3 Царства 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1И дојде слово Господово кон Јуј, син на Ханани, за Баша во кое се вели:

2„Поради тоа што те издигнав од правот и те направив водач на мојот народ Израил, а ти тргна по патот на Јеровоам и го наведе на грев Мојот народ Израил за да Ме разгневува со гревовите свои, –

3ете, Јас ќе го отфрлам домот на Баша и домот на потомството негово и ќе направам со твојот дом така, како и со домот на Наватовиот син Јеровоам:

4кој од Башовиот дом ќе умре во град, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птици небески ќе го исколваат.“

5Другите дела на Баша, и сѐ што извршил, и подвизите негови, опишани се во летописите на израилските цареви.

6Баша почина кај татковците свои и беше погребан во Тирца. А место него стана цар неговиот син Ила.

7Но преку Ананиевиот син Јуј беше веќе кажано словото Господово за Баша, за домот негов и за сето зло што го беше извршил пред очите на Господ, разгневувајќи Го со делата на рацете свои, постапувајќи како Јеровоамовиот дом, за што беше истребен.

Ила, цар на Израил

8Башовиот син Ила стана цар над Израил во Тирца во дваесет и шестата година од царувањето на јудејскиот цар Аса и царуваше две години.

920,16; Јудита 12,20–13,2Против него стана Замвриј, негови­от слуга и старешина на половината не­гови бојни коли, кога се беше напил во Тирца, во домот на Арца, надзорник на дворецот во овој град.

10Замвриј влезе, го удри и го уби Ила во дваесет и седмата година на јудеј­скиот цар Аса, и стана цар место него.

11Кога стана цар и седна на престо­лот негов, тој го истреби целиот дом на Баша, не оставајќи му од семејството ниту едно машко, ни роднините негови, ни пријателите негови.

12Замвриј го истреби целиот Башов дом, според словото на Господ што го беше изрекол Тој за Баша преку пророкот Јуј,

13за сите гревови на Баша и за гре­вовите на неговиот син Ила што го вр­шеа тие самите и со кои го наведоа во грев Израил, дразнејќи Го Господ, Бог Израилев, со своите идоли.

14Другите дела на Ила, и сѐ што беше извршил, се опишани во летописите на израилските цареви.

Замвриј, цар на Израил

15Замвриј стана цар во дваесет и седмата година на јудејскиот цар Аса и ца­руваше седум дена во Тирца, кога народот го опседнуваше Гибетон филистеј­ски.

16Кога народот што го опседнуваше, дозна дека Замвриј направил заговор и го убил царот, истиот ден во логорот сите Израилци го поставија за цар над Израил воениот началник Амвријј.

17Амвриј и сите Изараилци со него отстапија од Гибетон и ја опседнаа Тирца.

18Кога Замвриј виде дека градот е преземен, влезе во царскиот дом, го потпали над себе царскиот дом и загина,

19поради своите гревови, со кои беше згрешил, вршејќи го она што беше ло­шо пред очите на Господ, одејќи по па­тот на Јеровоам и во гревовите негови што тој ги изврши за да го наведе во грев Израил.

20Другите дела на Замвриј и загово­рот негов што беше го направил, се опишани во летописите на израилските цареви.

21Тогаш израилскиот народ се раз­дели на два дела: едната половина од народот беше со Гинатовиот син Тивниј за да го направи цар него, а другата страна – со Амвриј.

22Надвладеа народот што беше со Амвриј, над народот, кој беше со Гина­товиот син Тивниј; Тивниј загина, а цар стана Амвриј.

Амвриј, цар на Израил

23Амвриј стана цар над Израил во триесет и првата година од владеењето на јудејскиот цар Аса над Јудеја и царуваше дванаесет години. Тој царуваше во Тирца шест години.

24Амвриј го купи од Шемер ридот Самарија, за два кикара сребро, изгради на ридот град и го нарече Самарија – според името на Шемер, сопственикот на тој рид.

25И Амвриј правеше зло пред очите на Господ, и постапуваше полошо од сите свои претходници.

26Тој во сѐ одеше по патот на Навато­виот син Јеровоам и во гревовите не­гови, со кои тој ги наведе на грев Изра­илците за да Го разгневат Господ, Бог Израилев, со своите идоли.

27Другите дела на Амвриј што ги на­правил, и јунаштвото што го покажал, се опишани во летописите на израилските цареви.

28Амвриј почина кај татковците свои и беше погребан во Самарија, а место него стана цар синот негов Ахав.

Ахав, цар на Израил

29Амвриевиот син Ахав стана цар над Израил во триесет и осмата година од владеењето на царот Аса над Јудеја, и Амвриевиот син Ахав царуваше во Самарија над Израил дваесет и две години.

30И Амвриевиот син Ахав правеше зло пред очите на Господ повеќе од сите свои претходници.

31Не беше доволно тоа што тој западна во гревовите на Наватовиот син Је­ровоам, туку си ја зеде за жена Језаве­ла, ќерката на сидонскиот цар Етбаал, и почна да му служи на Ваал и да му се поклонува;

32и му подигна на Ваал жртвеник во Вааловото светилиште што го беше из­градил во Самарија.

33Ахав подигна и Ашера, а направи и други злодела, со кои Го разгневи Гос­под, Бог Израилев, повеќе од сите прет­ходни израилски цареви.

34Во негово време Хиел од Ветил го изгради Ерихон: врз првородениот син свој Авирон, тој ги стави основите него­ви и врз најмалиот син Сегув ги постави портите негови, според словото на Господ што Тој го беше изрекол преку Навиновиот син Исус.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help