1Ако те стават за распоредник на трпезата, не вознесувај се; биди меѓу другите како еден од нив.
2Погрижи се за нив, па потоа седни. Кога ќе ја свршиш целата работа, заземи го твоето место,
3за да се веселиш заедно со нив и за твојата префинетост да добиеш венец.
48,9; 24,33Разговорот води го ти, старешино – зашто тоа и ти прилега, но тоа прави го одмерено и не прекинувај ја музиката.
5Кога ќе те слушаат – не говори долго и премногу не мудрувај.
649,1; Ис 5,12; Амос 6,5-6Како печат од рубин, опкован со злато, таква е пријатноста на музиката со вкусно вино.
7Како печат од смарагд опкован со злато, таква е пријатноста на песната со вкусно вино.
8Кажи, момче, ако затреба, само два збора, и тоа само кога ќе те прашаат.
9Кажи го главното, кажи многу со малку зборови; биди како оној што многу знае, а умее да молчи.
107,14Кога си со големци, не прави се голем како нив; кога зборува друг, не зборувај ти.
11Изреки 15,33; 18,12Пред громот оди секавицата, а пред скромниот човек – оди милоста.
12Навреме станувај и не биди последен; побрзај дома и не застанувај.
13Таму забавувај се и прави сѐ што сакаш, но со срамен збор не греши.
14Пс 35,8А за сето ова Создателот прославувај Го; Тој те наситува со сите добрини.
ЧЕТВРТА ЗБИРКА ОД ПОУКИПочитување на Бога15 1,11-20; Јов 5,17; Евр 12,5-11 Кој од Бога страв има – тој и поука прима; кој од рано утро Него Го бара – благослов од него добива.
16Кој законот го бара – со него се исполнува; а лицемерот од него ќе се сопне.
17Изреки 28,5; Мт 5,16Оние што страв од Господа имаат, ќе бидат оправдани. Нивните добри дела како светлина ќе засветлат.
18Грешникот од изобличување бега; според своите желби – извинување бара.
19Разумен човек не презира совет, а неразумен и горделив не знае за страв, дури и тогаш кога неразумно постапил.
20Без размислување не прави ништо, а кога ќе направиш нешто, не кај се.
21Пс 90,11-12; Мт 4,6По пат опасен не оди, за да не се препнеш и да паднеш.
22Не верувај му многу и на рамен пат;
23немај доверба ни во своите деца.
245 Мојс 4,9; Изреки 13,3; 16,17; 22,5Во сите твои дела верувај ѝ на својата душа; тоа е извршување на заповедите.
25Пс 22,3; Изреки 19,16Кој во законот верува, на неговите заповеди се покорува, и на Господа кој се надева, зло нема да претрпи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
