Израилев, де­ка е Тој добар, дека милоста Негова е вечна.

3Нека рече сега домот Аронов, дека е Тој добар, дека милоста Негова е вечна.

4Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господ: дека е Тој добар, дека милос­та Негова е вечна.

54,1; 17,6.19; 119,1Кога бев на мака, Го повикав Гос­по­да и Тој ме услиши и на ширина ме из­веде.

626,1; 55,4.11; Ис 50,7; 50,11; Рим 8,31; Евр 13,6Господ е мој помошник, нема да се плашам: што може да ми направи човек?

753,5; 111,8Господ ми е помошник: и јас побе­до­носно ќе гледам на непријателите мои.

8145,3Подобро е да се надевам во Господ, отколку да се надевам во човек.

9Подобро е да се надеваш во Господ, отколку да се надеваш во кнезови.

1021,12; 5 Мојс 1,44Сите народи ме опколија, но со име­то Господово јас ги разбив;

11ме опседнаа, ме обиколија, но со името Господово јас ги победив.

12Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се противста­вив.

13Ме турнаа силно за да паднам, но Господ ми помогна.

142 Мојс 15,2; Ис 12,2Господ е крепост моја и сила; Тој стана мое спасение.

1597,1; 137,7; 2 Мојс 15,6Глас на радост и на спасение се слу­ша во домовите на праведните; десницата на Господ дава сила!

16Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова дава сила.

17Ис 38,19; Ер 30,11; 2 Кор 6,9Нема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата Господови.

18Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде.

1923,7-10; Ис 26,2; Јудита 13,13Отворете ми ја вратата на правдата: ќе влезам во неа, ќе го прославувам Господ.

20Ис 1,26; 25,2; Откр 22,14Ете, тоа е вратата Господова, пра­ведните влегуваат низ неа;

21ќе Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое.

22Ис 28,16; Зах 3,9; 4,6; Мт 21,42; Мк 12,10-11; Лк 20,17; Дела 4,11; 1 Кор 3,11; Ефес 2,20; 1 Птр 2,7Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник.

23Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши.

24Ова е денот што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.

25Неем 1,11О, Господи, спаси! О, Господи, по­брзај!

26128,8; 133,3; Мт 21,9; 22,39; Мк 11,10; Лк 13,35; 18,37; Јн 12,13Нека е благословен оној, кој оди во името на Господ! Ве благословуваме од домот Господов.

2717,28; 3 Мојс 23,40; Ис 60,1; Неем 8,15; 2 Мак 10,7Бог е Господ и Тој нѐ осветлува; об­разувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот.

2898,5; Ис 25,1Бог мој си Ти и Тебе ќе Те славам; Бог мој си Ти и Тебе ќе Те превознесувам.

29Славете Го Господа, зашто Тој е до­бар, зашто милоста Му е вечна.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help