1 4 Мојс 1,6; 2,12 Во тие денови сето тоа го слушна Јудита, ќерката на Мерариј, синот на Окс, син на Јосиф, син на Озиил, син на Елкија, син на Ананија, син на Гидеон, син на Рафаин, син на Ахитов, син на Илија, син на Хелкија, син на Елијав, син на Натанаил, син на Саламиил, син на Сарасадај, син на Израил.
2Нејзиниот маж Манасија, од истото племе и од истиот род, умре кога се жнееше јачменот.
34 Цар 4,18-20Тој беше на нивата заедно со оние што врзуваа снопови, поради што го удри сончаница, па легна на постела и умре во градот свој Ветилуја; го погребаа кај неговите предци, на нивата што се наоѓа на половина пат меѓу Дотаим и Валамон.
4Оттогаш Јудита живееше како вдовица три години и четири месеци.
53 Цар 21,27; 4 Цар 6,30Таа си направи шатор на покривот од куќата, си запаша вреќиште околу половината и носеше вдовичка облека.
6Како вдовица постеше во сите денови, освен во деновите спроти сабота и во саботите, во деновите пред новомесечијата и во празниците и прославите на Израилевиот дом.
7Ест 2,7Беше лична и привлечна; мажот ѝ беше оставил злато и сребро, слуги и слугинки, добиток и ниви. Со сето тоа таа управуваше.
8Никој не ја прекори за никакво лошо дело, зашто имаше голема страхопочит кон Бога.
Јудита и старешините9Таа слушна за лошите зборови на народот против водачот на народот, кој очајуваше поради недостигот на вода; ги слушна и зборовите што ги кажа Озија, кога се заколнал дека по пет дена ќе им го предаде градот на Асирците.
10Таа ја испрати слугинката, која раководеше со целиот нејзин имот, да ги повика Озија, Хавриј и Харми.
117,28-31Кога дојдоа кај неа, таа им рече: „Послушајте ме, старешини на жителите на Ветилуја! Не ви се добри зборовите што денес му ги кажавте на народот. Во говорот ваш се заколнавте пред Бога дека ќе им го предадете градот на нашите непријатели, ако во спомнатите денови Господ не ни помогне.
12Кои сте вие што денес Го проверувате Бога и се поставувате место Бога меѓу синовите човечки?
132 Мојс 17,2; Пс 94,9Ете, вие Го испрашувате Господ Седржителот, но никогаш ништо нема да разберете.
14Ис 40,13; Мих 4,12; Пс 138,17; Јов 42,2-3; Рим 11,33-34; 1 Кор 2,11.16Ако не можете да ја дознаете длабочината на човечкото срце, ако не можете да ја сфатите човечката мисла, како ќе Го разберете Бога, Кој создал сѐ, како ќе ги сфатите Неговиот ум и Неговите мисли? Не, браќа, не прогневувајте Го Господа, нашиот Бог.
15Дан 3,17-18Зашто, ако не сака да ни помогне во тие пет дена, Тој има власт и сила да нѐ заштити или уништи, пред очите на нашите непријатели, во деновите кога Тој ќе посака.
165 Мојс 23,18Затоа не барајте одлуки од Господ нашиот Бог, зашто Бог не е човек за да може да Му се заканувате, ниту е син човечки за да можете да Му заповедате.
172 Цар 15,25; 1 Мак 3,60Затоа, чекајќи од Него спасение да Го повикаме на помош; Тој ќе го чуе и ќе го послуша нашиот глас, ако тоа што го бараме Му биде мило Нему.
18Пс 43,17-20Зашто во нашите родови немало, а и во денешно време нема кај нас ни колено, ни племе, ни народ, ни град, кои им се поклонуваат на ракотворени богови, како што било некогаш.
19Пс 77,58-62Затоа нашите татковци биле предавани на меч, биле ограбувани и доживеале големи порази од своите непријатели.
202 Мојс 20,3-6Но ние не знаеме друг Бог освен Него; затоа се надеваме дека нема да нѐ презре ни нас ниту некого од нашиот народ.
21Зашто, ако бидеме победени, со тоа ќе падне и цела Јудеја; светостите наши ќе бидат разграбани; Тој ќе побара сметка од нас за осквернувањата од нашите усти.
223 Цар 9,7И убивањето на нашите браќа, и поробувањето на земјата и опустошувањето на нашето наследство ќе го сврти врз нашата глава меѓу народите, кои ќе владеат над нас и ќе бидеме соблазнување и срам пред оние што ќе нѐ победат,
23зашто ропството наше не ќе ни послужи за чест, туку Господ, нашиот Бог, ќе го претвори во бесчестие.
24И така, браќа, да им покажеме на нашите браќа дека од нас зависи нивниот живот и дека врз нас се крепат светилиштето и домот на Господ.
255 Мојс 8,2За сето ова да Му благодариме на Господ, нашиот Бог што нѐ проверува, како што ги проверувал нашите татковци.
261 Мојс 22; 25,20Спомнете си што правеше Бог со Авраам, како го проверуваше Исак, што му се случи на Јаков во Месопотамија Сириска кога ги пасеше овците на својот вујко Лаван;
27Пс 16,3; 26,2; Изреки 3,11-12; Откр 3,19како што ги искушуваше не за да ги мачи нивните срца, така постапува и со нас: за да се поправиме, а не за да ни се одмазди, зашто Бог ги проверува оние што Му се блиски.“
28Јов 29,22Озија ѝ одговори и рече: „Сѐ што рече, го рече со благородно срце; никој нема да им се противстави на твоите зборови;
29Изреки 20,11твојата мудрост не е позната само од денес, а уште од почетокот на твоите денови нашиот народ ја знае твојата умност и благородството на твоето срце!
30Но народот се измачува од жед и тоа нѐ принуди, така да постапиме: да се заколнеме дека ќе направиме како што рековме.
311 Цар 12,19; 4 Цар 19,4Ти си побожна жена, помоли Му се сега на Господ за нас: и Тој ќе испрати дожд, ќе ги наполни нашите резервоари за да не изгинеме од жед.“
325 Мојс 4,9; Суд 4,9; Пс 77,4; Мт 26,13Јудита одговори и рече: „Слушајте ме, ќе направам нешто, за кое ќе се говори од поколение во поколение меѓу нашиот народ.
33Застанете оваа ноќ пред градската порта. Јас ќе излезам со мојата слугинка и во деновите, по кои решивте да им го предадете градот на нашите непријатели, Господ ќе го спаси Израил преку мојата рака.
34Но не прашувајте ме што сум наумила да правам, сѐ додека не го направам.“
355 Мојс 32,43; 1 Цар 1,17; Мк 5,34; Лк 7,50А Озија и народните старешини ѝ рекоа: „Оди со мир и Господ нека биде со тебе за да можеш да им се одмаздиш на нашите непријатели!“
36Излегоа од нејзиниот шатор и се вратија на своите места.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.