Мудрост Соломонова 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 Пс 38,4-6; Јов 7,9; 14,1-2; Проп 8,8 Оние што мислат неправилно, вака мудруваат во себеси: краток и жа­ло­сен е нашиот живот – човекот не мо­же да се избави од смртта; уште никој не познава таков човек кој ослободил не­кого од пеколот.

2Пс 101,3Случајно сме родени, а потоа ќе би­де како воопшто да не сме биле; дим е она што го дишеме, а зборот – искра од движењето на нашето срце.

3Кога душата изгасне, во пепел ќе се претвори телото, а духот ќе се загуби како редок воздух;

4Јов 7,9; 18,17-19; Проп 1,11; 2,16; 9,5со време ќе се заборави и нашето име, никој нема да си спомне за делата наши; животот наш ќе помине како трага од облак, ќе испари како магла гонета од зраците на сонцето и отеж­на­та од неговата топлина.

5Пс 38,6; 144,4; Јов 8,9; 14,2; Проп 6,12; 8,13; 1 Лет 29,15Зашто нашиот живот е како сенка кога ќе помине, од смртта за нас нема враќање: печатот е ставен и никој не се враќа.

6Ис 22,13; 1 Кор 15,32Затоа да се насладуваме од се­гаш­ни­те добра; да брзаме да се насладуваме со овој свет, како и во младоста;

7да уживаме во скапоцено вино и во мириси; пролетниот цвет на животот да не одмине покрај нас;

8да се овенчаме со ружи, пред ру­жи­те да свенат;

91,16; Ис 57,6никој од нас да не се лишува од учес­твото во нашата наслада, секаде да ос­тавиме траги од нашата радост: тоа е нашиот дел и нашето наследство.

102 Мојс 22,22; 3 Мојс 19,32; 25,35-37Да угнетуваме сиромав праведник, да не поштедуваме вдовици, да не почи­туваме старец со долгогодишни бели коси.

11Силата наша да биде закон на правдата, зашто она што е слабо – за ништо не е.

12Ер 11,19; 20,10-13; Мт 23; 26,3-4; Јн 5,16.18Да поставиме заседа за праведни­кот, зашто тој ни пречи и се противи на делата наши; нѐ прекорува за гревовите против Законот, нѐ хули за нашите гре­вови и за нашето воспитание;

13Мт 5,5; 11,27; Лк 22,70се фали дека Го познава Бога, чедо на Господ се нарекува.

14Кога е пред нас – тој е прекор на на­шите помисли. Тешко ни е да го гле­да­ме;

15Ест 3,8неговиот живот не е како животот на другите и патиштата негови се раз­лични од нашите;

16Мт 5,11; Јн 5,18за гадотија нѐ смета и бега како од нечистотија од нашите патишта; бла­жен го нарекува крајот на праведни­ци­те, се фали и Бога татко свој Го нарекува.

17Да видиме дали се вистински него­вите зборови, да разбереме каков ќе би­де неговиот крај.

18Пс 21,8; Мт 27,43зашто, ако праведниот е син Божји, него Бог ќе го заштити и ќе го избави од раката на непријателите.

19Ис 53,7; Мт 26,67-68; 27,12Да го искушаме со навреди и маки, за да ја испитаме неговата благопри­личност и да ја видиме неговата трпели­вост.

20Да го осудиме на срамна смрт, заш­то, според неговите зборови, имало кој да се грижи за него.

211 Мојс 1,26-27

Рим 1,21Така умуваа тие, но се измамија, зашто злобата нивна ги беше заслепила;

22тие не ги познаа тајните Божји, не чекаа награда за светост и не веруваа во наградите за чистите души.

231,13; 3,4; 1 Мојс 1,26; 1 Птр 1,4Бог го создаде човекот за нераспад­ливост и го направи слика на Своето вечно битие;

241 Мојс 3; Рим 5,12но поради завист од ѓаволот смртта влезе во овој свет, а неа ја доживуваат оние што му припаѓаат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help