2 Летописи 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Зацарувањето на Амасија(4 Цар 14,2-6)

1Амасија се зацари на дваесет и пет години и царуваше во Еру­салим дваесет и девет години; мајка му се викаше Јехоадан, од Ерусалим.

23 Цар 8,61Тој го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, но не со полно срце.

3Кога се зацврсти на царството, тој ги уби слугите свои, што го беа убиле царот, таткото негов.

44 Мојс 26,11Но децата нивни не ги погуби, бидеј­ќи е напишано во Законот, во книгата Мојсеева, каде што Господ заповедал, велејќи: да не се убиваат татковците за­ради децата, и децата да не бидат убивани заради татковците, туку секој тре­ба да умре заради својот престап.

Војна против Едом(4 Цар 14,7)

5 2 Мојс 30,14; 2 Цар 24,2; 1 Лет 21,1 Амасија ги собра Јудејците, ги нареди според племињата нивни под власта на илјадници и стотници – сите Јудејци и Венијаминовци; ги преброи од дваесет години и нагоре, и ги најде триста илјади души одбрани, кои одат во војна и држат копје и штит.

6Тој најми од Израилците уште сто илјади храбри војници за сто кикари сребро.

7Но дојде кај него човек Божји и рече: „Царе, нека не оди со тебе израилска војска, зашто Господ не е со Изра­илците, не е со никого од Ефремовите синови,

8туку оди сам, врши работа, бори се храбро во војната. Инаку, ќе те фрли Бог пред непријателот, зашто во Бога има сила и да поткрепи и да собори.“

9Амасија му одговори на Божјиот човек: „А што да се прави со стоте ки­кари, што ѝ ги дадов на израилската војска?“ Божјиот човек рече: „Господ може да ти даде повеќе од тоа.“

10Амасија ги оддели, – војската, која беше дошла кај него од земјата Ефре­мова, – да си одат во своето место. И тие се разгневија силно против Јудеја и се вратија во своето место многу налу­тени.

114 Цар 14,7Амасија пак се охрабри и го поведе народот свој, та отиде во Солената До­лина и уби десет илјади синови Сеи­рови;

12Пс 140,6; Лк 4,29и заробија десет илјади живи сино­вите Јудини и ги одведоа на врвот од карпата, и ги турнаа оттаму и тие сите сосема се разбија.

13А војската, што ја врати Амасија, за да не оди со него во војна, се растури по јудејските градови од Самарија до Веторон, во кои уби три илјади души и собра многу плен.

142 Мојс 20,3; Ис 44,15Кога си дојде Амасија по поразот на Едомците, ги пренесе боговите на Сеировите синови, ги постави кај себеси за богови и пред нив се поклонуваше и им кадеше.

15Ис 36,20Поради тоа се разгори гневот Гос­подов против Амасија, и Тој му испрати пророк, кој му рече: „Зошто прибегнуваш кон боговите на тој народ, кои не го избавија својот народ од раката твоја?“

16Додека тој говореше, царот одго­вори: „Зар те поставив за царски советник? Престани, за да не те убијат!“ И пророкот престана, но го рече уште ова: „Знам дека Господ решил да те погуби, бидејќи ти го направи тоа и не го послуша мојот совет.“

Војна против Израил(4 Цар 14,8-20)

17Се посоветува Амасија, царот јудејски, и испрати да му кажат на израилскиот цар Јоас, син на Јоахаз, Јехуов син: „Излези да се видиме лице в лице.“

18Суд 9,8-15Тогаш израилскиот цар Јоас ис­прати до јудејскиот цар Амасија да му кажат: „Трнот леванонски испратил да му кажат на кедарот леванонски: дај ја својата ќерка на синот мој за жена. Но минале диви ѕверови леванонски и го изгазиле тој трн.

19Ти велиш: ете, ги избив Едомците, – и срцето твое се возгордеа и стана премногу суетно. Седи подобро во до­мот свој. Зошто да се зафаќаш со опасна работа? Ќе паднеш ти, и Јудеја со тебе.“

20Но Амасија не послуша, бидејќи тоа беше од Бога, – за да ги предаде во раката на Јоас, заради тоа што прибегна кон едомските богови.

21Излезе Јоас, царот израилски, и се видоа лице в лице, тој и Амасија, цар јудејски, во Ветсамис јудејски.

22И беа разбиени Јудејците од Изра­илците, и се разбегаа секој во шаторот свој.

23Ер 31,38; Неем 8,16И го улови Јоас, царот израилски, Амасија, царот јудејски, син на Јоас, син на Охозија, го доведе во Ерусалим и го собори ерусалимскиот ѕид во дол­жина од четиристотини лакти – од Еф­ремовите Порти до Аголните Порти;

242 Цар 6,10-11; 1 Лет 26,4-15го зеде сето злато и сребро и сите садови, што беа во домот Божји, чувани од Аведар, и ризницата на царскиот дом, и заложниците, и се врати во Са­марија.

25Амасија, син Јоасов, цар јудејски, живееше по смртта на израилскиот цар Јоас, Јоахазов син, петнаесет години.

26Другите Амасиеви дела, од првото, па до последното, се опишани во книгата на царевите јудејски и израилски.

27Потоа, откако Амасија отстапи од Господ, направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лакиш. Испратија по него во Лакиш, и го убија таму.

28И го донесоа на коњи, та го погребаа кај предците негови во Јудиниот град.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help