Изреки 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 10,1; 25,1; 3 Цар 5,11; Проп 1,1; 12,9 Изреки на Соломон, син Давидов, цар израилски,

Цел на книгата

2 7,4; Ис 11,9; Ер 31,34; 2 Тим 3,16 за да се познае мудроста и поуката, за да се разберат изреките на разумот;

32,1; 4,10; Ис 29,24за да се усвојат правилата на благо­ра­зумието, правосудието, судот и пра­вината;

42,10-11; 3,21; Ез 36,26да им се даде на простите разумност, на младите – знаење и расудување.

59,9; 11,14; 16,21; 20,18Ако мудриот слуша, ќе ги умножи знаењата свои, и разумниот ќе најде мудри совети,

63 Цар 10,1; Ис 32,4; Ез 17,2; Пс 48,3; 78,2за да разбира мудра изрека и длабок збор, зборовите на мудреците и нивните гатанки.

72,5; 9,10; 14,2; 15,33; Јов 28,28; Проп 12,13Почеток на мудроста е стравот Гос­подов; само глупавите ги презираат мудроста и поуката.

Предупредување кон лошите деца

8 4,1; 6,20 Слушај ја, синко, поуката на својот татко и не отфрлај го заветот на мајка си,

94,9; Сир 6,29-31зашто тоа е красен венец за главата твоја и украс за вратот твој.

1016,29; 5 Мојс 13,6; Пс 49,18Синко, ако те мамат грешници, не попуштај;

111 Мојс 37,20; 3 Цар 21,9-10; Пс 9,28; Мудр 2ако кажат: „Дојди со нас, да напра­виме заседа за убиство, да го пречекаме непорочниот без вина,

124 Мојс 16,31-33; Пс 123,3; Јк 5,6жив да го голтнеме, како што голта пеколот, и цел како оној што слегува во гроб;

13Ис 3,14; 5,8да си натрупаме секаков скапоцен имот, да ги наполниме куќите наши со плен;

14Сир 33,20ти ќе фрлаш ждрепка заедно со нас, една торба ќе има за сите нас.“

154,14; Пс 1,1; 118,101Синко, не оди на пат со нив, задржи си ја ногата од патеките нивни,

166,17-18; Ис 59,7; Рим 3,15зашто нозете нивни трчаат кон зло­то и брзаат крв да пролеваат;

176,5; 7,23; 27,8; Проп 9,12зашто напразно е да се распнува мрежа пред очите на сите птици.

188,36; 9,12; 15,32Но тие прават заседа против крвта своја, демнат против душите свои.

1915,27; 28,16; Ис 33,15Такви се патиштата на секој, кој е алчен на туѓ имот: тоа му го одзема жи­вотот на оној, што го заграбил.

За мудроста

20 8,1-3; 9,3; Јн 7,37 Мудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плоштадите,

21проповеда во главните места за со­­­бирање, при влезовите на градските пор­ти смело говори:

223,7; 14,16; 22,3; 28,26„До кога, незнајници, ќе го сакате незнаењето? До кога бујните ќе се на­с­ла­дуваат со бујноста? До кога глупавите ќе го мразат знаењето?

23Ис 11,1-4; 32,15; Јоил 3Обрнете се кон моите изобли­чу­ва­ња; еве, јас ќе го излеам духот свој врз вас, ќе ви ги кажам зборовите свои.

24Ис 65,2.12; 66,4; Ер 7,13; Зах 7,11; Мт 11,16Јас викав, а вие не послушавте; ја протегав својата рака, но никој не ја за­бележа;

25Пс 106,11; Лк 7,30вие ги отфрливте моите совети, не внимававте кога ве изобличував.

263,34; Пс 2,4Затоа ќе се насмеам на вашата по­гибел; ќе се зарадувам кога ќе ве снајде ужас,

2710,25; Соф 1,15кога ќе ве нападне ужас како бу­ра, и зло како виор ќе мине над вас, кога ќе ве снајде неволја и мака.

281 Цар 8,18; Ис 1,15; Ер 11,11; Мих 3,4; Пс 17,41; Јов 27,9; Јн 7,34Тогаш ќе ме викаат, но јас нема да чујам; ќе ме бараат и нема да ме најдат.

291,22; Ис 1,3; 5,13Затоа што го намразија знаењето и не го примија стравот Господов;

303,11; Пс 80,11затоа што не го примија мојот совет и ги презреа моите разобличувања.

315,22-23; 14,14; 22,8; Ер 6,19; Јов 4,8Поради тоа тие ќе јадат од пло­до­ви­те на своите патишта и ќе се наситуваат од своите замисли.

32Ер 2,19; Мт 19,8Зашто неразумните ќе ги убие нив­на­та упорност, а глупавите ќе ги погуби нивната негрижа;

333,24-26; Пс 24,12-13но кој мене ме слуша, ќе живее без­опасно и спокојно, не плашејќи се од злото.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help