Езекил 48 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поделба на земјата меѓу дванаесетте племиња

1А ова се имињата на племињата. На север, по патот што води од Хетлон за Хамат и Хацар-Енан, на ме­ѓата меѓу Дамаск и Хамат, сето тоа од исток па сѐ до морето е еден дел за Дан.

2А од границата на Дан, од север па до запад, тоа е еден дел за Асир.

3Од границата, пак, на Асир, од ис­точниот крај па до западниот, тоа е дел еден за Нефталим.

4До границата на Нефталим, од ис­точниот крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Манасија.

5До границата на Манасија, од исток до запад, тоа е еден дел за Ефрем.

6До границата на Ефрем, од ис­точ­ни­от крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Рувим.

7До границата на Рувим, од исток до запад, тоа е еден дел за Јуда.

Посебен дел на средината

8 45,3 А до границата на Јуда, од исток до запад, е свештениот дел, широк дваесет и пет илјади лакти и долг колку што се и другите делови, од исток па сѐ до за­пад. Во средината негова нека биде све­тилиштето.

9Делот што е посветен за Господ ќе биде долг дваесет и пет илјади лакти, а широк десет илјади.

10И тој свештен дел треба да им при­паѓа на свештениците, кој е од северната страна долг дваесет и пет илјади лак­ти, а откај морето – широк десет илјади, и откај исток – широк десет илјади, а откај југ долг ќе биде дваесет и пет ил­јади, додека спроти него нека биде пос­тавено светилиштето на Господ.

11Дајте им го тоа на свештениците од синовите на Садок, што Ми служеа вер­но, кога отстапуваа синовите Из­ра­иле­ви, но тие не отстапија од Мене, како што отстапија другите левити.

12Ним ќе им припадне тој дел од светата земја, Светињата над светињите во пределот на левитите.

13И левитите ќе добијат во свеш­те­ничкиот дел дваесет и пет илјади лакти надолж и десет илјади нашир; целата должина ќе е дваесет и пет илјади лак­ти, и ширина десет илјади.

143 Мојс 25,32-34Од тој дел тие не можат ни да продаваат, ниту да сменуваат; и првините од земјата не можат да ги пренесуваат на други, зашто тоа е светиња Гос­по­до­ва.

15А другите пет илјади лакти во ши­рина од дваесет и пет илјади и во дол­жина – пет илјади, ќе се определат за општа употреба на градот, за населби и за предградија; градот ќе биде во средината.

16Откр 21,16А еве ги мерките – од северната страна четири илјади и петстотини лак­ти, од јужната четири илјади и петстотини, од источната четири илјади и петстотини и од западната страна – четири илјади и петстотини.

17Предградието, пак, на градот ќе би­де двесте и педесет лакти од север, двес­те и педесет од исток, двесте и педесет од југ и двесте и педесет од запад.

18А она што ќе преостане од дол­жи­ната спроти свештениот дел – десет ил­јади спрема исток и десет илјади спрема запад, спроти свештениот дел, ќе биде земја, чии производи ќе служат за ис­храна на службениците во градот.

19Во градот ќе можат да работат работници од сите Израилеви племиња.

20Одвоениот дел од дваесет и пет ил­јади лакти во должина и дваесет илјади во ширина, четириаголен, определете го како свештен дел, вклучувајќи ги во него и владенијата на градот.

2134,24; 45,7А сѐ што ќе остане, да биде за кнезот. Како откај свештениот дел, така исто и откај владенијата на градот, спроти дваесет и петте илјади лакти до источната граница, на делот, и на запад спроти дваесет и петте илјади лакти на западната граница, сразмерно со сите делови е делот на кнезот, така што свештениот дел и светилиштето да би­дат во средината негова.

22А она што ќе остане од левитските владенија и од владенијата на градот во средината, ќе му припадне исто така на кнезот: меѓу границата на Јуда и меѓу границата на Венијамин.

Земјиште за другите племиња

23Остатокот, пак, од колената, од ис­точниот крај до западниот – е еден дел за Венијамин.

24До границата на Венијамин, од ис­ток до запад, ќе биде еден дел за Си­ме­он.

25До границата на Симеон, од исток па до запад, тоа ќе биде еден дел за Иса­хар.

26До границата на Исахар, од источ­ниот крај па до западниот, ќе е еден дел за Завулон.

27До границата на Завулон, од исток па до запад, еден дел за Гад.

28А до границата на Гад, од јужната страна, се протега јужниот крај од Та­мара до водите на Мерива во Кадис, по должината на потокот сѐ до Големото Море.

29Ете, тоа е земјата што со ждрепка ќе ја разделите меѓу Израилевите пле­миња, и тоа се деловите, вели Господ Бог.

Ерусалимските порти

30 Откр 21,12-13 А ова се излезите на градот: од се­ве­рната страна – четири илјади и петстотини мерки,

31и портите на градот се именувани со имињата на племињата Израилеви: од северната страна три порти – Ру­ви­мо­ва, Јудина, Левиева.

32И од источната страна – четири ил­јади и петстотини лакти, со три порти – Јосифова, Венијаминова, Данова.

33И од јужната страна – четири илјади и петстотини лакти, со три порти: Симеонова, Исахарова и Завулонова.

34Од страната на морето, пак, – чети­ри илјади и петстотини мерки, и три порти: Гадова, Асирова и Не­ф­та­ли­мо­ва.

35Ис 12,6; Ер 23,6; Јоил 3,21; Зах 8,3; Откр 3,12; 21,3; 22,3А обемот наоколу ќе изнесува осумнаесет илјади лакти. И градот од тој ден ќе се именува: „Господ е таму.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help