1 7,7-9; Ер 24,1 Вакво видение ми откри Господ Бог: ете, кошница со зрели плодови.
2Ез 7,2; Откр 14,15-18И ми рече Тој: што гледаш, Амосе? Одговорив: кошница со зрели плодови. Тогаш Господ ми рече: му дојде крајот на Мојот народ Израил – нема повеќе да му проштевам.
36,10Песните во храмот во оној ден ќе се претворат во плачење, вели Господ Бог; ќе има многу трупови, ќе ги фрлаат насекаде молчешкум.
Суд за Израил4 2,6-8; 4,1 Чујте го ова, вие, што газите бедни и уништувате сиромаси,
55 Мојс 25,13; Ис 1,13-14; Ос 12,7; Мих 6,10-11вие, кои велите: кога ќе мине новомесечието, за да продаваме жито, и сабота, за да ги отвориме житниците, да ја намалиме мерката, да ја зголемиме цената на шекелот и да измамуваме со лажни мерки,
62,6да купуваме сиромаси со пари и бедни за чифт сандали, и да продаваме застарено жито.
7Се заколна Господ во гордоста на Јаков: навистина нема никогаш да заборавам ниту едно од делата нивни!
81,1; 9,5Нема ли да се затресе земјата од тоа и нема ли да заплаче секој жител на неа? Таа целата ќе се подига како реката Нил и ќе се бранува и ќе се спушта како реката египетска.
9Јоил 2,2; Соф 1,15И во оној ден, вели Господ Бог, ќе направам сонцето да зајде напладне и ќе ја помрачам земјата среде бел ден,
10Ис 3,23; Ер 6,26; Ос 2,11; Зах 12,10; Тов 2,6; 1 Мак 9,41ќе ги претворам празниците ваши во тага и сите ваши песни – во плач; ќе ставам вреќишта на сите бедра и ќелавост – на секоја глава, и ќе создадам во земјата плач како за син единец, и крајот ќе ѝ биде како горчлив ден.
114,2; 5 Мојс 8,3; Мт 5,6Ете, настапуваат дните, вели Господ Бог, кога ќе испратам на земјата глад, не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање зборови Господови.
12Ос 5,6; Пс 73,9И ќе талкаат од море до море, ќе скитаат од север до исток, барајќи го словото Господово, и нема да го најдат.
13Зах 9,17Во оној ден ќе премираат од жед убавите девојки и момчиња.
14Ос 8,5Оние што се колнат во гревот самарјански и велат: жив е твојот бог, Дане, така да ни е жив и патот за Вирсавија! Тие ќе паднат и веќе нема да се кренат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
