Естира 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Гозбата кај царот Ксеркс

1 Езд 4,6-24Во втората година од царувањето на Артаксеркс Велики, а во првиот ден од месецот нисан, сон виде Мар­до­хеј, синот Јаиров, Семеев, Кисеев, од Ве­нијаминовото колено.

Овој Јудеец, кој живееше во градот Суза, беше го­лем човек, а служеше во царскиот дво­рец.

Тој беше еден од плениците, кои Навуходоносор, вавилонскиот цар, ги беше запленил во Ерусалим со јудеј­ски­от цар Јехонија.

А сонот му беше ва­ков: страшен шум, грмотевица, зем­јо­трес и немир по земјата.

А, ете, излегоа две големи змии подготвени да се борат една со друга.

Нивната борба беше голема, а по нивната борба сите народи се подготвија за војна, за да за­во­јуваат против народот на праведните.

Потоа настана ден на темнина и мрак, скрб и притисок, страдање и го­лем немир по земјата.

Се вознемири сиот народ на праведните и, плашејќи се од зло за себеси, се подготвија за за­ги­нат и повикаа кон Господ.

Од нив­ниот повик надојде како од мал извор, голема река со многу вода.

Се појави светлина и огреа сонце, се изгдигнаа по­низните и ги истребија силните и горде­ли­вите.

Мардохеј, откако се разбуди од тој сон, кој го покажуваше она што Бог сакаше да го изврши, го задржа со­нот во срцето и посака да го разбере во сите негови делови до другата ноќ.

Мардохеј живееше во дворецот заедно со двајца царски евнуси, Гават и Тара, кои го чуваа дворецот,

и кога ги слушна нивните разговори и се рас­праша за нивните намери, дозна дека тие се готват да стават рака врз царот Артаксеркс, па му јави за нив на царот.

А царот ги распраша двајцата евнуси и откако сѐ признаа, беа погубени.

Царот го запиша тој настан за спомен. Тој настан го запиша и Мардохеј.

И царот му нареди на Модехај да служи во дворецот, и му даде и подароци за тоа.

Пред царот тогаш беше славен Аман, синот на Амадат Вугеецот. Тој настојуваше да му нанесе зло на Мардохеј и на неговиот народ заради двајцата царски евнуси. Потоа, за време на владеењето на Ксеркс, – оној Ксеркс кој царуваше над сто дваесет и седум области од Индија до Етиопија, –

25 Мојс 17,18; 4 Цар 11,19; Дан 8,2; Неем 1,1; 2 Лет 7,18во тоа време, кога царот Ксеркс се­деше на својот царски престол што е во престолнината Суза,

35,4.5.6.8; 5,12.14; 7,1.2.7.8; 8,9; 9,3во третата година на своето царува­ње, тој приреди гозба за сите свои кне­зо­ви и слуги, за главните војводи на персиската и на мидиската војска и на своите обласни управници,

4покажувајќи ги во текот на цели сто и осумдесет дена големото богатство на царството свое и големиот сјај на своето величие.

5Откако завршија тие денови, царот приреди за народот свој, кој се наоѓаше во Суза, од најголем до најмал, седум­днев­на гозба во тремот на градината на царскиот дворец.

6Бели памучни и виолетови волнени завеси, прицврстени со ленени и пурпурни врвци, за сребрени алки, висеа на мермерните столбови. Имаше златни и сребрени легла послани на подот, од зе­лен, бел, жолт и црвен мермер.

7Напивките се служеа во златни раз­но­образни чаши; а царско вино имаше во изобилие, според богатството на ца­рот.

8Пиењето беше слободно: без при­си­лување, бидејќи царот им беше запо­ве­дал на сите свои управници на домот да постапуваат според волјата на секој.

9И царицата Астина исто така приреди гозба за жените во царскиот дом на царот Ксеркс.

Неволјата на царицата Астина

10 Суд 16,25; 1 Цар 25,36; 2 Цар 13,28; 3 Цар 21,7; Изреки 15,15; Проп 9,7 На седмиот ден, кога срцето на ца­рот се развесели од виното, тој им рече на Мехуман, Бизета, Харвона, Бигетај, Авагета, Зетар и Каркас – седум евнуси, што служеа пред царот Ксеркс,

111 Мојс 24,16; 26,7; 2 Цар 11,2да ја доведат царицата Астина пред царевото лице со царски венец за да им ја покаже нејзината убавина на народи­те и на кнезовите, зашто таа беше мно­гу убава.

123,5; 5,9; 7,7Но царицата Астина не сакаше да дојде според царевата наредба, со­оп­штена преку евнусите.

13Дан 2,2.27; 5,7Царот многу се разгневи, и јароста пламна во него. И им рече царот на мудреците, кои ги познаваа пора­неш­ни­те времиња, зашто царските дела се раз­гле­дуваа пред сите што знаеја закон и правда,

144 Цар 25,19а негови најблиски тогаш беа: Кар­шена, Ситар, Адмата, Тарсис, Мерес, Марсена, Мемухан – седум персиски и мидиски кнезови, кои седеа до царот на прво место:

15„Како да постапиме според законот со царицата Астина, поради тоа што не го исполни зборот на царот Ксеркс, соопштен преку дворјаните.“

16Тогаш рече Мемухан пред лицето на царот и на кнезовите: „Не само пред царот е виновна царицата Астина, туку и пред сите кнезови и началници цар­ски;

17зашто постапките на царицата ќе ги дознаат сите жени и ќе почнат да ги запоставуваат мажите свои и да говорат: ‚царот Ксеркс заповедал да ја доведат пред него царицата Астина, но таа не отишла.‘

18Сега персиските и мидиските кне­гињи, кои ќе чујат за постапката на ца­рицата, ќе им го кажат тоа на сите цар­ски кнезови; и ќе има горделивост, а и големи караници.

198,8; 1 Цар 15,28; Дан 6,8.12Ако му е на царот угодно, нека из­даде царска заповед што ќе се запише во персиските и мидиските закони и да не се менува: дека Астина нема да из­ле­гува веќе пред лицето на царот Ксеркс, а нејзиното царско достоинство царот да го предаде на друга, подобра од неа.

20Кога ќе чујат за таа царска заповед, која ќе се разнесе по целото негово цар­ство, колку и да е големо, сите жени ќе ги почитуваат мажите свои, од најголем до најмал.“

212,4Тие зборови му се допаднаа на ца­рот и на кнезовите: и царот постапи според зборовите на Мемухан;

22па испрати до сите царски области писма, напишани за секоја област со писмото нејзино и за секој народ на ја­зикот негов: секој маж да биде господар на домот свој, и тоа да му се објави на секого на неговиот роден јазик.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help