1Книга за расказите на Товит, син на Товиел, син на Ананиил, син на Адуил, син Гаваилов, потомок на Асиил од племето Нефталимово,
2кој во деновите на асирскиот цар Саламансар беше заробен во Тишбе, кој се наоѓа десно од Кидиј Нефталимов, во Галилеја, над Асир.
Побожниот лик на Товит3 4,7-11; 12,8-9; 5 Мојс 10,12; 19,9; Јона 1,2 Јас, Товит, во текот на целиот мој живот одев по патот на вистината и правдата. И им правев многу добрини на моите браќа и на мојот народ, кој дојде заедно со мене во Асирската земја, во Ниневија.
45 Мојс 12,5-11; 3 Цар 11,13; 11,32.36Додека живеев во мојата земја, во земјата Израилева, уште како момче, тогаш целото колено на мојот предок Нефталим го напушти домот Давидов и Ерусалим, избран од сите израилски племиња за да се принесуваат жртви таму, каде што е осветен храмот за живеалиште на Севишниот и востановен меѓу сите поколенија засекогаш.
5Бидејќи сите племиња отстапија и почнаа да принесуваат жртви на Ваал и на јуницата, така правеше и домот на мојот предок Нефталим.
65 Мојс 16,16А само јас често одев во Ерусалим на празниците, како што му е заповедано на Израил со вечна заповед да носи од првините од плодовите, десеток од земните плодови и волна од првото потстрижување на овците.
74 Мојс 18,8.12; 5 Мојс 18,3-4Тоа им го давав на свештениците, синовите Аронови, за жртвеникот; десеток од сѐ што произведував им давав на Левиевите синови, кои служеа во Ерусалим; вториот десеток го продавав и секоја година одев во Ерусалим и го трошев таму;
85 Мојс 14,28-29а третиот им го давав на оние што им припаѓаше, како што ми заповеда Девора, мајката на мојот татко, кога останав сирак по смртта на татко ми.
94,12Кога станав маж, за жена ја зедов Ана од родот на мојот татко и со неа ми се роди Товија.
Во прогонство10А кога бев одведен во ропство во Ниневија, сите мои браќа и роднини од истото племе јадеа од храната на незнабошците,
11но јас ја пазев мојата душа и не јадев,
12зашто со сета моја душа си спомнував за Бога.
131 Мојс 39,4; Дан 2,48И Севишниот ми подари милост и благонаклоност кај Саламансар, и така станав негов снабдувач.
144 Цар 17,6Потоа отидов во Мидија и му предадов на Гаваил, синот Гавриев, во Рага Мидиска, десет таланти сребро – за да ги пази.
15Но, по смртта на Саламансар, се зацари неговиот син Сенахирим, а неговите патишта станаа опасни, така што јас не можев веќе да одам во Мидија.
16Во деновите на Саламансар јас им правев многу добрини на моите браќа:
174,16; Ис 58,7; Ез 18,7; Јов 31,16-20; Мт 25,35-36на гладните им го давав мојот леб, мојата облека на необлечените, а кога ќе видев некој од моето племе умрен и фрлен зад ѕидините на Ниневија, јас го погребував.
184 Цар 19,35-36; Ис 37,36-37Тајно ги погребував и оние што ги убиваше царот Сенахирим тогаш кога, натеран во бегство, се врати од Јудеја. Тогаш тој уби многумина во својот гнев. Ги бараше царот потоа нивните трупови, но не можеше да ги најде.
19Еден од Ниневијците отиде кај царот и го извести дека јас ги погребувам мртовците. Откако разбрав дека сакаат да ме убијат, се уплашив и избегав од градот.
20И го разграбаа целиот мој имот; ништо не ми остана, освен мојата жена Ана и мојот син Товија.
214 Цар 19,37; Ис 37,38; 2 Лет 32,21Но не изминаа ни педесет дена, кога царот го убија неговите два сина и избегаа во планината Арарат, а на негово место се зацари неговиот син Асархадон. Тој за началник над државната ризница и целата управа го постави Ахијахар, синот на мојот брат Анаил.
22Ахијахар се завзеде за мене и јас се вратив во Ниневија. Ахијахар беше и пехарник, а и чувар на државниот печат, и управител на домот и главен благајник. Асархадон го назначи повторно на тие должности, а Ахијахар беше син на мојот брат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.