Исаија 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 17,1-9; Ис.Н. 20,7; Мт 4,13-16 Но нема секогаш да има мрак таму, каде што сега тој е згустен. Пора­нешното време ја понизи земјата Заву­лонова и земјата Нефталимова; но по­доцнежното – ќе го возвеличи крајмор­скиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечка Галилеја.

Крај на војните

2 Мих 7,8; Лк 1,78-79; Јн 8,12; Ефес 5,8 Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина.

326,15; Пс 4,7; 118,162; 125,6; 131,9Ти ќе го умножиш народот, ќе ја зголемиш радоста негова. Тој ќе се ве­сели пред Тебе, како што се веселат за време на жетва, како што се радуваат при делење на плен.

410,26-27; 14,5.25; Суд 7,15-25; Ер 30,8Зашто јаремот, кој му тежеше, и жезолот што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач – Ти ќе ги скршиш, како во денот на Мидјан.

5Ез 39,9; Пс 45,9; 76,4Зашто секоја војничка обувка во време на војна и облека, извалкана од крв, ќе бидат предадени на изгорување, за храна на огнот.

За Месијата

6 7,14; 1 Мојс 3,15; 49,10; 4 Мојс 24,17; Мих 5,1-3; Зах 9,9; Пс 109,2; Лк 2,11; Јн 3,16 Зашто дете ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог си­лен, Отец вечен, Кнез на мирот.

72 Цар 7,16; Пс 71,7; Лк 1,32-33; 2,14Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давид и во царството негово, за да го утврди Тој и да го зацврсти преку суд и правда от­се­га па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господ Саваот.

Казна за Израил

8 55,10-11; Ер 23,29 Господ му испраќа слово на Јаков, тоа слегува врз Израил,

95,19; Ос 7,10за да знае сиот народ, Ефрем и жи­телите на Самарија, кои со гордост и надуено срце велат:

10Мал 1,4; Изреки 16,18„Тулите паднаа, – ќе градиме со делани камења; смоквите се исечени, – ќе ги замениме со кедри.“

117,16Ќе се крене Господ против него и непријателите на Рецин, ќе ги вооружи непријателите негови;

125,25; 10,4; Ер 10,25; Мих 3,3; Авак 1,13; Изреки 30,14Арамејците откај исток, Фи­лис­теј­ците откај запад; ќе го голтнат Израил со полна уста. При сето тоа гневот Не­гов нема да се одврати и раката Негова ќе остане протегната.

1331,1; Ер 5,3-6; Ос 7,10-15; Амос 4,6-11; Соф 1,6Но народот не се обраќа кон Оној, Кој го бие и не прибегнува кон Господ Саваот.

1419,15; 5 Мојс 28,13.44Господ ќе му ја пресече на Израил главата и опашката, палмата и трската во еден ден:

1528,7; 30,10; Ер 14,14; Плач 2,14старецот и големецот – тоа е главата; а пророкот – лажниот учител, е опа­шот.

163,12Водачите на овој народ ќе го доведат во заблуда, а водените од нив ќе за­ги­нат.

17Ер 18,21Затоа Господ нема да ги поштеди момчињата негови, и нема да се смили над сираците негови и вдовиците не­го­ви; зашто сите тие се лицемери и зло­деј­ци, и устата на сите зборува нечесно. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова ќе остане протегната.

1833,11-12; Сир 21,9; Јк 3,6Зашто беззаконието како оган се разгорело, голтнува глог и трн и гори во горските гасталаци, се креваат столбови од дим.

1910,6; 33,12Гневот на Господ Саваот ќе ја из­го­ри земјата, народот ќе стане како храна за огнот, човек нема да го пожали братот свој.

203,5; 49,26; Ер 19,9; Мих 7,5-6; Зах 11,9Ќе лапаат надесно – и ќе си останат гладни; ќе јадат налево – и нема да се наситат; секој ќе го јаде месото од своја­та мишка:

217,1Манасија – Ефрем, и Ефрем – Мана­сија, обајцата заедно – Јуда. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, и раката Негова ќе остане протегната.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help