Исус Навин 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Исус испраќа двајца извидувачи во Ерихон

1 4 Мојс 13,2-21; Евр 11,31; Јк 2,25 7,2; 6,17.25; Суд 16,1; 18,2; Мт 1,5 Исус, синот Навинов, тајно испрати од Ситим две момчиња и им рече: „Одете и тајно разгледајте ја земјата и градот Ерихон!“ И двете момчиња отидоа и влегоа (во Ерихон) во куќата на една блудница, по име Раав, и останаа да ноќеваат таму.

2Тогаш му јавија на ерихонскиот цар: „Ете, некои луѓе од синовите Израи­леви дојдоа тука ноќеска, за да ја разгледаат земјата скришно.“

3ерихонскиот цар испрати луѓе да ѝ кажат на Раав: „Изведи ги луѓето, што влегоа во твојот дом, бидејќи дошле скришно да ја разгледаат целата земја.“

46,17Но жената ги зеде оние две мом­чиња, ги сокри и рече: „Дојдоа, на­вистина, кај мене луѓе, но јас не знам од каде беа тие;

5кога, пак, на стемнување требаше да се затворат портите, тие излегоа; не знам каде отидоа; тргнете веднаш по нив, ќе ги стигнете.“

6А самата ги одведе на покривот и ги сокри во нечешлан лен, што беше спро­стрен кај неа на таванот.

7Испратените тргнаа потоа по патот кон Јордан сѐ до самиот премин на ре­ката, а портите се затворија веднаш ко­га тргна потерата.

8Пред да легнат да спијат, Раав се качи кај нив на покривот

99,9-10; 1 Мојс 47,31и им рече: „Знам дека Господ ви ја дал вам оваа земја, бидејќи ужас нѐ опфати од вас, и сите жители на оваа зем­ја се исплашија од вас;

102 Мојс 14,21-22; 4 Мојс 21,32-35зашто чувме дека Господ ја исуши пред вас водата во Црвеното Море кога сте доаѓале од Египет, и како сте поста­пиле со двајца аморејски цареви од онаа страна на Јордан, Сион и Ог, кои сте ги погубиле.

115,1; 7,5Кога го чувме тоа, срцето ни се стег­на и во ниеден од нас душа не оста­на поради вас; зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на небото и на земјата долу;

121 Мојс 47,31И така, заколнете ми се во Господ, вашиот Бог, дека, како што јас ви пока­жав милост, така и вие ќе бидете ми­лостиви кон домот на мојот татко, и дајте ми верен знак:

136,23оставете ги живи во домот на татко ми и мајка ми, браќата мои и сестрите мои, и сите што се во него, и спасете ги душите наши од смрт.“

144 Цар 10,24А луѓето ѝ рекоа: „Нашата душа да биде предадена на смрт наместо вашата, само сега да не нѐ предадеш. А кога Господ ни ја предаде оваа земја, ќе постапиме со тебе со милост и добрина.“

151 Цар 19,12; Дела 9,25; 2 Кор 11,32И таа ги спушти по јаже низ прозорецот, бидејќи куќата ѝ беше во градските ѕидини и таму таа живееше;

16и им рече: „Одете сега во планината, за да не ве сретнат гонителите, и кријте се таму три дена, додека да се врати потерата што тргна по вас, а потоа одете си по вашиот пат.“

17А луѓето ѝ рекоа: „Ние ќе бидеме ослободени од клетвата твоја, со која нѐ заколна ако не постапиш вака:

18ете, кога ќе дојдеме во овој дел од градот, ова црвено јаже обеси го на прозорецот, низ кој нѐ спушти, и прибери ги во куќата кај себе твојот татко, твојата мајка и твоите браќа и целиот татков дом;

193 Мојс 20,9; 2 Цар 1,16; 3 Цар 2,32; Мт 27,25и ако некој излезе надвор од вратата на твојата куќа, самиот нека си биде виновен, а ние ќе бидеме ослободени од оваа твоја клетва; а за сите што ќе бидат со тебе во куќата твоја, крвта нивна нека биде врз главите наши, ако некоја рака се допре до нив;

20ако, пак, некој (нѐ повреди или) ги открие овие наши зборови, ние исто така ќе бидеме ослободени од твојата клетва, со која нѐ заколна.“

21Таа одговори: „Нека биде според зборовите ваши!“ И ги пушти, и тие си отидоа, а таа го врза за прозорецот црвеното јаже.

22Тие тргнаа и отидоа во планината и останаа таму три дена, додека се врати потерата. Гонителите ги бараа по целиот пат и не ги најдоа.

23И се вратија двете момчиња, слегоа од планината, го минаа Јордан и отидоа кај Исус, синот Навинов и му кажаа сѐ што им се случи.

2410,8И му рекоа на Исус: „Господ, ја предаде целата таа земја во наши раце, и сите жители на таа земја се уплашени од нас.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help