1 1 Мојс 2,7; Проп 3,20; 12,7 Господ го создаде човекот од земја, и пак во неа го враќа.
21 Мојс 1,28; 6,3; Пс 89,10; Мудр 9,2-3На луѓето им даде одреден број денови и одредено време, им даде власт над сѐ што е на земјата.
31 Мојс 1,27; 1 Кор 11,7; Јк 3,9Ги облече во сила според нивната природа, ги создаде според образот Свој.
41 Мојс 9,2Во секое создание вдахна страв кон нив, за да владеат над ѕверови и птици.
5Им даде разум, јазик и очи, уши и срца – да расудуваат.
6Ги исполни со знаење и разбирање, и им го покажа доброто и злото.
71 Мојс 2,17; 3,22Окото Свое го стави во нивните срца, за да им ја покаже величественоста на Своите дела.
8Мудр 13,1; Рим 1,19-20Тие ќе го прославуваат Неговото Свето име за да ја објавуваат големината на Неговите дела.
Вечниот завет9Го зголеми нивното знаење, законот на животот во наследство им го даде.
10Вечен завет направи со нив и ги поучи на Своите судови.
1145,5Очите нивни го видоа величието на славата, а увото нивно ја чу славата на Неговиот глас.
125 Мојс 30,15-20Бог им рече: „Пазете се од секоја неправда.“ На секого од нив му заповеда како да се однесува со ближниот свој.
Ништо не може да се сокрие од Господа13 2 Мојс 19,16-19; 34,10; 5 Мојс 4,11-12 Патиштата нивни секогаш се пред Него, нема да се сокријат од очите Негови.
142 Мојс 21; 23,1-15На секој народ водач му постави.
15А Израил е Господовиот дел.
16Сите нивни дела како сонце се пред Него; очите Негови секогаш ги пазат нивните патишта.
175 Мојс 7,6; 32,8-9; Зах 2,12Нивните неправди не се сокрија од Него; сите нивни гревови се пред Господа.
18Милостината човекова како печат е во Него, добротворството на човекот ќе го пази како зеницата на окото.
19Потоа ќе стане, на сите ќе им плати, платата нивна врз главата ќе им падне.
20Само на покајниците им дозволува да се обрнат; ги бодри оние коишто изгубиле трпение.
Повик за враќање кон Бога21Сврти се кон Господа, остави ги гревовите;
22Зах 2,8; Изреки 7,2моли се пред Него и намали ги навредите твои.
2311,26При Севишниот врати се, од неправдата одврати се; замрази ги одвратните работи.
24Мудр 12,19Севишниот кој ќе Го прославува во пеколот, наместо оние коишто се живи и оддаваат почести?
25Од мртовец нема прославување, бидејќи е мртов.
26Пс 33,14Оној што е жив и здрав ќе Го прославува Господа.
27Пс 6,5; 113,25Колку е голема добрината на Господа и милоста кон оние што Му се обраќаат!
28Човек не може сѐ,
29Пс 102,8; 111,4; 145,7-9зашто синот човечки не е бесмртен.
301 Мојс 6,5; 8,21; Јов 15,14-16Има ли нешто посветло од сонцето? Но понекогаш и тоа потемнува. Исто така и телото и крвта на зло ќе помислат.
3110,9; 1 Мојс 18,27Силите на високите небеса Тој Самиот ги надгледува, а сите луѓе се само прав и пепел.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.