1 Ис.Н. 11,22; 13,3 А Филистејците го зедоа ковчегот Божји и го пренесоа од Евен-Езер во Ашдод.
231,10; Суд 16,23; 1 Лет 10,10Го зедоа Филистејците ковчегот Божји, го внесоа во храмот на Дагон и го поставија до овој идол.
3Ис 19,1; 46,1; Пс 96,7На другиот ден, откако жителите на Ашдод дојдоа рано наутро во храмот на Дагон, ете, Дагон лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов. И го зедоа Дагон и го поставија пак на местото негово.
4На следниот ден, откако станаа утрината, ете, Дагон пак лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов; главата на Дагон, (обете стапала на нозете) и обете дланки на рацете негови беа пресечени, секоја одделно, и лежеа на прагот; само трупот на Дагон беше останал.
5Соф 1,9Поради тоа жреците Дагонови и сите други, кои доаѓаа во домот на Дагон во Ашдод, не стапнуваат на прагот Дагонов до ден – денешен (туку го прескокнуваат).
62 Мојс 9,3; 5 Мојс 2,15; 28,27; Суд 2,15; 7,13; 12,15И раката Господова се протегна врз жителите на Ашдод, и Бог ги удри и ги казни со гнасни чирови во Ашдод и околните места негови (а во земјата се накотија глувци и настана голема вознемиреност во градот).
7Откако го видоа тоа ашдодците, рекоа: „Да не остане ковчегот на Бог Израилев кај нас, зашто тешка Му е раката и за нас и за нашиот бог Дагон.“
8И испратија, та ги собраа кај себе сите филистејски кнезови и рекоа: „Што да правиме со ковчегот на Бог Израилев?“ А тие рекоа: „Нека се пренесе ковчегот на Бог Израилев во Гет.“ И го испратија ковчегот на Бог Израилев во Гет.
9Ис 22,5; Зах 14,13Откако го пренесоа, раката Господова дојде врз градот и направи ужас мошне голем, и ги удри Господ градските жители од мал до голем, и се појавија на нив израстоци.
102 Мојс 10,7Затоа тие го испратија ковчегот Божји во Екрон. И кога ковчегот Божји дојде во Екрон, екронците извикаа и рекоа: „Го донесоа кај нас ковчегот на Бог Израилев за да нѐ помори нас и народот наш.“
11И испратија, та ги собраа сите филистејски кнезови и рекоа: „Испратете го ковчегот на Бог Израилев; нека се врати на местото свое за да не нѐ помори нас и народот наш.“ Зашто се појави смртен страв: по целиот град раката Божја силно се протегна врз нив, (откако ковчегот на Бог Израилев дојде тука).
122 Мојс 2,23И оние што не умреа, беа заразени со гнасни чирови, така што пискотот од градот се издигаше до небото.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
