1 4 Цар 24,16; Неем 7,6-72 Ова се луѓето од земјата кои беа преселени во прогонство, кога вавилонскиот цар Навуходоносор ги беше одвел во Вавилон. Тие се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град,
23,2; 5,2; 10,18; 3 Цар 3,19; Мт 1,12а дојдоа со Зоровавел, Јешуа, Неемија, Сераја, Реелаја, Мардохеј, Билшан, Миспар, Бигвај, Рехум и Баана. Еве го бројот на луѓето од народот Израилев:
38,3; 10,15потомци на Парош – две илјади сто седумдесет и двајца;
4потомци на Сафатија – триста седумдесет и двајца;
5потомци на Арах – седумстотини седумдесет и пет;
6потомци на Пахат-Моав, односно од потомците на Јешуа и на Јоав – две илјади осумстотини и дванаесет;
7потомци на Елам – илјада двесте педесет и четири;
8потомци на Зату – деветстотини четириесет и пет;
9потомци на Закај – седумстотини и шеесет;
10потомци на Ваниј – шестотини четириесет и двајца;
11потомци на Бевај – шестотини дваесет и тројца;
12потомци на Азгад – илјада двесте дваесет и двајца;
138,13потомци на Адоникам – шестотини шеесет и шест;
14потомци на Бигвај – две илјади педесет и шест;
15потомци на Адин – четиристотини педесет и четири;
16потомци на Атер – од домот на Езекија, – деведесет и осум;
17потомци на Бецај – триста дваесет и тројца;
18потомци на Јора – сто и дванаесет;
19потомци на Хашум – двесте дваесет и тројца;
20потомци на Гибар – деведесет и пет;
21од Витлеем – сто дваесет и тројца;
22луѓе од Нетофа – педесет и шест;
23луѓе од Анатот – сто дваесет и осум;
24луѓе од Азмавет – четириесет и двајца;
25луѓе од Кирјат-Јарим, Кефира и Беерот – седумстотини четириесет и тројца;
26од Рама и Гева – шестотини дваесет и еден;
27жители од Михмас – сто дваесет и двајца;
28жители од Ветил и Гај – двесте дваесет и тројца;
29жители од Нево – педесет и двајца;
30жители од Магбиш – сто педесет и шест;
31потомци на другиот Елам – илјада двесте педесет и четири;
32потомци на Харим – триста и дваесет;
33жители од Лод, од Хадид и од Оно – седумстотини дваесет и пет;
343 Цар 16,34; 2 Лет 28,15од Ерихон – триста четириесет и пет;
35од Сенаа – три илјади шестотини и триесет.
361 Лет 24,7Свештеници: потомци на Једаја од домот на Јешуа – деветстотини седумдесет и тројца;
37потомци на Имер – илјада педесет и двајца;
38потомци на Пашхур – илјада двесте четириесет и седум;
39потомци на Харим – илјада и седумнаесет;
401 Мојс 29,34; 4 Мојс 3,9; 5 Мојс 16,6-7; 1 Лет 16,4левити: потомци на Јешуа и на Кадмиел, од потомците на Ходавија – седумдесет и четири.
411 Лет 15,16Пејачи: од потомците на Асаф – сто дваесет и осум.
421 Цар 3,15; 1 Лет 9,17Потомци на чуварите на вратите: потомци на Селум, потомци на Атер, потомци на Талмон, потомци на Акув, потомци на Хатита, потомци на Шовај – вкупно сто триесет и девет.
43Неем 11,21Храмови прислужници: потомци на Циха, на Хасуфа, на Табаот,
44на Керос, на Сиаха, на Падон,
45на Левана, на Хагава, на Акув,
46потомци на Хагав, на Салмај, на Ханан,
47потомци на Гидел, на Гахар, на Реаја,
48на Рецин, на Некода, на Газам,
49на Оза, на Пасеах, на Бесај,
50на Асна, на Меуним, на Нефусим,
51на Бакбук, на Хакуфа, на Харур,
52на Бацлут, на Мехида, на Харша,
53на Баркос, на Сисера, на Темах,
54на Нецијах и на Хатифа.
55Потомците на Соломоновите слуги: потомци на Сотај, на Хасоферет, на Перуда,
56на Јаала, на Даркон, на Гидел,
57на Сафатија, на Хатил, на Похерет-Хацеваим и на Амиј.
58Вкупно храмови прислужници и потомци на Соломоновите слуги – триста деведесет и двајца.
59А ова се имињата на оние кои тргнаа од Тел-Мелах, Тел-Харша, Керув, Адан, Имер, иако тие не можеа да докажат, дали нивното поколение или семејство потекнува од Израил:
60потомци на Делаја, Товија и Некода – шестотини педесет и двајца.
612 Цар 17,27; 19,32-40; 3 Цар 2,7Уште и од потомците на свештениците: потомци на Хаваја, Какоц, Верзелиј, кој се ожени со една од ќерките на Галаадчанецот Верзелиј и почна да се именува со нивното име.
62Тие го бараа својот родословен запис, и не го најдоа, затоа беа исклучени од свештенството.
632 Мојс 28,30; 3 Мојс 2,3И управителот им рече да не јадат од најсветото од жртвите, додека не се постави свештеник со урим и тумим.
64Сите заедно собрани сѐ на сѐ четириесет и две илјади и триста и шеесет луѓе,
65освен слугите нивни, кои беа седум илјади триста триесет и седум и нивните двесте пејачи и пејачки.
66Ис 66,20Коњи имаа седумстотини триесет и шест, маски – двесте четириесет и пет,
67камили имаа четиристотини триесет и пет, магариња – шест илјади седумстотини и дваесет.
682 Мојс 25,2Некои од старешините на домовите, откако ќе дојдеа во домот Господов, во Ерусалим, со драго срце даруваа за домот Божји за да се обнови врз основите негови.
69Колку што им достигаше раката, тие дадоа во ризницата за работа шеесет и една илјада златни даријки, и пет илјади мини сребро и сто свештенички одежди.
70Неем 11,3-4Така се населија пак и свештениците и левитите, и народот и пејачите, и чуварите на вратите и служителите во храмот, и целиот Израил во градовите свои.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.