2 Царства 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Авесалом тежнее да ја добие моќта

1Потоа Авесалом си набави коли и коњи и педесет брзоодци.

219,9; 5 Мојс 21,19; Рута 4,1.11Авесалом стануваше изутрина рано, се запираше крај патот покрај портите и, кога некој имаше поплака и одеше кај царот на суд, тој го повикуваше и го прашуваше: „Од кој град си?“ И кога оној одговараше: „Од тоа и тоа Изра­илево племе е твојот слуга“,

3тогаш Авесалом му велеше: „Ете, твоето дело е добро и праведно, но кај царот нема кој да те ислуша.“

4И Авесалом уште велеше: „О, да беа ме поставиле мене за судија во оваа земја! Кај мене би доаѓал секој, кој има спор и поплака, и јас би судел по правда.“

53 Цар 1,16.31.53; 2,19И кога некој ќе се доближеше да му се поклони, тој ја протегаше раката и го прегрнуваше и го бакнуваше.

6Така постапуваше Авесалом со секој Израилец, кој доаѓаше кај царот да се суди, и навлегуваше Авесалом во срцата на Израилците.

75 Мојс 23,21Откако изминаа четириесет години од царувањето на Давид, Авесалом му рече на царот: „Да одам и да го исполнам мојот завет што Му го бев дал на Господ во Хеврон.

813,37-38; 1 Мојс 28,20-22Зашто јас, твојот слуга, кога живеев во Гешур, во Арам, ветив: ако Господ ме врати во Ерусалим дека ќе Му принесам жртва на Господ.“

91 Цар 1,17; 20,42; 4 Цар 5,19; Мк 5,34; Лк 7,50; Дела 16,36А царот му рече: „Оди со мир.“ И тој стана и отиде во Хеврон.

10А Авесалом испрати тајни гласници меѓу сите израилски племиња, ве­лејќи: „Кога ќе чуете звук од труба, велете: ‚Авесалом стана цар во Хев­рон.‘“

113 Цар 1,41.49Од Ерусалим отидоа со Авесалом двесте души што ги беше поканил, и тие отидоа простодушно, без да знаат, каква е работата.

1215,31; 3 Цар 1,9.19.25; 1 Лет 27,33; Пс 3,1-8Авесалом испрати да го повикаат гилонецот Ахитофел, Давидов советник, од неговиот град Гилон, додека тој принесуваше жртви. И започна голем заговор и народот се собираше и се умножуваше околу Авесалом.

Давид бега од Ерусалим

13 15,6; Суд 9,3 И дојде разузнавач при Давид и ре­че: „Срцето на Израилците се сврте кон Авесалом.“

14Тогаш им рече Давид на сите свои слуги што беа при него во Ерусалим: „Станувајте да бегаме, зашто за нас нема спас од Авесалом; брзајте да изле­земе да не нѐ затече и нѐ фати да не ни навлече зло и да го разори градот со сечилото на мечот.“

15Царските слуги му рекоа на царот: „За сѐ што ќе заповеда нашиот господар, царот, ние сме твои слуги.“

1616,21-22; 20,3Па излезе царот и по него сиот дом негов пешки. Царот остави десет свои наложници да ја чуваат куќата.

17И излезе царот и сиот народ пешки, и застанаа кај последната куќа.

188,18; 1 Цар 21,10И сите слуги негови врвеа од двете страни негови, и сите Керетијци, сите Пелетијци и сите Гетчани – до шестотини души што беа дошле заедно со него од Гет, одеа пред царот.

1918,2И царот му рече на Гетчанецот Итај: „Зошто си тргнал и ти со нас? Врати се и остани со оној цар, бидејќи ти си туѓинец и си избегал од својата земја.

20Ти си дошол вчера, а денес ќе те терам да одиш со нас ли? Јас одам, каде што можам; врати се и врати ги со себе и браќата свои; Господ нека ти подари милост и правда!“

21Рута 1,16-17; Лк 22,33А Итај му одговори на царот и рече: „Жими Господ, и жими мојот гос­подар, царот; каде и да биде мојот господар, царот, жив или мртов, таму ќе биде и твојот слуга.“

22Тогаш Давид му рече на Итај: „Дој­ди, пак, и оди со мене.“ И тргна Гет­чанецот Итај и сите луѓе негови и сите деца што беа со него.

233 Цар 2,37; Јн 18,1И целата земја плачеше на висок глас. И сиот народ минуваше, и царот го мина потокот Кедрон; и тргна сиот народ и царот по патот кон пустината.

248,17; 20,25; 1 Цар 22,20Ете, и свештеникот Садок и заедно со него сите левити го носеа ковчегот на Божјиот завет, и го оставија Божјиот ковчег, а Авијатар пак стоеше на висо­чината, додека сиот народ излезе од градот.

25Пс 26,4; 42,3; 84,1-2И царот му рече на Садок: „Врати го Божјиот ковчег во градот (и нека стои на местото свое). Ако најдам ми­лост пред очите на Господ, Тој ќе ме врати и ќе ми даде да Го видам Него и Неговото живеалиште.

261 Цар 3,18Ако, пак, Тој каже: ‚Немам кон тебе благонаклоност‘, тогаш, ете ме; нека прави со мене она што ќе Му се види дека е добро.“

273 Цар 1,42И му кажа уште царот на свеш­теникот Садок: „Гледаш ли, – врати се во градот со мир заедно со син си Ахи­маац и со Авијатаровиот син Јонатан, двајцата ваши синови;

2817,16гледате ли, јас ќе се позабавам по рамнината во пустината, додека ми стигне известување од вас.“

29Садок и Авијатар го вратија Бож­јиот ковчег во Ерусалим и останаа таму.

3019,5; Ер 14,3-4; Ест 6,12А Давид тргна кон Елеонската Планина, искачувајќи се плачеше; гла­вата му беше покриена, и тој одеше бос; и сите луѓе што беа со него, ја покрија секој својата глава, одеа и плачеа.

3116,23; 17,14.23Му јавија на Давид и рекоа: „И Ахитофел е меѓу заговорниците со Авесалом.“ И рече Давид: „Господи, Боже мој, осуети го советот на Ахито­фел.“

321,2; Ис.Н. 7,6; 1 Цар 4,12; 4 Цар 18,37; 1 Лет 27,33Кога Давид се искачи на врвот од гората, каде што сакаше да Му се поклони на Господ, ете во пресрет му доаѓа Кушиј, Давидов прв пријател: облеката му беше раскината, и на главата имаше прав.

3319,36И Давид му рече: „Ако дојдеш со мене, ќе ми бидеш товар:

3416,18-19но, ако се вратиш во градот и му кажеш на Авесалом: ‚Царе, досега бев слуга на татко ти, а отсега натаму ќе бидам твој слуга‘, ти ќе можеш да го осуетиш за мене советот на Ахитофел.

3517,15-16Ете, таму со тебе ќе бидат свеш­тениците Садок и Авијатар, и секој збор што ќе го чуеш од домот на царот, соопштувај им го на свештениците, на Садок и на Авијатар.

3615,27; 17,17Заедно со нив таму се и двајцата нивни синови: Ахимаац, син Садоков, и Јонатан, син Авијатаров; по нив испра­ќајте ми ја секоја вест што ќе ја чуете.“

37Така, Кушиј, Давидовиот пријател, отиде во градот, а во тоа време Аве­салом влегуваше во Ерусалим.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help