Исаија 43 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог го избавува Својот народ

1 41,8.13-15; 44,2; Ер 30,10; Варух 5,4 А сега вака вели Господ, Кој те создаде, Јакове, и Кој те образувал, Израиле: не плаши се, зашто Јас те откупив, по име те повикав; ти си Мој.

248,10; Пс 65,12; 91; 1 Кор 3,15Преку води ли ќе минуваш – Јас сум со тебе; преку реки ли – тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори.

341,14; 45,14; 47,4; 3 Цар 10,1Зашто Јас сум Господ, Бог твој, Светецот Израилев, твојот Спасител; откуп за тебе го дадов Египет; Етиопија и Сева ги дадов за тебе.

4Ер 31,3Бидејќи си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ќе да­дам други луѓе за тебе, и народи за твојата душа.

58,10; 49,12; Ер 30,10; Зах 8,7; Пс 106,3; Варух 4,37Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; од исток ќе го доведам твоето племе и од запад ќе го соберам.

660,4.9На север ќе му кажам: дај; и на југ: не задржувај; доведи ги синовите Мои оддалеку и ќерките Мои – од краиштата земни,

7Јн 17,1-26секого, кој се нарекува со Моето име, кого сум го создал за Мое прос­ла­вување, што сум ги создал и направил.

Само Господ е Бог

8 42,18; Ер 5,21 Изведи го слепиот народ, иако има очи, и глувиот, иако има уши.

941,22; 45,20Нека се соберат сите народи заедно, нека се соединат племињата. Кој од нив го претскажал тоа? Нека соопштат што било во почетокот; нека доведат сведоци за да се оправдаат, за да може да се чуе и да се каже: „Вистина е!“

1041,4.8; 44,8; Јн 8,24.28; 15,16; Дела 1,8А Мои сведоци, вели Господ, сте вие и Мојот слуга, што го избрав, за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас: пред Мене немаше Бог, и по Мене нема да има.

1145,21; 51,12; 5 Мојс 32,39; Ос 12,10; 13,4; Дела 4,12Јас, Јас сум Господ, и нема Спа­си­тел освен Мене.

1244,8; Дела 1,8Јас предреков и спасив, однапред претскажав кога туѓ бог немаше меѓу вас, вие сте Мои сведоци дека Јас сум Бог – вели Господ;

1341,4; Јов 23,13од почетокот на дните Јас сум ист, никој не избавува од раката Моја; Јас ќе направам, и кој ќе го измени тоа?

Господ го подготвува патот

14 41,14 Така вели Господ, вашиот Ис­ку­пи­тел, Светецот Израилев; заради вас ис­пратив во Вавилон и ги исфрлив сите резиња на затворите и Халдејците, кои се гордееја со кораби.

1541,21; 44,6; 3 Мојс 19,2Јас сум Господ, вашиот Светец, Создателот на Израил, вашиот Цар.

1640,3; 2 Мојс 14,21-29; Авак 3,15; Пс 76,19; Мудр 14,3Така вели Господ, кој отвори во мо­рето пат, по разбранувани води – патека.

1740,26; 42,3; Пс 75,6Кој изведе бојни коли и коњи, вој­ска и сила; сите паднаа заедно за да не станат; угаснаа, како фитил согореа.

Заборавете го минатото

18 65,17; Ер 23,7-8 Но вие не се сеќавате за по­ра­неш­ното и за некогашното не помислувате.

1911,16; 42,16; 49,11; Пс 104,41; 2 Кор 5,17; Откр 21,5Ете, Јас правам нешто ново; еве сега ќе се јави; зар и тоа не сакате да го знаете? Ќе направам пат низ степи, реки – преку пустина.

2035,6-7; 49,10; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,11; Пс 106,35Полските ѕверови ќе Ме прослават, чакали и ноеви, зашто ќе им дадам вода во пустината, реки – во суви степи, за да го појам Мојот избран народ.

211 Птр 2,9Народ што го создадов за Себе, за да ја разгласува славата Моја.

22А ти, Јакове, не Ме повикуваше: ти, Израиле, не се трудеше за Мене.

23Амос 5,25Не си Ми ги принесувал своите јагниња за сепаленица, ниту си Ме почи­тувал со жртвите свои. Не сум те при­нудувал да Ми служиш со приноси и не сум ти дотежнувал, барајќи од тебе да Ми кадиш.

24Ер 6,20Не си Ми купувал со сребро кадило, ниту си Ме наситувал со мрсно месо од жртвите свои; но со твоите гревови си Ме оптоварувал; со твоите беззаконија си Ми дотежнувал.

2544,22; 48,9-11; Пс 50,2; Мк 2,7; Лк 5,21А Јас, Јас Сам ги бришам твоите престапи заради Самиот Себе и гре­во­вите твои нема да ги спомнам.

26Ер 2,9Потсети Ме, заедно ќе се судиме; говори, за да се оправдаш.

2748,8; 1 Мојс 27,36; Ер 9,4; Ос 12,4Твојот прататко згреши, а твоите застапници отстапија од Мене.

2847,6; Ер 25,9Затоа настојниците на све­ти­лиш­те­то ги лишив од свештенство, Јаков го предадов на проклетство и Израил на подбив.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help