Исаија 21 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророкување за пропаста на Вавилон, Едом и Арабија

1 30,6; 5 Мојс 1,19; Ер 2,6; 4,11; Ос 13,15; Јов 1,19 Пророштво за крајморската пустина. – Како што бурите навалуваат од Негев, така доаѓа тоа од пустината, од страшната земја.

2Ер 25,25; Откр 17,3Страшна глетка ми беше покажана: грабач граби, пустошник опустошува; оди Еламе, опсадувај Мидијо: на сите воздишки ќе им ставам крај.

313,8; 16,11; Ер 30,6; Мих 4,9; Пс 37,7Од тоа бедрата ми треперат; маки ме обзедоа, како маки на родилка. За­глушен сум од тоа што слушам; вознемирен сум од ова што го гледам.

4Срцето ми трепери: морници ме об­земаат; радосната моја ноќ стана ужас за мене.

5Авак 2,1; Дан 5,1-4.30Готват трпеза, постилаат покривки, јадат, пијат. „Станувајте, кнезови, на­мачкајте ги штитовите!“

64 Цар 9,17; Авак 2,1Зашто вака ми рече Господ: „Оди, постави стражар; нека го јавува тој она што го гледа.“

728,23И виде тој дека доаѓаат по двајца ја­вачи на коњи, јавачи на магариња, ја­ва­чи на камили; и претпазливо тој слуша­ше со големо внимание, –

8и почна да вика тој како лав: гос­по­да­ре мој, стоев на стража цел ден и на местото свое останував по цели но­ќи:

9Ер 50,2; 51,8; Откр 14,8; 18,2и ете, доаѓаат луѓе, јавачи на коњи по двајца. Потоа извика и рече: падна, падна Вавилон, и сите идоли на бого­вите негови лежат скршени на земјата.

1041,15; Ер 51,33; Мих 4,13О, овршено жито на гумното мое! Она што го чув од Господ Саваот, Израилевиот Бог, тоа и ви го соопштив.

До кога?

11Пророштво за Едом. – Ми викаат од Сеир: „Стражару, кое време е во ноќта? Пазачу, кое време е ноќва?“

12Ез 33,2.6; Пс 129,6; Рим 13,12Чуварот рече: „Наближува утрото, но и ноќта. Ако упорно прашувате – прашувајте; вратете се и дојдете.

131 Мојс 10,7; 25,3; Ер 49,8; Ез 25,13Пророштво за Арабија. – Во гората арабиска ноќевајте, каравани дедански.

14Жители на темајската земја, носете вода да ги пречекате жедните; со леб пречекајте ги бегалците;

15зашто тие бегаат од мечот, од гол меч, од затегнат лак и од жестокоста на војната.“

1616,14; Ез 27,21Зашто вака ми рече Господ: „Уште една година, еднаква на наемничката година, – и сета слава на Кедар ќе ис­чез­не,

17Ер 49,28кај храбрите синови на Кедар ќе ос­танат мал број стрелци,“ така вели Гос­под, Бог Израилев.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help