Езекил 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израил ги жали кнезовите свои

1„А ти заплачи по кнезовите Израилеви.

2Ис 5,29; Наум 2,11; Зах 11,3И кажи: – каква лавица е твојата мајка? Се расположила меѓу лавовите, меѓу младите лавови, одгледува свои мали.

3И отхранила едно од своите млади, па тоа станало млад лав и се научило плен да лови, луѓе да јаде.“

44 Цар 23,33-34И чуја народите за него: бил фатен во неговата јама и во вериги однесен во земјата египетска.

5И откако почека и виде дека на­деж­та нејзина ѝ пропадна, таа зеде друго свое лавче и го направи млад лав.

6И тоа, кога стана млад лав, почна да оди меѓу лавовите и се научи плен да лови, и луѓе да јаде,

7ги осквернуваше вдовиците нивни и градовите нивни ги опустошуваше; па запусте земјата и сите нејзини населби од неговото рикање.

8Тогаш се подигнаа против него на­ро­дите од околните области и ја поставија мрежата своја; тој беше фатен во нивната јама.

94 Цар 24,8-17И го ставија во кафез, во вериги, па го одведоа во тврдината, за да не се слу­ша глас од него по планините израилски.

1017,5-10; Ис 5,1; Пс 1,3; 80,9-12Твојата мајка беше како лоза, по­са­дена покрај вода; плодовита и разгранета беше таа од многу вода.

1131,3И имаше кај неа прачки здрави за скиптар на владетел и високо се издигна со својот раст и меѓу густите прачки, па се истакнуваше во височината своја, со многуте свои ластари.

1217,10; Ер 31,28; Ос 13,15; Јн 15,6Но, во гневот таа беше откорната, фрлена на земја и источниот ветар го исуши плодот нејзин; откинати и ис­у­шени се нејзините силни прачки, оган ги проголта.

132,5А таа сега е пресадена во пустината, во земја сува и жедна.

1415,4И излезе оган од сплетот на гран­ки­те нејзини, ги проголта плодовите неј­зини и не останаа на неа здравите прач­ки за скиптар на владетел. Тоа е жална песна и ќе има плачење.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help