2 Ездра 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Указ на царот Кир за обновување на храмот

1 1 Езд 1; 2 Лет 36,22.23 Во првата година од царувањето на Кир над Персија, за да се исполни зборот Господов од устата на Еремија,

2Господ го вдахнови персискиот цар Кир, и тој разгласи по целото царство свое усно и писмено: „Вака вели Кир, царот персиски: Господ Израилев, Гос­под на Височините ме постави за цар над светот и ми заповеда да Му изгра­дам дом во Ерусалим, што е во Јудеја.

3Ако има некој меѓу вас, кој е од Не­говиот народ, нека биде неговиот Гос­под со него, и нека оди во Ерусалим, што е во Јудеја, да Му гради дом на Гос­под Израилев, Тој е Господ, Кој живее во Ерусалим.

4И секому од вас, каде и да живее, не­ка му помогнат жителите од неговото родно место со злато и сребро, подарувајќи коњи и добиток и други ветени приноси за храмот Господов во Еруса­лим.“

Враќање на плениците и запленетите садови од храмот

5Се кренаа старешините на родовите од Јудиното и Венијаминовото племе, и свештениците, и левитите, и сите, чиј дух го поттикнаа Господ, да одат и да го градат домот Господов во Ерусалим;

6а оние што живееја во соседството со нив, им помагаа во сѐ: со сребро и злато, со коњи и добиток и со многу за­ветни дарови принесени од оние, чиј дух беше поттикнат.

71,41.54; Дан 1,2; 3,44 И царот Кир ги изнесе свештените садови Господови, кои Навуходоносор ги беше пренел од Ерусалим и поставил во своето светилиште.

86,18.20; 1 Езд 1,8 А откако ги изнесе Кир, царот персиски, му ги предаде на Митридат, својот ризничар, па преку него му беа пре­дадени на Сасавасар, кнез јудејски.

91 Езд 1,9.10 Нивниот број беше: изливки златни – илјада, изливки сребрени – илјада, сребрени кадилници – дваесет и девет,

101 Езд 1,11 златни чаши – триесет, сребрени – две илјади четиристотини и десет, и други садови – илјада.

11Сите пренесени садови, сребрени и златни, беа пет илјади четиристотини шеесет и девет. Сасавасар сѐ донесе на­зад во Ерусалим заедно со луѓето што беа во заробеништво во Вавилон.

121 Езд 4,7-24

1 Езд 4,9 А за време на владеењето на персискиот цар Артаксеркс, Бишлам и Митридат, Тавелиј и Раум, Веелтеем и пи­сарот Шимшај и други, што се беа договориле со нив, а живееја во Сама­рија и на други места, му го напишаа следното писмо:

132 Езд 2,20.23; 4,48; 6,29; 7,1; 8,67; 2 Мак 3,5„До царот-господар Артаксеркс, – твоите слуги Раум, летописец, и Шим­шај, писар, и други од нивниот совет, и судиите, што се во Келе-Сирија и Фе­никија,

14нека му биде сега познато на царот-господар дека Јудејците кои тргнаа од кај вас за кај нас, дошле во Ерусалим, и го градат тој бунтовен и порочен град, му уредуваат плоштади, ги обновуваат ѕидиштата и полагаат темели на хра­мот.

15И така, ако тој град се изгради, и ако му ги довршат ѕидовите, тогаш не само што нема да се согласат да пла­ќа­ат данок, туку и ќе се кренат против ца­ревите.

16И бидејќи веќе почна градењето на храмот, сметавме дека е добро да не го премолчиме тоа, туку да му јавиме на царот-господар, ако ти се чини дека е паметно да погледнеш во записите на твоите предци.

17Ќе најдеш што е запишано за тоа во летописните книги и ќе дознаеш дека овој град бил одметник и им создавал неволји на царевите и градовите, а Ју­дејците – одметници, вечно правеле за­говори во него. Затоа и бил опустошен овој град.

18И така те известуваме сега царе-господаре дека, ако се изгради овој град и се обноват ѕидиштата негови, за тебе нема да има премин кон Келе-Сирија и Феникија.“

Писмото на Артаксеркс за забрана на повторната изградба на храмот

19Тогаш царот им испрати писмен од­говор на летописецот Раум, на Веел­те­ем и на писарот Шимшај и на други­те, што се беа договориле со нив и кои жи­вееја во Самарија, Сирија и Феники­ја, со следнава содржина:

20„Го прочитав писмото што ми го испративте,

21и заповедав да се прегледаат книгите; и се покажа дека овој град одамна се бори против царевите, и луѓето во него креваат востанија и водат војни,

222 Езд 2,17.24; 4,48; 6,29; 7,1; 8,67; 2 Мак 3,5 и дека имало во Ерусалим силни и моќни цареви, кои владееле и собирале данок од Келе-Сирија и Феникија.

231 Езд 4,9 Затоа им заповедав сега да им за­бранат на тие луѓе да го градат тој град,

24и да се внимава, ништо повеќе да не се гради, така што делата на злонамерните нема да можат повеќе да ги обеспокојуваат царевите.“

25Откако го прочитаа писмото од ца­рот Артаксеркс, Раум и писарот Шим­шај и договорените со нив брзо тргнаа за Ерусалим со коњица и со го­лем број вооружени од народот, и поч­наа да ги спречуваат оние што градеа.

265,6 Така се запре градбата на еруса­лимскиот храм до втората година од ца­рувањето на Дариј, персискиот цар.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help