Псалми 71 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 71Похвала за големиот Цар и Неговото владеење

1 88,14; Ер 23,5 Боже, дај му го на царот Својот пра­веден суд, а на царевиот син – Својата праведност,

2за да им суди со праведност на Тво­ите луѓе и на сиромасите Твои со праведен суд.

3Ис 45,8; 51,5; 54,11; Соф 2,3Горите нека им донесат мир на лу­ѓе­то, и ритчињата – праведност.

4Нека ги брани бедните меѓу луѓето, нека ги спаси синовите на сиромасите, а угнетувачот нека го понизи.

560,7; 88,37; 2 Цар 7,13-14; Ер 31,35; 32,20Нека живее, додека постои сонцето и месечината – од род во род.

6Ис 45,8; Ос 6,3Нека биде како дожд на ливада, како капки што наросуваат земја.

736,11Во Негово време нека се зацари правда, и нека има изобилен мир сѐ до­дека не ја снема месечината.

8Зах 9,10; Сир 44,21И нека владее од море до море и од Реката до краиштата на Земјата.

9Пред Него нека паднат на колена жителите на пустината, и непријате­ли­те Негови нека ја лижат прашината;

103 Цар 10,1царевите на Тарсис и островјаните дарови нека му принесуваат; и царевите на Сава и од Сева дарови нека му донесуваат.

11И нека Му се поклонуваат сите цареви; нека Му служат сите народи;

12Јов 29,12зашто Тој избави беден кога вика и сиромав и беспомошен.

13Ќе го поштеди бедниот и сирома­ви­от и ќе го спаси животот на сиромаси­те;

14115,6од угнетувања и насилства ќе ги из­бави душите нивни, бидејќи е скапоцена нивната крв пред очите Негови.

15Нека поживее, па ќе Му даваат ара­бис­ко злато; и нека Му се молат не­прес­тајно, секој ден нека Го благословуваат;

16Ос 14,6-9; Амос 9,13Нека има на земјата жито во изобилство, до врвовите на горите; плодот Негов ќе се издига над Ливан, а во гра­довите луѓето нека се размножуваат ка­ко тревата по земјата,

171 Мојс 12,3Неговото име нека биде вечно: нека Му трае славата сѐ додека постои Сон­цето; и во Него нека бидат бла­гос­ло­ве­ни сите земни племиња, а и сите народи нека Го сметаат за блажен.

18Нека е благословен Господ Бог, Бог Израилев, Кој единствен прави чудеса;

19Авак 3,3и нека е благословено Неговото славно име довека, и со славата Негова нека се исполни целата Земја! Амин и амин!

20Завршија молитвите на Давид, Јесеевиот син.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help