1 2,4; 15,9.13; 16,28; Мк 14,41; Рим 5,8; 8,35; Ефес 3,19 А пред празникот Пасха, знаејќи Исус дека Му дојде часот за да премине од овој свет кај Отецот, и бидејќи ги засака Своите во светот, до крај ги засака.
213,27; Мт 26,20; Мк 14,10.17-18; Лк 22,3.14И на вечерата, кога ѓаволот беше вметнал во срцето на Јуда Симонов Искариотски за да Го предаде,
31,1; 3,35; 16,27-28; Мт 11,27Исус, знаејќи дека Отецот сѐ Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека кај Бога се враќа,
4стана од вечерата, ја соблече својата горна облека, зеде крпа и се препаша;
512,3; Лк 7,44; 22,27потоа истури вода во сад за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата со која беше препашан.
6Дојде и кај Симон Петар, а тој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“
714,26Исус одговори и му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“
8Петар Му рече: „Никогаш Ти нема да ми ги миеш нозете!“ Исус му одговори: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене!“
9Симон Петар Му рече: „Господи, тогаш не само нозете мои, туку и рацете и главата!“
1015,3; 1 Јн 1,7Исус му одговори: „На измиениот треба само нозете да му се измијат, зашто целиот е чист, а вие сте чисти, но не сите.“
116,64.70-71Бидејќи знаеше кој ќе го предаде, па затоа и рече: „Не сте сите чисти.“
12А кога им ги изми нозете, ја облече облеката своја и седна пак на трпезата, па им рече: „Знаете ли што ви направив?
13Мт 21,3; 23,8.10Вие Ме нарекувате Учител и Господ; и право велите, бидејќи сум.
14Мт 20,28; Лк 22,27; 1 Тим 5,10; 1 Птр 5,5; 1 Јн 3,16Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да си ги миете нозете.
15Рим 15,1-7; Ефес 5,2; Фил 2,5; Кол 3,13; 1 Птр 2,21; 1 Јн 2,6Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас.
1615,20; Мт 10,24; Лк 6,40Вистина, вистина ви велам: нема слуга поголем од својот господар, ниту пратеник поголем од оној што го пратил.
17Мт 7,24-27; Лк 11,28; Рим 2,13; Јк 1,22.25Кога го знаете ова, блажени сте ако го извршувате.
186,70; 15,16; Пс 40,10; Ефес 1,4; 2 Сол 2,13Не го кажувам ова за сите вас, зашто Јас ги знам оние што ги избрав. Но нека се исполни Писмото: ‚Кој јаде леб со Мене, ја подигна петата своја против Мене.‘
1914,29; 16,4Отсега ви кажувам, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да поверувате дека сум Јас.
20Мт 10,40; Лк 9,48; 10,16; Гал 4,14Вистина, вистина ви велам: кој го прими оној што го праќам Јас, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме прати.“
Исус говори за својот предавник(Мт 26,20-25; Мк 14,17-21; Лк 22,21-23)21 11,33; 12,27 Штом го рече ова, Исус, потресен во духот, посведочи и рече: „Вистина, вистина ви зборувам дека еден од вас ќе Ме предаде.“
22Тогаш учениците почнаа да се погледнуваат еден со друг, не разбирајќи за кого зборува.
2319,26; 20,2; 21,7.20; Лк 8,51А еден од учениците, кого Исус го сакаше, беше се навалил на градите Исусови.
24Нему му даде знак Симон Петар да праша кој ли ќе е тој за кого што говори.
25Тој, пак, се навали на градите Исусови и Му рече: „Кој е Господи?“
266,71Исус одговори: „Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го подадам.“ И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариотски.
2713,2; Лк 22,3И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него. А Исус му рече: „Што ќе правиш, прави побргу!“
28А никој од оние што седеа на трпезата не разбраа зошто му го рече тоа.
2912,6Но, бидејќи Јуда го чуваше ковчежето, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни треба за празникот!“ или да раздаде нешто на сиромасите.
303,2; 9,4; 8,12; 12,35; Лк 22,53А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе. А беше ноќ.
Нова заповед31 12,23; 17,5; Мт 8,20 Кога тој излезе, Исус рече: „Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него.
321,14; 7,39Ако Бог се прослави во Него, и Него Бог ќе Го прослави во Себе, и наскоро ќе Го прослави.
337,33-34; 8,21Чеда, уште малку сум со вас. Ќе Ме барате и, како што им реков на Јудејците дека каде што одам Јас вие не можете да дојдете, и вам ви велам сега.
3415,12.17; 3 Мојс 19,18; 5 Мојс 28,9; Мт 19,17.19; Лк 10,26-27; 1 Кор 13,1; 1 Сол 4,9Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.
35Дела 4,32; 1 Кор 9,21; Гал 6,2; 1 Јн 3,14По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.“
367,35; 14,5; 16,5; 2 Птр 1,14Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус му одговори: „Каде што Јас одам, ти не можеш сега да дојдеш по Мене, но подоцна ќе дојдеш по Мене.“
37Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да одам по Тебе сега? Животот свој ќе го положам за Тебе.“
38Исус му одговори: „Животот ли ќе го положиш за Мене? Вистина, вистина ти велам: нема петел да запее, додека ти трипати не се одречеш од Мене!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.