1 Изреки 8,23-25; 1 Мојс 1,1 Тој ми рече: „Од почетокот на создавањето на земниот круг и пред да бидат установени границите на светот, пред да дувнат ветровите;
24,7пред да се чујат гласовите на громот, пред да болскотат секавиците, пред да се утврдат основите на рајот;
36,44; Евр 12,22пред да се појават убавите цвеќиња, пред да се утврдат подвижните сили, пред да се соберат безбројните ангелски војски;
46,41; 1 Мојс 1,6.7; 1 Лет 28,2пред да се издигнат воздушните височини, пред да се одмерат размерите на небесниот свод, пред да се запалат огновите на Сион;
52,38; Мт 6,20пред да бидат истражувани годините, пред да бидат одделени оние што грешат сега и да бидат запазени оние што ја чувале верата како ризница,
6тогаш Јас помислив и сѐ создадов Самиот, а не преку друг; исто така од Мене ќе дојде и крајот, а не од некој друг.“
7Тогаш прашав: „Каква е поделбата на времето, и кога ќе биде крајот на она што е прво и почетокот на последното?“
81 Мојс 17,5; 1 Мојс 25,26; Ос 12,3Ми одговори: „Од Авраама дури до Исака, кога од него се родија Јаков и Исав, кога раката на Јаков ја држела петата на Исав.
9Крајот на овој век е Исав, а почетокот на идниот е Јаков.
10Раката на човекот е неговиот почеток, а петата – неговиот крај. За друго, Ездра, не прашувај ме.“
Знаци за крајот11 4,38; 4,44 Јас пак му одговорив и реков: „О, Господи Владетеле, ако сум придобил благодат пред Твоите очи,
125,1-13Ти се молам, покажи му го на Твојот слуга крајот на Твоите знаци, од кои ми покажа дел минатата ноќ.“
1310,33; Ез 2,1.2; Дан 8,18; 6,17; Дан 10,6Тој ми одговори и рече: „Стани на нозе и слушај го гласот, што ќе биде исполнет со шум,
146,29и ќе прилега на земјотрес, но местото, каде што стоиш, нема да се помести.
15Затоа, кога тој ќе говори, не вчудовидувај се; ќе говори за свршетокот, и ќе разберат основите на земјата.
163,18А бидејќи станува збор за нив, земјата ќе затрепери и ќе се расклати, зашто знае дека нивниот крај треба да се измени.“
1714,2; 6,13; Ез 1,24; 43,2; Откр 1,15; 14,2; 19,6Кога го чув гласот, станав на нозе и слушнав и, ете, гласот говореше, а шумот беше како шум од многу води,
185,56; 9,2и рече: „Еве, настануваат дни, кога Јас ќе почнам да се приближувам, за да ги посетам жителите на земјата;
19Ис 40,2кога ќе почнам да барам од оние, кои преку својата неправда предизвикаа неправедно голема штета и кога ќе се исполни мерката на понижувањето на Сион.
204,26; Дан 7,10; Откр 20,12А кога ќе се одбележи векот, што ќе почне да изминува, еве ги знаците што ќе ги покажам: книгите ќе се отворат пред лицето на небескиот свод, и сите заедно ќе видат;
21и едногодишни деца ќе проговорат со своите гласови, а бремени жени ќе раѓаат тримесечни и четиримесечни недоносенчиња, кои ќе останат живи и ќе зајакнат;
22посеани ниви одеднаш ќе се покажат како непосеани и полни житници ќе бидат одеднаш празни;
23Зах 9,14; Мт 24,31; 1 Кор 15,52; Амос 3,6потоа силно ќе затруби труба, и кога ќе ја чујат, сите веднаш ќе се уплашат.
245,9; Мт 24,30; Лк 21,26Тогаш пријатели ќе се вооружат против пријатели како непријатели; страв ќе ја опфати земјата заедно со нејзините жители, а жилите на сите извори ќе секнат и нема да течат.
25Мт 10,22; 9,8Секој, кој по сето ова, што ти го претскажувам, ќе остане жив, ќе се спаси и ќе го види Моето спасение и крајот на вашиот век.
268,19; 14,9; Мт 16,28; Мк 9,1; Лк 9,27; Јн 8,52; Евр 2,9; Мал 3,23.24И ќе видат избраните луѓе, кои не доживеале смрт од своето раѓање; ќе се измени срцето на живите и ќе се претвори во друго чувство,
27зашто злото ќе се уништи и лукавството ќе исчезне;
287,34; 7,34верата ќе расцути, расипаноста ќе биде победена; ќе се појави вистината, која толку време остануваше без плод.“
296,14Кога Тој говореше, јас го погледнав Оној, пред Кого стоев.
30А Тој ми рече: „Јас дојдов да ти го покажам времето на следната ноќ.
