Сирахова 36 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Молитва за Божјиот народ

1 Ер 10,25; Пс 78,6 Смилувај се, Господи, Боже на сите, и милостиво погледај на нас,

2на сите народи испрати им го стра­вот Твој.

3Подигни ја Твојата силна рака против туѓите народи, за да ја познаат твојата моќ.

4Ез 28,22; 38,23Како што ја покажа пред нив светос­та Своја во нас, така и сега покажи го пред нас Своето величие во нив,

55 Мојс 32,39; 3 Цар 8,43; Ис 45,14; 1 Лет 17,20па нека познаат, како што познаваме ние, дека нема друг Бог освен Тебе, Гос­поди;

6Пс 78,6обнови ги знаменијата, повтори ги чудата;

7прослави ја раката Твоја и десницата Твоја, лутината издигни ја и излиј го гне­вот Твој,

8собори го противникот и уништи го непријателот.

9Побрзај го времето и за клетвата спомни си, нека се слават Твоите големи дела.

10Со жесток оган нека бидат из­го­ре­ни оние коишто преживеале, мачи­те­ли­те на народот Твој во пропаст нека појдат.

11Ис 48,8-10; Соф 2,15Скрши им ги главите на туѓинските главатари, коишто велат: „Никој нема освен нас!“

12Ер 3,18; Ос 1,10Собери ги сите племиња Јаковови и направи ги наследство Твое, како што било на почетокот.

135 Мојс 7,6; 28,10; Ер 31,9Смилувај се, Господи, на народот именуван според името Твое, и Израил, кој првенец го нарече.

142 Мојс 15,17; 2 Цар 5,9; Пс 131,14; Мт 4,5Смилувај се над градот на Твојата светиња, над Ерусалим – место на спо­којот Твој.

15Исполни го Сион со похвалите на Твоето ветување, а со славата Твоја – народот Твој.

16Сведоштво дај им на оние, коишто од почетокот беа наследство Твое и ис­полни ги пророштвата, објавени во Твое име.

172,8; 11,22Награди ги оние што се надеваат на Тебе и Твоите пророци да влеваат верба.

184 Мојс 6,22-27Господи, послушај ја молитвата на Твоите слуги спрема благословот на Арон, за народот Твој.

191 Мојс 21,33; Тов 13,1; 1 Тим 1,17Та сите што живеат на земјата да познаат дека си Ти Господ, вечниот Бог.

Препознавање на подоброто

20Стомакот прима секаква хрна, но едно јадење повкусно е од друго.

21Јов 12,11Непцето распознава јадења од ди­веч; а разумното срце – зборови лаж­ли­ви.

22Лукаво срце болки задава, но искусниот знае како да му возврати.

Избирање на жена

23Жена прима секаков маж, но има девојка подобра од друга.

24Убавината на жената го весели ли­цето на човекот; и тоа најмногу го сака мажот.

25Изреки 15,4Ако јазикот нејзин има нежност и кротост, мажот ѝ не е како другите лу­ѓе.

261 Мојс 2,18Кој се здобил со жена, тој почнува да создава имот: таа му е помошник и потпорен столб во спокојството.

27Ис 5,5Каде нема ограда – се разграбува имотот; кој жена нема – талка и воздив­нува,

28кој ќе му верува на вешт разбојник што талка од град во град?

29Така е и со човекот кој постојано живеалиште нема, а ноќева таму каде што се најде.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help