1 Царства 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Филистејците го враќаат светиот ковчег во Израил

1А ковчегот Господов остана во областа филистејска седум месеци.

21 Мојс 41,8; 2 Мојс 7,11; Ис 2,6; Дан 2,2; 4,3-4; 5,7-8.12И Филистејците повикаа жреци – га­тачи, па рекоа: „Што да правиме со ков­чегот Господов? Поучете нѐ, како да го испратиме до местото негово?“

32 Мојс 23,15Тие, пак, рекоа: „Ако сакате да го испратите ковчегот на (заветот на Гос­под) Бог Израилев, не испраќајте го без ништо, туку принесете Му жртва за ви­на; тогаш ќе се излекувате и ќе дознаете, зашто не отстапува од вас раката Негова.“

46,17-18И тие запрашаа: „Каква жртва за вина треба да Му принесеме?“ Тие одговорија: „Според бројот на фи­лис­теј­ските кнезови – пет златни предмети во форма на израстоци и пет златни глувци; зашто еднаков е поразот врз сите вас и врз кнезовите ваши;

55,3-11; Ис.Н. 7,19; Јн 9,24; Дела 12,23; Откр 14,7и така, обликувајте израстоци исти како вашите израстоци и глувци како вашите глувци што ја опустошија земјата, и воздајте Му слава на Бог Израи­лев; можеби Тој ќе ја направи и полесна раката Своја над вас, над боговите ваши и над земјата ваша;

62 Мојс 7,13.14; 8,11.28; 9,7.34; 10,1; 12,31и зошто да го ожесточувате срцето свое, како што го ожесточија срцето свое Египќаните и фараонот? Нели, ко­га Господ ја покажа силата Своја над нив, оние ги пуштија и овие заминаа.

74 Мојс 19,2; 5 Мојс 21,3; 2 Цар 6,3Па така, земете, направете една нова кола и земете две крави доилки на кои јарем уште не е ставан, и впрегнете ги кравите во колата, и телињата нивни од­ведете ги од нив дома!

8Потоа земете го ковчегот Господов и ставете го на колата, а златните ра­боти што ќе Му ги принесете како жрт­ва за вина, ставете ги во ковчеже от­страна, па пуштете го и нека оди!

9Но гледајте, ако тргне кон преде­лите свои, кон Ветсамис, Тој ни го на­правил тоа големо зло. Ако пак не, ќе знаеме дека не нѐ поразила Неговата рака, туку тоа станало со нас случајно.“

10Така и направија: зедоа две крави доилки, ги впрегнаа во кола, а телињата нивни ги задржаа дома.

11И го ставија на колата ковчегот Господов, ковчежето со златните глув­ци и златните израстоци.

12И тргнаа кравите право по патот кон Ветсамис, одеа сѐ по еден пат, одеа и мукаа, но не скршнуваа ни десно, ни лево. Филистејските кнезови одеа по нив до пределите на Ветсамис.

13Жителите на Ветсамис токму го жнееја житото во долината и, откако погледнаа, го видоа ковчегот Господов и се зарадуваа, поради тоа што го сретнаа.

142 Цар 24,22; 3 Цар 19,21А колата дојде во нивата на бетшемешанецот Исус и таму запре. Имаше таму еден голем камен, и ис­цепија дрва од колата, а кравите ги принесоа на Господ како жртва.

15Ис.Н. 3,3; 2 Цар 15,24; 3 Цар 8,4Левитите го симнаа ковчегот Гос­подов и ковчежето што беше до него, во кое се наоѓаа златните работи, и ги ставија на големиот камен; а жителите на Ветсамис Му принесоа тој ден жртви сепаленици и жртви за благодарност на Господ.

16Ис.Н. 13,3И петте филистејски кнезови го видоа тоа и се вратија истиот ден во Екрон.

176,4Златните израстоци што Филис­тејците Му ги принесоа на Господ како жртва за вина, беа: еден за Ашдод, еден за Газа, еден за Ашкелон, еден за Гет, еден за Екрон;

18а златните глувци беа според бројот на сите филистејски градови – на петте кнезови, од укрепените градови и отво­рените села до големиот камен, врз кој го ставија ковчегот Господов и кој и до ден – денес се наоѓа во нивата на бет­шемешанецот Исус.

194 Мојс 4,5; 4,15.20; 2 Цар 6,6-7(Меѓу жителите на Ветсамис не се израдуваа синовите на Јехонија што го видоа ковчегот Господов.) Господ ги казни жителите на Ветсамис, затоа што тие го видоа ковчегот на заветот. И Бог уби од нив седумдесет души. И народот тагуваше, бидејќи Господ ги удри со многу силен удар.

202 Цар 6,9; Мал 3,2; Пс 75,7И жителите на Ветсамис рекоа: „Кој може да стои пред Господ, пред Овој свет Бог и кај кого од нас ќе отиде Тој?“

21И испратија пратеници кај жите­лите на Кирјат-Јарим да кажат: „Фи­листејците го вратија ковчегот Госпо­дов; дојдете и земете го кај вас!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help