315,13.20; 13,56И така, ако се помолиш пак и ако постиш уште седум дена, повеќе ќе ти кажам од денот кога те чув.
3210,39; 13,54; 16,54; Дан 10,12Севишниот го слушна твојот глас; Силниот го виде твоето правилно дејствување, ја виде чистотата што си ја пазел од својата младост.
33Дан 9,23; 3 Езд 7,44Затоа ме испрати да ти го кажам сево ова и да ти речам: надевај се и не плаши се;
344,34; 5,44не брзај со првите времиња да мислиш за она што е суетно, за да не ти биде судено со таква брзина за последните времиња.“
ТРЕТО ВИДЕНИЕЗошто страда Божјиот народ35 5,20; 5,13.20 Потоа јас пак со солзи се молев и пак постев седум дена, за да ги завршам трите седмици, кои ми беа заповедани.
365,21; 7,15; 9,27А во осмата ноќ моето срце одново се вознемири, и јас почнав да говорам пред Севишниот,
375,21; 7,15; 9,27зашто духот силно се возбуди и душата моја се измачуваше.
381 Мојс 1,1; Сир 42,15Тогаш реков: „Господи, уште во почетокот на создавањето Ти говореше; во првиот ден Ти рече: нека биде небо и Твојот збор стана дело совршено.
391 Мојс 1,2; 3 Езд 7,30Тогаш се издигнуваше Духот, а темнината опфаќаше сѐ наоколу и тишина, немаше уште звук на човечки глас.
401 Мојс 1,3; Пс 134,7Тогаш Ти заповеда од Твоите сокровишта да излезе изобилната светлина, за да го покаже Твоето дело.
416,4; 1 Мојс 1,6Во вториот ден го создаде воздухот и небескиот свод и заповеда водата да се оддели и да има прегради меѓу водите, така што еден дел од нив да се издигне угоре, а другиот да остане долу.
426,51; 1 Мојс 1,9; 3 Езд 6,50.52Во третиот ден Ти заповеда водите да се соберат во еден седми дел од земјата, а шесте делови ги исуши, за да служат пред Тебе за сеење и обработување.
436,38Твојот збор излегуваше и веднаш се појавуваше дело;
441 Мојс 1,11; 6,3одеднаш се појавија безбројно множество плодови и разновидни, пријатни за вкусот, цвеќиња, непроменливи во својот вид, со неизречиво пријатен мирис; сето тоа беше создадено во третиот ден.
451 Мојс 1,14-16Во четвртиот ден Ти заповеда да се појави светлината на сонцето и на месечината и распоредот на ѕвездите.
46И им заповеда да му служат на човекот, кој требаше да биде содаден.
471 Мојс 1,20; 3 Езд 6,50.52Во петтиот ден Ти му рече на седмиот дел, каде што беше собрана водата, да произведе животни, птици што летаат и риби, што беше и извршено.
48Немата и бездушна вода, на знак од Бога, произведе животни, за да ги кажуваат сите родови Твоите чудесни дела.
49Јов 40,15; Пс 73,14Тогаш ти запази две животни: едното се нарекуваше Енох, а второто – Левијатан
506,42Ти го оддели едно од друго, бидејќи седмиот дел, каде што беше собрана водата, не можеше да ги собере заедно.
51Јов 40,15; 3 Езд 6,42; Пс 49,10На Енох му го даде едниот дел од земјата и го запази, за да им служи за храна на оние, на кои Ти сакаш и кога сакаш.
52Пс 73,14; 3 Езд 6,42а на Левијатан му го даде седмиот дел од водата и го запази, за да им служи за храна на оние, на кои Ти сакаш и кога сакаш.
531 Мојс 1,24А по шестиот ден Ти ѝ заповеда на земјата да произведе пред Тебе добиток, ѕверови и влекачи;
54Мудр 9,2; 1 Мојс 1,26а потоа го создаде Адам, кого го постави за господар на сите Твои созданија, од кого произлегуваме сите ние и народот, кој Ти го избра.
557,11; 8,44; 9,13Господи, сето ова го реков пред Тебе, зашто Ти си го создал овој свет за нас.
56Ис 40,17; Дан 4,32; Ис 40,15А за другите народи, кои произлегоа од Адам, Ти рече дека се ништо, дека се слични на плуканка и дека сето нивно множество Ти си го споредил со капки што капат од сад.
57Ис 40,17; Дан 4,32; 4,20; 5,28; Ест 5,2А сега, Господи, ете, тие народи, за кои Ти рече дека се ништо, управуваат со нас и нѐ проголтуваат.
582 Мојс 4,22; Ос 11,1; Сир 36,12А ние, Твојот народ, кого го нарече Свој првенец, Свој единороден и возљубен, сме предадени во нивните раце.
596,55; Пс 73,10Ако овој свет е создаден заради нас, тогаш зошто не добиваме наследство во светов? И до кога ќе биде ова?“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.