2 Коринтјаните 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Павле и лажните апостоли

1Ех, да бевте потрпеле малку од моето безумие! Да, потрпете ме!

25 Мојс 4,24; Ос 1,2; Ефес 5,27; Откр 21,2-9Зашто за вас сум љубоморен со Бож­ја љубомора; зашто ве свршив за еден маж, за да ве претставам пред Христос како чиста девица.

31 Мојс 3,4-13; 1 Тим 2,14Но се плашам, како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, да не се одвратат вашите мисли поради вашата искреност кон Христос.

4Гал 1,6-9Зашто, ако некој дојдеше да про­по­веда друг Исус, кого ние не сме го проповедале; или, ако добиевте друг дух, кого не сте го добиле, или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие добро ќе го поднесевте.

512,11Но јас мислам дека во ништо не сум помал од надапостолите.

610,10; Дела 18,3; 1 Кор 2,1-5; 9,12Иако сум прост во говорот, во зна­­ењето не сум. А насекаде и по сѐ сме ви добро познати.

7Дела 18,3; 1 Кор 9,18Направив ли грев што, понизувајќи се себе за да ве издигнам вас, бесплатно ви Го проповедам Евангелието Божјо?

88,1-2; Фил 4,10-15Други цркви оштетив, добивајќи од нив издршка, да ви служам вам, и додека бев кај вас, иако бев со скудност, ни­кому не дотежнав,

912,13зашто во немаштијата моја ми по­могнаа браќата што дојдоа од Ма­ке­до­нија. Па и во сѐ друго се пазев и ќе се пазам да не ви бидам на товар.

101 Кор 9,15Поради вистината Христова во мене, оваа пофалба никој нема да ми ја земе во краиштата ахајски.

11А зошто? Затоа ли што не ве са­кам? Бог знае!

122,17; Фил 3,2Но, она што го правам, ќе го пра­вам и понатаму за да не им дадам повод на оние, кои бараат повод, па да се изедначат со нас во она за кое се фалат.

13Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, лукави работници, кои се пре­пра­ваат во Христови апостоли.

142 Тим 4,14; 2 Птр 2,1И не е за чудење! Па и самиот са­та­на се преправа во ангел на светлината;

15па затоа и не е големо нешто ако и служителите негови се преправаат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе им биде според делата нивни.

Маченичка пожртвуваност

16 9,4; 12,6 Повторно велам: никој да не ме смета за безумен; впрочем, барем како безумен примете ме, та и јас да имам со што да се пофалам.

17Гал 6,13; Фил 3,4А она што го зборувам, не го зборувам по Господ, туку како во безумие, во таа моја смелост во фалбата.

183,1; Рим 7,5Бидејќи мнозина се фалат по телото, ќе се пофалам и јас.

191 Кор 1,26Зашто и вие, кои сте мудри луѓе, љубезно ги примивте безумните;

20зашто вие поднесувате ако некој ве поробува, ако некој ве изедува, ако некој граба, ако некој се гордее, ако некој ве удира по образ.

21Фил 3,4-6Со срамење зборувам дека и ние сме биле слаби. Но ако некој се осмели, во безумство говорам, ќе се осмелам и јас.

22Дела 22,3; Рим 11,1; Гал 1,13-14Евреи ли се? И јас сум! Израилец ли е? И јас сум! Семе Авраамово ли се? И јас сум!

2310,7Служители Христови ли се? Во без­умство зборувам, јас сум уште повеќе: во напори – изобилно, во затвори – изобилно, во камшикување – прекумерно, во смртна опасност – често.

245 Мојс 25,2-3Од Јудејците примив петпати по четириесет без еден удар;

25Дела 14,19; 16,22трипати сум тепан со стапови, ед­наш каменуван, трипати претрпев бро­долом, и ноќ и ден поминав во длабоко море;

26Дела 13,50; 20,3многупати сум патувал, сум бил во опасност од реки, во опасност од разбој­ници, во опасност од сонародници, во опасност од незнабошци, во опасност по градови, во опасност по пустини, во опасност по море, во опасност меѓу лажни браќа;

276,5; Дела 20,18-19; 1 Кор 4,11-12; Рим 9,2во труд и мака, во често неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и голотија.

28А покрај сѐ друго, тука се уште и секојдневните напади против мене, како и грижата за сите цркви.

291 Кор 9,22Кој изнемоштува, без да изнемош­там и јас? Кој се соблазнува, без да се распалам и јас?

3012,5Ако треба да се фалам, со слабоста своја ќе се пофалам.

31Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој е благословен во вечни векови, знае дека не лажам.

32Дела 9,23-25Во Дамаск управителот на цар Аре­та го чуваше градот Дамаск со стража, сакајќи да ме фати; и јас во кош бев спуштен преку прозорец низ ѕид и избегав од рацете негови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help