Сирахова 20 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 22,6 Многу е подобро да изобличиш, отколку тајно да се лутиш; (а кој насамо изобличува, од штета ќе се претпази).

2Колу е убаво кога изобличениот се покае!

3И кој признава, заштитен е од по­ни­жување.

430,20Каков што е скопецот што сака де­вица да обесчести, таков е и оној што сака правда преку насилство.

5Изреки 17,28Некој молчи и се покажува мудар; а некого го мразат поради многу зборување.

6Изреки 15,23; Проп 3,7Некој молчи, зашто нема што да од­говори, а некој молчи, чекајќи погоден час.

71,24Мудар човек молчи до вистинскиот час, а суетниот и неразумниот не чекаат згода.

8Изреки 10,19Кој премногу зборува, здодевен ста­нува, а кој си присвојува право да го­вори, – намразен ќе биде.

Спротивности

9Некој во злото добро наоѓа, а некогаш придобивката загуба станува.

1012,2Има дар што не ти е корисен, а има и дар што двојно се исплатува.

11Пс 146,6; Јов 5,11; Лк 1,52Има слава што понижување дава, а понижениот високо кренал глава.

127,3; 40,8; Изреки 6,31Некој со малку купува многу, а се­пак плаќа за него седумпати повеќе.

13Мудриот го сакаат заради неговите зборови, а ласкавоста на неразумните е празна.

14Дар од безумен не ти е на корист; зашто неговите очи бараат многу по­ве­ќе за враќање;

1518,18; Мт 6,2; Јк 1,5Тој малку дава, а многу зборува: ќе отвори уста, ќе кажува на сите. Денес на заем дава, а утре го бара она што го дал. Омразен е таквиот човек (и пред Бога и пред луѓето).

16Неразумниот вели: „Немам пријател, нема благодарност за добрините што ги правам;

17лебот мој го јадат, но со јазикот се лукави.“ Колкупати и колкумина со не­го се подбиваат!

Да не се зборува непромислено

18 19,5-12 Подобро да се препнеш на патот, отколку со јазикот. И така ненадејно пропаста на лошите им доаѓа.

19Непријатниот човек е незгодна при­казна, која е секогаш во устата на не­у­ките.

20Изреки 26,7.9Мудрата изрека е одвратна во устата на глупавиот, зашто ја кажува кога не треба.

2119,28Некој се воздржува од грев поради сиромаштија, во неговиот спокој нема грижа на совест.

224,21Некој ја загубува својата душа поради лажна срамежливост, ја загубува од ли­цемерност пред безумен.

23Некој од срам на пријателот ветува­ње му дава; и така без потреба непријател го прави.

2420,26; 41,17; Изреки 12,22; 13,5Лош порок кај човекот е лагата; таа секогаш е во устата на неуките.

257,13И крадецот е подобар од оној кој по­стојано лаже, но и обајцата ќе наследат гибел.

26Лагата е срамна навика; срамот е постојан придружник на лажливците.

Изреки за предностите и должностите на мудриот

27 4,11-15; 8,8 Кој мудро говори, тој ќе се издигне; умниот им е мил на големците.

28Изреки 14,35Кој својата земја добро ја обработува, богата жетва жнее, а кој знае на го­лемците да им угодува – во случај на не­правда, ќе биде помилуван.

292 Мојс 23,8; 5 Мојс 16,19; Изреки 21,14Гозбите и подароците ги заслепува­ат очите на мудрите; како узда во устата – ги сопираат изобличувањата.

3041,14-15; Мт 5,14-16; 13,52; 25,25; Лк 11,33Каква полза има од сокриена муд­рост и од неоткриено богатство?

31Подобар е оној што ја сокрива својата глупост, од оној што ја сокрива својата мудрост.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help