Сирахова 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Мрзливецот

1 Изреки 6,6; Проп 4,5 На извалкан камен прилега мрзливиот и секој го презира него­во­то бесчестие.

2Ез 4,12Мрзливиот е сличен на воловска ле­пешка; секој што ќе ја подигне, раката ја истресува.

За лошите деца

3 Изреки 17,21; 19,26 Лошиот син на таткото е срам, а ло­шата ќерка за понижување се раѓа.

436,24Разумната ќерка лесно ќе се мажи, а бесрамната е жалост на родителот свој.

5Изреки 12,4Нечесната го срамоти и таткото и мажот; обајцата ја презираат.

630,1Несоодветните зборови се како му­зика во денови на жалост; казната и по­уката секогаш се на мудроста.

За глупавоста нема лек

7Да поучуваш неразумен е исто што и скршено грне да лепиш или да будиш длабоко заспан човек.

8На глупав да му објаснуваш, исто е што и на задреман човек да му рас­ка­жуваш, кој на крајот ќе те праша: „Што беше тоа!?“

921,14Плачи над умрен, зашто светлината за него исчезнала, а плачи и над глупав, зашто разумот го напуштил.

10Но помалку плачи за умрениот, зашто тој се успокоил; лошиот живот на глупавиот – полош е и од смртта.

1138,16За умрениот се жали седум дни, а за неразумниот и безбожниот се жали до­дека се живи.

121 Мојс 50,10; Јудита 16,24Со безумник многу не зборувај и кај неразумен не оди;

13Изреки 26,4чувај се од него, за да немаш непријатности и да не се извалкаш од допирот со него.

1421,16Бегај од него – за да имаш спокој, да не те огорчи со безумието негово.

15Изреки 27,3Што е потешко од оловото и како му е името – ако не глупак?

16Полесно е да носиш песок и сол или парче железо, отколку човек неразумен.

17Како што цврсто врзаните греди ја пазат куќата при тресење од уривање, така и срцето утврдено врз зрели раз­мислувања – не се плаши од никаков страв.

18Срцето утврдено на разумно раз­мислување е како украс врежан на ѕид.

19Како што потпирка ставена високо не устојува против ветар,

20така плашливото срце, при глупаво размислување, не ќе устои против стра­вот.

Во одбрана на пријателството

21 19,13-17 Кој удира око, предизвикува солзи, а кој го удира срцето, чувство на болка предизвикува.

22Изреки 11,13; 20,19; 25,9Кој фрла камен на птици – ќе ги из­брка, а кој пријател навредува, пријателство расипува.

236,8-10; Лк 6,33-35Ако си извадил и меч против прија­телот, не плаши се, измирувањето е можно.

2427,15; 28,11Ако си отворил уста против пријател, не плаши се, измирувањето е мож­но.

256,12Само хулата, гордоста, откривањето тајни и подмолен удар го одвраќаат секој пријател.

26Кај ближниот свој придобивај до­вер­ба додека е сиромав, за да се радуваш заедно со него кога ќе стане богат.

2728,25; Пс 140,3Остани со него кога е во неволја, за да го делиш наследството со него.

28Како што пред пламенот во печ­ка­та се јавува пара и дим, така и пред кр­вопролевање се појавува кавга.

29Не се срамувам пријател да бранам, од лицето негово нема да се кријам.

30Ако, пак, ме снајде зло од него, се­кој што ќе чуе, ќе се пази од него.

Молитва за владеење со себе

31Кој ќе ми даде стража за устата моја и печат на разумот врз усните мои, та да не паднам поради нив и јазикот мој да не ме погуби.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help