1 Царства 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Саул извојува победа над Амонците

1 Суд 21,8 И (По еден месец) дојде Амонецот Нахас и го опколи Јавеш Галаадски. И сите жители на Јавеш му рекоа на Нахас: „Склучи со нас сојуз, и ние ќе ти служиме!“

24 Мојс 16,14Но Амонецот Нахас им рече: „Ќе склучам сојуз со вас, но под услов, на секого од вас да му го извадам десното око и со тоа да нанесам срам врз целиот Израил.“

3Старешините на Јавеш му рекоа: „Дај ни рок од седум дена да испратиме пратеници по сите израилски области, и, ако никој не ни помогне, ќе ти се предадеме.“

430,4; 1 Мојс 21,16; Суд 2,4; 2 Цар 13,36И пратениците дојдоа во Гива Сау­лова и му ги раскажаа на народот гласно тие зборови; и сиот народ извика и заплака.

5А ете, Саул доаѓаше од нива по воловите свои и рече: „Што станало со народот, та плаче?“ И му ги кажаа збо­ровите на жителите на Јавеш.

6Суд 3,10; 6,34; 11,29; 14,6.19; 15,14И слезе Духот Божји врз Саул, от­како ги чу тие зборови, и силно се раз­гневи;

71 Мојс 15,10.17; Суд 19,29; 21,5.8.10; Ер 34,18па зеде два вола, ги исече на пар­чиња и ги испрати по сите израилски предели преку тие пратеници, објавувајќи дека така ќе биде постапено со воловите на секого што нема да тргне по Саул и по Самоил. И страв Господов падна врз народот, и тргнаа сите како еден човек.

8Суд 20,2Саул ги преброи во Безек, и се најдоа синовите Израилеви триста илјади и мажи Јудини – триесет илјади.

9И им рече на дојдените пратеници: „Вака кажете им на жителите на Јавеш Галаадски: утре ќе имате помош штом ќе припече сонцето.“ И пратениците отидоа и им јавија на јавешките жите­ли, и тие се зарадуваа.

1011,3И жителите на Јавеш му рекоа на Нахас: „Утре ќе ви се предадеме, и пра­вете со нас што сакате.“

112 Мојс 14,24; Суд 7,16; 9,43; 2 Цар 18,2Следниот ден Саул го раздели наро­дот во три групи, и тие се провлекоа среде логорот по утринската стража и до дневниот припек ги поразија Амон­ците; другите Амонци се распрснаа така што од нив не останаа ни двајца заедно.

1210,27; Лк 19,27Тогаш народот му рече на Самоил: „Кои беа тие што рекоа – ‚Та Саул ли ќе царува над нас?‘ – Дајте ги тие луѓе, и ние ќе ги убиеме.“

1319,5; 2 Цар 19,21-22Но Саул рече: „Денес не треба никој да се убие, зашто денес Господ из­врши спасение во Израил.“

1410,25И Самоил му рече на народот: „Да одиме во Гилгал и таму одново да го осветиме царувањето.“

15И сиот народ отиде во Гилгал и го поставија таму Саул за цар пред Господ, во Гилгал, и принесоа таму жртви за благодарност пред Господ. И се прове­селија таму многу, Саул и сите Из­раилци.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help