4 Царства 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Езекија го прашува за совет пророкот Исаија(Ис 37,1-7)

1 1 Мојс 37,34; 2 Цар 3,31; Ест 4,1 Кога го слушна тоа царот Езекија, ја раскина облеката своја, се покри со вреќиште и отиде во домот Господов.

2И ги испрати Елијаким, управникот на дворецот, писарот Севна и постарите свештеници, покриени со вреќишта, кај пророкот Исаија, синот на Амоц.

3Ис 37,3; Ос 13,13Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: ова е ден за жалост, за казна и за срам; зашто дојде часот да се родат децата, но нема сила за раѓање.

419,22-23.31; 5 Мојс 5,23; Ис.Н. 14,12; 1 Цар 17,26; 17,36.45; 3 Цар 19,18; Ер 10,10; 23,36; Пс 68,9; 84,3; Мт 27,44; Дела 23,4Можеби Господ, твојот Бог, ќе ги чуе сите зборови на аѓутантот, кого гос­подарот негов, асирскиот цар, го испра­ти да Го навредува живиот Бог и да Го укорува со зборови, какви што чу Гос­под, твојот Бог. Затоа помоли се за дру­гите, кои сѐ уште се живи.“

5Откако пратениците на царот Езе­кија му ја пренесоа пораката на царот на Исаија,

6тој им рече: „Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‚Не плаши се од зборовите што ги слушна, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘

7Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе вест, и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го поразам со меч во неговата земја.“

Сенахирим повторно се заканува(2 Лет 32,17; Ис 37,8-13)

8Тогаш царскиот аѓутант слушна дека неговиот господар го напуштил Лакиш, па се врати и го најде како војува со Ливна.

92 Лет 32,16-20; Ис 37,9-20Потоа царот слушна и за етиопскиот цар Тирхака, за кого му рекоа: „Ете, тој излезе да се судри со тебе,“ и повторно испрати пратеници кај Езе­кија да му кажат:

10„Вака кажете му на јудејскиот цар Езекија: ‚нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејќи дека Еруса­лим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘

11Зар не си чул што направија асир­ските цареви со сите земји, уништувај­ќи ги наполно, – та ти ли ќе се избавиш?

12Дали боговите ги спасија овие народи што ги сотреа моите предци? Го спасија ли Гозан, и Харан, и Рецеф и луѓето на Еден, кој е во Таласар?

13Каде е царот на Хамат, и царот на Арпад, и царот на градот Сефарваим, на Хена и на Ива?“

Молитвата на Езекија(Ис 37,14-20)

14Тогаш Езекија го зеде писмото од рацете на пратениците, го прочита, оти­де во домот Господов, и го објави Езе­кија пред лицето Господово;

151 Мојс 1,1; 2,4; 2 Мојс 31,17; Ер 32,17; Пс 113,23; 2 Лет 2,12; Дела 4,24; 14,15и се молеше Езекија пред лицето Господово и велеше: „Господи, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти си единствен Бог на сите земни царства. Ти ги создаде небото и земјата.

16Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сенахирим, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог!

17Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни,

185 Мојс 4,28; 32,17; Ер 2,11; 16,20; Ос 8,6и ги нафрлаа боговите нивни во оган, но тоа не беа богови, туку изра­ботки на човечки раце, – дрво и камен, затоа и ги истребија.

19И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од рацете негови, и сите земни цар­ства ќе познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог.“

Исаија го пренесува одговорот од Господ(Ис 37,21-35)

20 Ис 37,21-35 Тогаш Исаија, синот на Амоц, ис­прати да му кажат на Езекија: „Вака вели Господ, Бог Израилев: ‚го чув ова за кое ти Ми се молеше против асирскиот цар Сенахирим.‘

21Еве го словото што Господ го изре­че за него: Те презира, ти се потсмева девицата ќерка на Сион, зад твојот грб ќе ја заниша главата ќерката ерусалимска.

22Кого Го прекоруваше и навредуваше ти? И против Кого крена глас и толку високо ги крена очите? Против Светецот Израилев?

232 Цар 5,11; 3 Цар 5,19; Ис 14,8; Пс 19,7Преку твоите пратеници ти Го на­вредуваше Господа и велеше: – ‚со мно­гу коли се качив на горските височини, по ридовите на Ливан, ги исеков висо­ките кедри негови и прекрасните кипа­риси негови и стигнав до најоддале­ченото негово пристаниште, до гасталакот на градината негова;

24ископав и пиев туѓа вода, и ги пре­сушив со стапалата на нозете свои сите египетски реки.‘

25Зар не си чул дека Јас одамна сум го направил тоа, во древни времиња сум го преднацртал, а сега го исполнив пре­ку тоа што ти опустошуваш утврдени градови, претворајќи ги во купишта урнатини?

26И жителите нивни изнемоштеа, тре­перат и се срамуваат. Тие станаа како полска трева и кревка билка, како трева по покривите, препламната пред да узрее.

27Пс 138,2-3Кога седнуваш, кога излегуваш, или влегуваш, Јас сѐ знам; ја знам и дрскоста твоја против Мене.

28Твојот гнев против Мене и твојата дрскост достигна до Моите уши, па за­тоа ќе ја ставам алката Своја во твоите ноздри и уздата Своја во твојата уста, и ќе те вратам назад по истиот пат, по кој си дошол.

29И, еве ти знак: јадете го оваа година – самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови.

30И спасението во Јудиниот дом, пак ќе пушти корен одоздола и ќе даде плод озгора,

3119,4зашто од Ерусалим ќе произлезе остатокот, и спасеното – од гората Сион. Ревноста на Господарот на небес­ните сили ќе го направи тоа.

32Затоа вака говори Господ за асир­скиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него.

33По истиот пат, по кој дошол, ќе се врати, и нема да влезе во тој град, вели Господ.

34Јас ќе го пазам тој град за да го запазам за Себе и за Мојот слуга Давид.“

Заминување на Асирците, смртта на Сенахирим(2 Лет 32,21-22; Ис 37,36-38)

35 1 Мојс 19,13; 2 Мојс 12,23; 2 Цар 24,16; Ис 37,36-38; 2 Лет 32,21; Сир 48,21 И ова се случи во таа ноќ: ангел Господов отиде и во асирскиот логор уби сто осумдесет и пет илјади војници. Изутрината кога преживеаните станаа, тие ги видоа мртвите тела.

36Тогаш царот на Асирија Сенахирим тргна, се врати во Ниневија и таму остана.

37И додека се поклонуваше во храмот на својот бог Нисрох, неговите синови Адрамелех и Шарецер го убија со меч и избегаа во земјата Арарат. На негово место се зацари неговиот син Есар-Ха­дон.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help