Еремија 33 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Земјата ќе му биде вратена на народот

1 32,2.8.12; 37,21 И вторпат дојде слово Господово до Еремија, кога тој беше затво­рен во стражарницата –

246,18; Амос 9,6вака вели Господ, Кој ја создаде земјата, Господ, Кој ја уреди и зацврсти, – Кому името Му е Јахве:

329,12; Пс 49,15; Ис 48,6повикај кон Мене, и Јас ќе ти одго­во­рам, ќе ти покажам нешто големо и недостапно, нешто, што не го знаеш.

4Зашто, така вели Господ, Бог Из­ра­илев, за куќите на овој град и за куќите на јудејските цареви, што ќе се урнат за насипи и за борби.

532,31; 5 Мојс 31,17Оние, што дојдоа да се борат против Халдејците, за да ги исполнат домовите со трупови на луѓе, кои Јас во Својот гнев и во јароста Своја ќе ги погубам и поради чие беззаконие Јас го сокрив ли­цето од тој град.

63,22; 8,22; 30,17; 33,11.16Еве, Јас ќе ги излекувам, ќе ги исцелам и ќе им откријам изобилие и вис­тински мир,

7ќе ги вратам заробените на Јуда и заробените на Израил и ќе ги зацврстам како порано,

831,34; Ез 36,25ќе ги исчистам од секое нивно беззаконие, со кое згрешија пред Мене, и ќе им ги простам сите нивни гревови, со кои се огрешија пред Мене и отстапија од Мене.

913,11; Соф 3,20И Ерусалим ќе биде за Мене радосно име, похвала и чест, пред сите земни народи, што ќе чујат за сите добра, как­ви што ќе им давам и ќе се уплашат и ќе затреперат од сите добра и од се­ка­ков благослов, што ќе им го дадам.

1032,43; 33,12Така вели Господ: на ова место за кое вие велите – „Тоа е пусто, без луѓе и без добиток“, во јудејските градови и во ерусалимските улици, кои се пусти, без луѓе, без жители, без добиток,

117,34; 2 Лет 5,13; 29,31; 1 Мак 4,24пак ќе се слуша глас од радост и глас од веселба, глас на младоженец и глас на невеста, глас на оние што велат: „Славете Го Господ Саваот, зашто е благ Господ, зашто милоста Негова е вечна“, и глас на оние што принесуваат благодарствена жртва во домот Гос­по­дов; бидејќи Јас ќе ги вратам заробени­те од оваа земја во нивната поранешна состојба, вели Господ.

12Така вели Господ Саваот: во ова место, кое е пусто – без луѓе, без до­би­ток, и во сите негови градови пак ќе има живеалишта на пастири, што ќе ги доведуваат стадата свои на одмор.

1332,44Во планинските градови, во гра­до­вите по полето и во јужните градови, во земјата на Венијамин, во ерусалимските предградија и во градовите Јудини пак ќе врват стада под раката на оној што ќе ги пребројува, вели Господ.

Добри објави од Господ

14 29,10 Еве настапуваат дни, вели Господ, кога ќе го исполнам ова добро слово, што го изреков за домот Израилев и за домот на Јуда.

15Во тие дни и во тоа време ќе бла­гос­ловам на Давид да му израсте фиданка на правдата, и Тој ќе изврши суд и правда на земјата.

16Ис 1,26; Ос 1,10; Варух 5,4; Мт 5,48Во тие дни Јуда ќе биде спасен, и Ерусалим ќе живее безопасно и ќе Му стават име: „Господ е наша правда!“

17Зашто, така вели Господ: нема да снема маж при Давид, што не ќе седи на престолот во домот Израилев,

18и кај левитските принесувачи на жртви нема да снема пред лицето Мое човек, кој преку сите дни нема да возне­сува сепаленица, да изгорува приноси и да принесува жртви.

19И дојде слово Господово до Еремија –

2031,36вака вели Господ: ако можете да го разрушите заветот Мој со денот и заветот Мој со ноќта, така што денот и ноќ­та да не се сменуваат во определеното време,

21Пс 88,34; Сир 45,24-25тогаш ќе можете да го разрушите и заветот Мој со Мојот слуга Давид, така што да нема кај него син, што ќе царува на неговиот престол, а исто така и со левитите – свештеници, служители Мои.

2215,8; 30,19Како што е небесната војска без­бројна, и песокот морски неизброив, та­ка ќе се размножи племето на Мојот слуга Давид и на левитите кои Ми слу­жат.

23И дојде слово Господово до Ере­ми­ја:

2450,4зар не гледаш дека овој народ вели – „Двете племиња, кои Господ ги избра, Тој ги отфрли“, и со тоа тие го презира­ат Мојот народ како веќе да не е народ Мој пред очите нивни?

2533,20Така вели Господ: да не бев го ут­вр­дил заветот Мој со денот и ноќта и на­редбите на небото и на земјата,

2629,14; 33,7.11; 31,20тогаш и племето на Јаков и на Мо­јот слуга Давид, ќе го отфрлев, за да не земаат веќе од неговото племе владете­ли, за племето на Авраам, и Исак, и Ја­ков, бидејќи ќе ги вратам нивните за­ро­бени и ќе ги помилувам.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help