Второзаконие 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Правила за праведно судење

1 16,18-20; Амос 2,6 Кога има расправија меѓу луѓе, нека ги доведат во суд и да ги су­дат; правиот да го оправдаат, а винов­ниот да го осудат;

2а ако виновниот заслужува биење, да го легнат пред судиите и да го бијат по­ради вината негова.

32 Кор 11,24Можат да му се удрат четириесет стапа, но не повеќе, за да не биде обез­личен и понижен братот твој пред тебе.

За волот

4 22,6-7; 1 Кор 9,9; 1 Тим 5,18 Не врзувај уста на вол кога врши.

Вдовица без пород

5 Рута 4; Мк 12,18-27 Кога браќата живеат заедно, и ед­ниот од нив умре без пород, жената на умрениот не смее да се омажи за надворешен човек, но деверот нејзин треба да влезе при неа, да ја земе за жена и да живее со неа,

6и првородениот, што таа ќе го роди, да го носи името на умрениот брат, за да не се уништи името негово во Израил.

7Ако, пак, тој не посака да ја земе за жена снаата своја, тогаш снаата негова да отиде кај портата пред старешините и да каже: „Братот на мојот маж не сака да го подигне името на братот свој во Израил, не сака да се ожени со мене.“

8И старешините на градот негов да го повикаат и да му зборуваат, и ако тој стане и каже: „Не сакам да ја земам“,

9тогаш снаата негова нека дојде при него пред очите на старешините, да собуе еден чевел од неговата нога, да го плукне в лице и да каже: „Така се постапува со човек, кој не го подига домот на братот свој (во Израил)“;

10и ќе му извадат име во Израил: „Дом на собуениот.“

Забранет удар при тепачка

11Кога се тепаат меѓу себе двајца мажи, и жената на едниот од нив се приближи за да го оттргне мажот свој од оној што го тепа, и, испружувајќи ја ра­ката своја, го фати за срамните делови од телото,

12пресечи ѝ ја раката: да не ја пожали окото твое.

Исправна и неисправна мерка

13 3 Мојс 19,35-36; Амос 8,5; Мих 6,10-11; Изреки 11,1 Во торбата своја не смееш да имаш две мерила: големо и мало;

14во куќата твоја да немаш двојна мерка: тешка и лесна;

15мерило да имаш верно и праведно, и мерка да имаш точна и праведна, за да ти се продолжат деновите во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава (како дел);

16бидејќи одвратен е пред Господ, твојот Бог, секој кој прави неправда.

Потомците на Амалик – вечни непријатели

17 2 Мојс 17,8-16; 4 Мојс 24,20; 1 Цар 15,2-3 Помни, како постапи со тебе Ама­лик, по патот, кога доаѓавте од Египет;

18како тој не се уплаши од Бога и како ги погуби по патот сите кои заостанаа зад тебе од умор, кога ти бе­ше алчен и изнемоштен, и не се уплаши од Бога.

192 Мојс 17,14И така, кога Господ, твојот Бог, ќе те успокои од сите твои непријатели, што се околу тебе во земјата, која Гос­под, твојот Бог, ти ја дава како наследство да ја поседуваш, избриши го името на Амалик под небото; да не заборавиш.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help