Евреите 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 9,14; Дела 20,21; 1 Кор 3,10-12; Ефес 2,1.5 Затоа да го оставиме почетното учење за Христос и да се стремиме кон совршенство, да не ја поставуваме одново основата: покајанието од мртви дела и верата во Бога,

2науката за крштевањето, ракопола­га­њето, воскресението на мртвите и вечниот суд.

3И ова ќе го направиме, ако допушти Бог.

410,26-27.32; Јн 4,10; Ефес 2,8; Гал 3,2Зашто оние кои еднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух,

54,12; 1 Птр 2,3и, откако вкусија од убавата Божја реч и од силите на идниот век,

610,29; 2 Птр 2,21; 1 Јн 5,16а потоа отпаднаа, – не е можно повторно да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси Го распнуваат Синот Божји и Го хулат.

71 Мојс 1,11-12; 5 Мојс 11,11Зашто земјата, која го впива дождот што често паѓа на неа и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов;

81 Мојс 3,17-18; Ис 5,6; 27,4; Мт 7,16а онаа што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството кое завршува со изгорување.

9Од вас, возљубени, ние очекуваме нешто подобро и спасително, иако така зборуваме.

1010,32-34; Мт 10,40-42; 1 Сол 1,3; Откр 2,19Зашто Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот на љу­бовта што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите.

113,6; 10,23А ние сакаме секој од вас да ја пока­жува истата усрдност за одржување на полната надеж докрај,

125,11; 6,16; 10,36; 11,7.9; 1 Кор 11,1; Откр 13,10та да не станете мрзливи, туку да ги следите оние кои преку вера и трпение ги добиваат ветувањата.

Божјото сигурно ветување

13 1 Мојс 22,16.17 Рим 4,20 Бог, кога му ветуваше на Авраам, бидејќи немаше ништо поголемо во што би се заколнал, се заколна во Себе,

14велејќи: „Навистина ќе те благословам и ќе те размножам и преумножам.“

1511,9.13.33.39; 1 Мојс 21,5И така, со долготрпение тој го доби ветеното.

162 Мојс 22,11Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и заклетвата како потврда на секоја нивна препирка става крај.

179,15; 10,36; Рим 4,16Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше јасно да им ја по­ка­же Својата неизменлива волја, посведо­чи со клетва,

183,6; 10,23; 4 Мојс 23,19; Кол 1,5та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои прибегнуваме да се прифатиме за надежта што ни е дадена,

1910,19-20; 3 Мојс 16,2.12; Мт 27,51а која е за нашата душа цврста и си­гурна котва, и кој влегува дури зад заве­сата,

204,14; Пс 109,4каде што Исус за нас влезе најна­пред, откако стана вечен Првосвеш­те­ник по чинот Мелхиседеков.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help