Исход 37 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ковчегот на заветот

1 30,6; 31,2; 39,35; 5 Мојс 10,3 И направи Веселеил од дрвото шитим ковчег, два и пол лакти долг, еден и пол лакот широк и лакот и пол висок;

237,11.26го опкова однатре и однадвор со чисто злато и му направи златен венец наоколу;

3излеа за него четири алки од злато за четирите негови агли: две алки за едната негова страна, и две за другата;

4направи лостови од дрвото шитим и ги опкова со злато;

5и ги спровре лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да може ковчегот да се носи.

626,34; 31,7; Евр 9,5Потоа направи капак од чисто злато: во должина – два и пол лакти; во ширина – лакот и половина.

7Ез 41,18Направи и два херувима од злато; ги направи исковани на двата краја од капакот;

8едниот херувим на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај; херувимите ги направи да се издаваат од обата краја на капакот.

9Евр 9,5И херувимите беа со раширени крил­ја, одозгора, и со крилјата свои го покриваа поклопецот – чистилиште, а со лицата свртени еден спрема друг, и насочени кон очистилиштето.

Трпезата со принесените пред Бога лебови

10 Евр 9,2 Направи и трпеза од дрвото шитим, со должина од два лакти и ширина од лакот, а лакот и половина во височина.

1137,2И ја опкова со чисто злато, и нао­колу ѝ направи златен венец;

12потоа ѝ направи страници наоколу, колку дланка широки, а по страниците ѝ направи златен венец.

13Излеа за неа четири алки од злато, и алките ги прицврсти на четирите агли при четирите нозе,

1437,27на страниците имаше алки, низ кои беа проврени лостови, за да може трпе­зата да се носи.

15А лостовите ги направи од дрвото шитим, за носење на трпезата, и ги покри со злато.

16Потоа направи садови од чисто злато, определени за трпезата: чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ќе се прелива.

Светилникот со седум стебла

17 Евр 9,2; Откр 1,12 Направи и светилник од чисто зла­то, кован го направи: стеблата и гран­ките, чашките, јаболчињата и цветови­те му излегуваа од него.

18Шест гранки му излегуваа од стра­ните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки на другата страна од светилникот;

19три чашки како бадемов цвет со ја­болче и цветови имаше на едната гранка, а три чашки како бадемов цвет со јаболче и цветови на другата гранка; та­ка беше на сите шест гранки што изле­гуваа од светилникот.

20А на самиот светилник имаше стеб­ло со четири чашки како бадемов цвет со јаболчиња и цветови:

21едно јаболче беше под двете гранки од него, и едно јаболче под другите две гранки од него; така и под третите две гранки од шест гранки што излегуваа од него.

2237,17; 4 Мојс 8,4Јаболчињата нивни и гранките нив­ни излегуваа од него; целиот беше искован од чисто злато.

2340,4.25И му направи седум кандилца, а и штипки и пепеларки од чисто злато;

24од кикар чисто злато го направи со сиот негов прибор.

Жртвеник за кадење

25 27,2; 30,34-36; Лк 1,11; Евр 9,4; Откр 8,3; 9,13 И направи жртвеник за кадење од дрвото шитим: лакот долг и лакот ши­рок, четириаголен, два лакти висок; и од него му излегуваа роговите;

26па го опкова со чисто злато одозгора и страните наоколу, а и неговите рогови; му направи и златен венец наоколу;

2737,14и две алки од злато му направи под венецот на двата агли негови, ги направи од двете негови страни, за да се спроврат низ нив лостовите, за да може да се носи.

2825,13Лостовите ги направи од дрвото шитим, и ги опкова со злато.

2931,11; 39,38И направи масло за свето помаза­ние и мирисно кадиво, чисто, со вешти­на на мироварец.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help