Исаија 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Пророкување за пропаста на Египет

1 13,7; 5 Мојс 33,26; Пс 67,4; 104,3 Пророштво за Египет. Ете, Господ ќе седне на лесен облак и ќе дојде во Египет. И пред лицето Негово ќе затреперат идолите египетски, а ср­цето на Египет ќе се стопи во Него.

23,5; Мт 24,7; Мк 13,8; Лк 21,10Ќе вооружам Египќани против Египќани, – и ќе се бијат брат против брат и пријател против пријател, град со град, царство со царство.

38,19; 3 Мојс 19,31; Пс 54,9; Ер 46,26; Ез 30,10.11Духот на Египет ќе изнемошти во него, ќе ги разруши намерите негови, – и ќе прибегнат тие кон идоли и маѓес­ници, кон оние што повикуваат мртовци и кон бајачи.

4Ќе ги предадам Египќаните во ра­це­те на жесток владетел, свиреп цар ќе владее над нив, – вели Господ Бог Са­ва­от.

Маки за крајбрежјето на Нил

5 42,15; 50,2; Ер 51,36; Ез 30,12; Јов 14,11 И водите во морето ќе исчезнат, ре­ката ќе секне и ќе пресуши;

6реките ќе намалат, каналите египетски ќе станат малуводни и ќе се ису­шат; рогозината и трската ќе овенат.

72 Мојс 10,19; Јов 8,11Нивите крај реката, по бреговите на реката, и сѐ што е посеано крај реката – ќе се исуши, ќе биде развеано и ќе ис­чезне.

8Ос 4,3И ќе заплачат рибари, ќе викаат си­те што фрлаат јадици во реката, што поставуваат мрежа во водата, сите ќе бидат очајни;

9ќе се вознемират оние, што обработуваат лен и што ткаат бели платна;

10мрежите ќе бидат скинати, и сите што држат рибници за жива риба – ќе паднат со духот.

Беспомошни египетски водачи

11 30,4; 1 Мојс 41,8; 3 Цар 5,9; Ер 49,7; Мудр 17,7 Да! Се избезумија кнезовите цоански; советот на мудрите фараонови со­ветници стана безумен. Како ќе му ка­жете на фараонот: „Јас сум син на муд­реците, син на древните цареви?“

12Ер 2,28Каде се тие? Каде се твоите муд­ре­ци? Нека ти кажат тие сега; нека дозна­ат што определил Господ Саваот за Египет?

13Ер 2,16Се избезумија кнезовите цоански; се измамија кнезовите на Мемфис, го заведоа Египет водачите на неговите пле­миња.

1424,20; 28,7; 29,10; 1 Цар 16,14; 3 Цар 22,19-23; Ер 48,26Господ спроведе во нив зашеметен дух, – го доведоа Египет во заблуда во сите негови дела, како пијан кога по­вра­ќа.

159,13И нема да има во Египет такво де­ло, кое би можеле да го извршат главата и опашката, палмата и трската.

16Ер 50,37Во оној ден Египќаните ќе бидат како жени; ќе затреперат и ќе се уп­ла­шат од движењето на раката на Господ Саваот, што Тој ќе ја крене против нив.

17Земјата Јудина ќе стане ужас за Египет, кој се сеќава на неа, тој ќе за­тре­пери од решението на Господ Саваот, што го определил Тој за него.

Господ ќе ги благослови Египет, Асирија и Израил

18 65,16; Ер 12,16 Во оној ден пет града во египетската земја ќе говорат на ханански јазик, и ќе се колнат во Господ Саваот; едниот ќе се нарече град на сонцето.

19Во оној ден ќе има жртвеник на Господ среде египетската земја и спо­меник на Господ – во нејзините предели.

208,18; 2 Мојс 2,23Тој ќе биде знак и сведоштво за Господ Саваот во египетската земја, зашто тие ќе викаат кон Господ од угнетувачите, и Тој ќе им донесе спаси­тел и застапник, и ќе ги спаси.

212 Мојс 6,3; Ез 6,14; 13,14.21; 35,11И Господ сам ќе се јави во Египет; во тој ден Египќаните ќе Го познаат Господа и ќе принесат жртви и дарови, ќе Му дадат ветувања на Господ и ќе ги исполнат.

22Ос 6,1И ќе го порази Господ Египет – ќе го порази и ќе го исцели: тие ќе се об­ратат кон Господ – и Тој ќе ги чуе и ќе ги исцели.

23Во тој ден ќе има широк пат од Египет до Асирија; и Ашур ќе доаѓа во Египет и Египќани во Асирија; и Егип­ќани заедно со Асирците ќе Му служат на Господ.

241 Мојс 12,2; Зах 8,13Во оној ден Израил ќе биде трет со Египет и со Асирија; благослов ќе има на земјата,

255 Мојс 32,9; Пс 27,9која Господ Саваот ќе ја бла­гос­ло­ви, велејќи: „Благословен да е Мојот на­род – Египќаните, делото на рацете Мои – Асирците, и наследството Мое – Из­раил.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help