1А не срамувај се, еве од што и со лицемерство не греши:
2не срамувај се точно да го исполнуваш законот на Севишниот, од заветот и пресуда строга да изречеш над безбожник;
3да се расправаш со другар и со туѓинец, ниту да го делиш наследството со други;
4од точни мерки и мерења, од мала или од голема придобивка;
530,1.12; 33,25.27; Изреки 29,19од чесност при купување и продавање, од строго воспитување на деца и од казнување до крв на лош слуга.
625,16.23.25; 26,7При љубопитна жена добро е да имаш печат, а каде што има многу раце, заклучувај.
741,21Ако даваш, давај со сметка и со мерење; бележи го и давањето и примањето.
8Изреки 10,13; 19,29; 26,3Не срамувај се да поучуваш глупав и неразумен и престарен што со млади се натпреварува. Тогаш ќе бидеш вистински воспитан и сите ќе те почитуваат.
Грижи на таткото кон ќерката9 7,24-25; 26,10-12 5 Мојс 24,1 Ќерката за таткото е постојана грижа; грижата за неа сонот му го прогонува: во младоста – немажена да не остане, а кога ќе се омажи – мажот нејзин да не ја намрази;
10додека е девица, да не биде измамена и да не забремени во таткова куќа; кога ќе се омажи – брачната верност да не ја наруши, а кога е веќе со мажот – да не остане неплодна.
116,4; 26,10Ако ќерката твоја е бесрамна, добро пази ја, срам да не ти донесе пред твоите непријатели; да не станеш за срам во градот и укор пред народот, пред луѓето да не те посрами.
12На човечка убавина не гледај и меѓу жени не седи.
13Како молецот што излегува од облеката, така лукавството излегува од жената.
14Проп 7,26-28Подобро е и лош маж, отколку лицемерна жена, која може да ве посрами во однесувањето.
Големината на Создателот15 1 Мојс 1,3; Јов 15,17; Мудр 9,1; Јн 1,3.10 Сега ќе ги спомнам делата Божји; што сум видел, за тоа ќе кажувам. Со зборови Господ ги создаде Своите дела:
16Пс 18,1Светлото сонце сите ги грее, неговото дејство со слава Божја е полно.
17Господ ни на ангелите не им дал сила да говорат за сите Негови чуда, кои Тој, Бог Седржителот ги создал, та врз нив да стои цврсто вселената, што ја создал во Своја слава.
1823,19; Јов 26,6; Изреки 15,11Тој проникнува во бездната и во срцето, ги знае сите нивни тајни; Господ го има сето знаење: знае сѐ што постои и сите знаци на времето.
19Ис 41,22Тој ги објавува минатото и иднината, ги открива трагите на она што е сокриено.
20Пс 138,1-4Ни една мисла не Го одминува; ни еден збор не е сокриен од него.
2118,6; Ис 40,13-14; Проп 3,14Тој ги создал големите дела на Својата мудрост; Тој живее од век во век.
22Тој не се зголемил ниту намалил; Тој не бара никаков советник.
2316,27-28Колку се пожелни Неговите дела, иако само како искри можеме да ги видиме.
24Сѐ живее и трае додека за сите потреби и сѐ на Него Му се покорува.
2533,14-15; Проп 3,1-8 А сѐ е двојно, едно спроти друго; ништо несовршено не создал Тој.
26Едно од друго е подобро; кој може да се насити, гледајќи ја Неговата слава?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.